Испреплетувајќи квалитет и традиција веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ постојано е насочена кон создавање и одржување на позитивна работна средина со професионален и високообразован кадар. Оттука, особено внимание се посветува на функционирањето на работното опкружување, во коешто преку навременост, истрајност, посветеност, искрена комуникација и тимска работа се реализираат целите, мисијата и визијата на компанијата.
Секоја апликација за вработување во веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ значи можност да се биде дел од модерна, иновативна, успешна компанија со континуиран раст и развој, дел од тим на професионалци кои со своето знаење, искуство и вештини соочувајќи се со новите предизвици постигнуваат врвни резултати.
Имплементирајќи ги најновите методи и стандарди во процесот на вработување и менаџирање со човечките ресурси, ЕУРО-ФАРМ дизајнира работни позиции што овозможуваат соодветно позиционирање, постојана обука, доедукација и внатрешни унапредувања.
Следењето на оваа веб-страница претставува можност за добивање брзи, навремени и точни информации за сите тековни отворени работни позиции.
Дискрецијата во процесот на барање и добивање на работа е столб на работењето на компанијата.
Коментирајте