• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

ПРОФИЛ НА ВЕЛЕДРОГЕРИЈАТА

профил на веледрогеријата

Веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ е модерна, иновативна, препознатлива, лојална, општествено-одговорна компанија од фармацевтската индустрија, којашто следејќи ги својата визија, развојната стратегија, професионалните вредности, уникатната бренд-политика, потребите на клиентите, барањата на соработниците, пазарните текови и бизнис климата, секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот. Водена од стремежот да остави белег на македонскиот фармацевтски пазар веледрогеријата посветено работи на спроведување на иновативни, рентабилни и одржливи практики, јакнејќи ја притоа својата позиција и бизнис перформанси.

Нејзиниот развоен пат започнува на 9 декември 2002 година во Скопје со материјализирање на полетниот ентузијазам, продуктивното визионерство, зацртаните цели, посветеноста, истрајноста и знаењето на Татјана Стерјева, дипломиран фармацевт и магистер по менаџмент на човечки ресурси, и нејзиниот тим, како продолжение на успешната приказна којашто започна две години претходно со отворањето на првата од ланецот аптеки со потписот на овој бренд. Развојот на ЕУРО-ФАРМ се одвиваше етапно согласно тековите и трендови во фармацевтската индустрија, потребите и барањата на клиентите, но и можностите и плановите на компанијата за постојан и долгорочен раст и напредок, прилагодувајќи се притоа на современите пазарни предизвици, модерните организациски тенденции и потрошувачки ориентираната стратегија. Оттука, постојаната заложба за развој на стабилна пазарна позиција и освојување на нови пазари, проследена со зголемување на конкурентноста, ефективноста и ефикасноста на компанија беше главен поттик за спроведување на неколку ISO стандарди за квалитет и професионално управување.

Континуирано инвестирајќи во модернизација и унапредување на своите капацитети, имплементирање на нови професионални, безбедносни и стандарди за квалитет, едукација на професионалниот кадар и промоција и приближување на светските новитети и практики на пазарот во земјава и регионот, веледрогеријата посветено гради професионални односи и партнерства со реномирани светски и домашни фармацевтски, медицински и козметички брендови. Следејќи го предизвикот секоја година на македонскиот фармацевтски пазар да пласира нови и квалитетни производи, но и да ги надградува постојните производни линии со новитетите на светските производители на лекови, додатоци во исхраната, дијагностичка опрема, медицински потрошен материјал, козметички препарати и декоративна козметика, веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ е ексклузивен застапник на 20 докажани фармацевтски брендови, увозник и дистрибутер за производите на Sanofi и Nobel Ilac, како и дистрибутер и маркетинг застапник на реномираниот швајцарски производител Roche за територијата на Република Македонија.

Согласно потребите на пазарот, барањата на клиентите и настојувањата на пациентите веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ со отворање на специјализирани продавници за ортопедски помагала и медицински препарати го продолжува и проширува своето успешно делување.

Раѓањето на Aqua Massage, првиот специјализиран ексклузивен салон за аква масажа во земјава, во којшто се обвистинува сонот за совршена масажа, значи реализирање на посветеноста и истрајноста светскиот квалитет да се преточи во македонска реалност.

Грижата за животната средина, квалитетот на живот, образованието, културните и спортски достигнувања, ја издвојуваат веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ како општествено-одговорена компанија којашто покрај за своите цели и барањата на клиентите и соработниците, препознавајќи ги потребите на заедницата, работи на промоција на позитивни вредности во општеството.

Потврда за успешното опстојување на веледрогеријата е нејзиното долгогодишно рангирање на листата на топ 200 најголеми и најуспешни компании во Република Македонија, врз основа на својата профитабилност, зголемена ликвидност, позиција на пазарот, внатрешна организација и други економски фактори.

Работејќи под мотото „Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје“ веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ како посветена, одговорна и сигурна компанија преку постојано вложување, развој и квалитетни производи и услуги, почитувајќи ја традицијата гради нови вредности како проверен и доверлив партнер на своите клиенти и соработници.  

Економски раст

Во изминатите 7 години веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ бележи континуиран просечен економски раст од 20 проценти.

Застапништва

Веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ е ексклузивен застапник и увозник на 20 реномирани светски фармацевтски, медицински и козметички брендови.

Дел од „200 Најголеми и Најуспешни“

На листата на топ 200 најголеми и најуспешни компании во Република Македонија веледрогеријата е рангирана на 81, односно 145 место.

Пријател на заедницата

Продолжувајќи ја долгогодишната традиција на вложување во општеството веледрогеријата е спонзор, покровител и партнер на бројни спортски, културни и научни настани и манифестации.

By using their knowledge of students and putting careful thought into the design of the seating chart letter of recommendation for nursing school admission the teacher can minimize negative interactions between students and take advantage of peer-peer learning strategies
error: Content is protected !!