• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ЕУРО-ФАРМ ПРИЈАТЕЛ НА ЗАЕДНИЦАТА

Во време кога успехот на компаниите се вреднува според посветеноста кон афирмирање на позитивни општествено-одговорни практики, наспроти економскиот профит и доминантната позиција на пазарот, веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ секојдневно работи на промоција на позитивни општествени активности, втемелувајќи ја грижата за општеството во примарните вредности на компанијата. Како еден од значајните чинители на македонското деловно опкружување ЕУРО-ФАРМ има обврска и одговорност да учествува во поставувањето на стандардите за континуиран и конзистентен општествен развој во интерес на заедницата во која делува и генерациите што доаѓаат.

Препознавајќи ги потребите на заедницата веледрогеријата, од една страна, се фокусира на откривање, охрабрување и поддршка на професионалните и личните капацитети и вештини на своите вработени преку подобрување на работните услови, иновативно, прагматично и етичко управување, и постојана едукација, додека од друга страна, се посветува на потребите и барањата на клиентите и соработниците обезбедувајќи квалитетни производи и услуги по најсовремени и најстроги стандарди. Соработувајќи со Црвениот крст на Република Македонија на различни акции и активности ЕУРО-ФАРМ ја истакнува својата хумана димензија, на што се надоврзуваат и бројни проекти со јавните здравствени установи, како и мноштво кампањи со различни невладини организации коишто се залагаат за превенција и градење на здрави животни навики. Како верен пријател на културата и спортот веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ е долгогодишен спонзор, покровител и партнер на многу спортски настани и манифестации.

Грижата за општеството продолжува да се надградува во секојдневното работење под мотото „Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје“.

РАКОМЕТЕН КЛУБ ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреварува во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на ракометната федерација на Македонија.

Од сезоната 2016/17 оваа екипа за првпат ќе се натпреварува во Супер лигата.

Од сезоната 2019/2020 Еурофарм Работник се натпреварува и во СЕХА Лигата, но, за прв пат е дел и од големите натпревари на Лигата на Шампионите како најпрестижна лига во која има место само за најдобрите.

Во состав на клубот работи и ракометната школа која моментало брои 115 дечиња на возраст од 7 до 14 години.

ЕУРО-ФАРМ е горд поддржувач на ракометниот клуб кој пред себе има голема и светла иднина.


Еурофарм со нова донација на новороденчињата во Општина Центар

Денес, во ООУ „Киро Глигоров“, градоначалникот Саша Богдановиќ, ги подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари на 70 баратели со новороденчиња од Центар.

Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар, а од минатата година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија кои на овие семејства им донираат пакети со производи и услуги.

Еурофарм, како општествено одговорна компанија, е дел од оваа кампања која радува многу семејства, и се надеваме дека во иднина ќе донесеме уште повеќе радост и насмевки.

На настанот, градоначалникот Богдановиќ им упати искрени честитки на родителите и се заблагодари на компаниите и здруженијата за нивната општествена одговорност, изразувајќи уверување дека, во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.

Интервју на м-р Татјана Стерјева, сопственичка и генерална менаџерка на „Еурофарм“

Интервју на м-р Татјана Стерјева во рамките на годишното издание на престижниот „Економист: Светот во 2020-та“, кој првпат излезе на македонски јазик.


Во 2020 година „Еурофарм“ ќе одбележи 20 години од својата успешна работа и постоење. Како ќе ги опишете овие години на работење и постојано напредување?

– Основањето и почетоците на „Еурофарм“ се должат пред сѐ на големиот ентузијазам, конкретни цели, издржани идеи, посветеност, истрајност во намерите. Нашата желба за напредок беше навистина голема и сериозна, а наедно беше и остварување на животниот сон – да им се понуди најдобрата фармацевтска грижа на пациентите во земјава.

Растот на брендот „Еурофарм“ одеше постепено и посветено, внимателно градејќи професионални односи и партнерства со реномирани светски и домашни фармацевтски, медицински и козметички брендови. На тој пат, да се изгради успешен и препознатлив фармацевтски бренд, значеше дека треба да бидеме подготвени на долг, понекогаш макотрпен, но процес на постојано вложување.

Бевме подготвени со потрошувачки ориентирана развојна стратегија и продуктивна визија. Нашата иновативност и посветеност ни овозможија континуирано да растеме и да опстојуваме на врвот. Откако ќе се позиционирате, следува борбата за одржливост на брендот.

За таа цел, неопходно е постојано следење, приспособување и прифаќање на новите трендови што се наметнуваат на пазарот. Тоа се трендови што ги задоволуваат потребите и барањата на пациентите, потоа клиентите и соработниците. Целиот тој процес ве прави современа и модерна компанија, тоа се тие позитивни аспекти по кои брендот се издвојува од другите компании од ваков тип во земјава.

Приказната за „Еурофарм“ секојдневно се надградува, а мојата визија за неа е преточена во нашето мото „Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје”.

Колку беше едноставно или тешко да се постигнат денешните резултати и успеси? Која беше вашата стратегија за освојување на пазарот?

– Развојот и растот на компанијата секако дека се случуваа етапно. За креирање успешна приказна, мора да ги следите трендовите, во нашиот случај и потребите на пациентите и барањата на клиентите, приспособувајќи се притоа на современите пазарни предизвици, модерните организациски тенденции и развојната стратегија.

Постојаната заложба за развој на стабилна пазарна позиција и освојување нови пазари, проследена со зголемување на конкурентноста, ефективноста и ефикасноста на брендот, беше главен поттик за спроведување голем број стандарди за квалитет и професионално управување.

Освен тоа, како особено важен сегмент сакам да го споменам и фактот дека „Еурофарм“, паралелно со надградувањето на своите капацитети, го зголемува и својот висококвалификуван и едуциран кадар, кој ги нуди најдобрата фармацевтска услуга и грижа.

Нашите лојални пациенти се нашето најголемо богатство, па поттикнати од нашата грижа за нив, пред седум години ја воведеме првата фармацевтска картичка за лојалност, која денес ја користат над 150 илјади задоволни членови на Еурофарм клуб-семејството.

Од друга страна, се трудиме секоја година на македонскиот фармацевтски пазар да пласираме нови и квалитетни производи, но да ги надградуваме постојните производствени линии со новитетите на светските фармацевтски брендови.

„Еурофарм“ е веќе голем и препознатлив бренд. Низ изминатите годините имате постојан раст и развој. Како ќе ја позиционирате вашата компанија денес? 

– „Еурофарм“ денес е модерен, иновативен, препознатлив и општествено одговорен бренд од фармацевтската индустрија. Водени од потребата да оставиме белег на македонскиот фармацевтски пазар, посветено работиме на спроведување нови, рентабилни и одржливи практики, со што си овозможуваме јакнење на својата пазарна позиција и бизнис-перформанси.

Секојдневно сите сме соочени со нови професионални предизвици што ни ги наметнува бизнис-климата во земјава, но и глобалните тенденции. Затоа пристапуваме со максимална посветеност во насока на континуиран раст и развој на брендот.

Веќе осум години по ред, „Еурофарм како синоним за висок квалитет, навремена услуга, професионална грижа и лесна достапност го носи епитетот македонски фармацевтски супербренд. На тоа се надоврзуваат работењето и етаблирањето на „Еурофарм“ како една од најуспешните компании во трговијата на големо со фармацевтски производи, како во Република Македонија, така и во регионот.

Потврда за тоа се многубројните награди изминативе години, а последно во низата е признанието во категоријата за најдобра национална развојна стратегија на годината за Република Македонија на „Европската бизнис-награда”.

Доказ за успешното опстојување на брендот претставува нашето долгогодишно рангирање на листата на 200 најголеми и најуспешни компании во земјава, каде што од година на година бележиме видлив напредок.

Вашата компанија секоја година бележи сопствен раст и развој изразен во бројки, што е сѐ поредок случај на нашиот пазар, бидејќи компаниите се соочуваат со голем број проблеми и пречки во своето професионално работење. Кои се вашите идни планови и, секако, очекувања од нив?

– Има многу планови за севкупен развој на брендот, но трпеливо ги чекаме вистинските моменти за нивно реализирање. Секако дека продолжуваме да инвестираме во модернизација и унапредување на нашите капацитети, во имплементирање нови професионални, безбедносни и стандарди за квалитет, во едукација на нашиот професионален кадар, промовирајќи и приближувајќи ги светските новитети на пазарот во земјава. Како општествено одговорна компанија остануваме посветени на нашата определба за подигнување на јавната свест за превенција и градење здрави животни навики, бидејќи грижата за генерациите што доаѓаат е наша примарна определба.

Како една од најуспешните жени менаџери во земјава, се наметнува прашањето дали успевате да ги избалансирате сите обврски што ги има секоја жена во улогата на мајка, сопруга и успешна бизнисменка?

– Секојдневно се трудам да ја пронајдам таа природна рамнотежа помеѓу деловните и приватните обврски. Сонот за сопствен бизнис бараше подготвеност, посветеност и истрајност во справувањето со сите предизвици и пречки што се појавија на патот на неговото остварување, бараше многу професионални и лични откажувања, но денес се гордеам со секој успех, признание, награда, задоволен клиент и среќен пациент на брендот „Еурофарм“.

На мојот пат кон личниот и професионалниот успех најмногу ми значеше поддршката од семејството, поддршката од родителите, пријателите…

Успешна, реализирана и среќна жена е сестрана жена, жена што умешно ги испреплетува и остварува сите животни улоги. Се радувам што мојата реализираност во деловниот свет е дополнета со среќна семејна приказна, во која сум горда сопруга и посветена мајка на две прекрасни деца, кои ми ги даваат најголемата мотивација, енергија и сила во најтешките животни предизвици.

Уживам во секој слободен миг поминат со нив, во семејните собири со поширокото семејство, како и во дружењето со пријателите. Уживам во патувањата, природата, добрата храна, уметноста и спортот.

Наш семеен спорт е ракометот и сите сме пасионирани навивачи на нашиот ракометен клуб „Еурофарм“. Тоа ни дава посебно адреналинско доживување и возбуда, од која станавме зависни и вистински уживаме во секој натпревар.

Да се биде успешен генерален менаџер значи да се поседуваат клучни вредности, меѓу кои и умешноста и капацитетот во пренесувањето на сопствената визија на соработниците. Како ќе се карактеризирате себеси како генерална менаџерка?

– Успехот на „Еурофарм“ е успех на сите вработени, за кои со сигурност можам да кажам дека се јадрото на компанијата, на брендот. Со својата професионалност, мотивираност, енергичност и посветеност, тие секојдневно работат на реализирање на нашите цели, мисија и визија. „Еурофарм“ е големо семејство, во кое секој е инспириран од императивот да бидеме подобри, поефикасни и поуспешни, семејство во кое сите меѓусебно се надоврзуваме и дополнуваме во интерес на нашата фармацевтска приказна.

Како генерална менаџерка, моето работење го темелам на градење добра работна средина, иновативно, прагматично и етичко менаџирање, постојана едукација и усовршуваше на вработените, следење и имплементирање на највисоките стандарди за квалитет, со особен акцент на активностите за помош на заедницата.

Грижата за моите вработени, тие ја претвораат во грижа за нашите пациенти, клиенти и соработници, градејќи ја притоа нашата успешна приказна.

Текст: ПР „Економист: Светот во 2020-та“

ЕУРОФАРМ на маратонот 23 Октомври

Екипата на ЕУРОФАРМ на уште еден спортски предизвик.

Уште еден маратон истрчан од екипата на веледрогерија и аптеки Еурофарм… Нашите маратонци беа дел од традиционалниот маратон во општина Гази Баба, по повод државниот празник 23 Октомври. Прекрасно време и прекрасно дружење за сите љубители на рекреативното трчање. На нашиот штанд повторно подарувавме производи кои се добредојдени за сите спортисти, и тоа Ice Power, Jamieson Calcium и Magnezium. Продолжуваме со поддршка кон спортот и спортскиот и здрав начин на живот, а нашата екипа останува во форма до следниот ,,маратонски,, предизвик.


ЕУРОФАРМ ДОНАТОР ЗА НОВОРОДЕНЧИЊАТА ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР!

Денеска во Општина Центар градоначалникот Саша Богдановиќ ги подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари на 100 баратели со новороденчиња од Центар. Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на Општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на општина Центар, а од оваа година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија кои на овие семејства им донираат пакети со производи и услуги. Годинава ова е втор циклус на доделување парична помош за новореденче во Општина Центар, а Еуро-Фарм по втор пат беше во улога на донатор со вредносен ваучер во износ од 1.000 денари за секое семејство. На настанот градоначалникот Богдановиќ им се заблагодари на компаниите и здруженијата за нивната општествена одговорност и изрази уверување дека во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.

ЕУРО-ФАРМ поддржувач на кампањата „Напред Розово 2017“

Под мотото „Напред розово – чекори против ракот на дојка“, веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ чекореше на деветтата традиционална Розова прошетка, што на 1 октомври, почетокот на светскиот месец за борба против ракот на дојка, се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во чест на сите жени што се соочиле со оваа болест.

Розовата прошетка е промотивен настан на кампањата „Напред Розово 2017“, во организација на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“, чиј донатор и партнер е фармацевтскиот супербренд ЕУРО-ФАРМ, кој овој пат се појави во улога на поддржувач на настанот.

Поразителните податоци за 1 200 нови случаи на заболени од рак на дојка, во просек по четири жени дневно во текот на изминатава година во Република Македонија, како и зголемената смртност кај овие пациенти за 9 проценти беа доволен поттик за веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ да се вклучи во кампањата. Препознавајќи и поттикнувајќи ја потребата од поддршка на болните од рак на дојка и нивните семејства, ЕУРО-ФАРМ ја изразува својата посветеност и подготвеност да им помогне на оние на кои им е најпотребно, притоа подигнувајќи ја јавната свест за нивната болест, но и за нивната борба.

ЕУРО-ФАРМ спонзор на Авицена Женска трка 2017

ЕУРО-ФАРМ, како верен пријател на спортот, рекреацијата и здравиот живот, годинава првпат е спонзор и партнер на Авицена Женската трка којашто на 9 април се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Во текот на целиот настан веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ, преку својот информативен штанд, ги информираше и едуцираше присутните за придобивките од користењето на ICE POWER, финското број 1 решение за болки. Револуционерната палета на производи со потписот на овој бренд е најдобриот пријател на професионалните спортисти, но и рекреативци во 50 држави ширум светот, во борбата со болките и воспаленијата во мускулите и зглобовите.

ЕУРО-ФАРМ со поддршката на Авицена Женската трка се вклучува во обидите за истакнување на придобивките од редовното спортување и здравите животни навики, како поттик за создавање квалитетен животен стил кај секоја жена.

ЕУРО-ФАРМ, Оливер и Џибони вo хумана мисија за болните од рак

Балканските мега ѕвезди Џибони и Оливер Драгојевиќ потпишувајќи го својот прв заеднички албум „Фамилија“, во хумано дружење со своите обожаватели, ја заокружија големата кампања на веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ.

Преку својот голем хит „Чиним праву ствар“ Џибони го искажа своето задоволство од успешната кампања за помош и поддршка на болните од рак во Република Македонија. На што се надоврза Оливер Драгојевиќ со искрена надеж дека истата ќе биде поттик за подигнување на јавната свест и перцепција за овие пациенти.

Во кампањата, којашто од август минатата година се одвиваше во сите ЕУРОФАРМ аптеки ширум земјава, со секое купено ЦД од албумот „Фамилија“ се донираа 100 денари за Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“ како поддршка на нивната мисија и борба против ракот.

Големата хумана кампања ќе финализира со осмомартовско изненадување од ЕУРО-ФАРМ и „Фамилија“.

Еурофарм со донација за 100 новороденчиња во Oпштина Центар

Во новото општинско основно училиште „Киро Глигоров“, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги подели решенијата за еднократна парична помош за новороденче во висина од 7000 денари на 100 семејства од општината.
Општина Центар редовно ги доделува овие средства, на новороденчиња чии родители се жители на општината, а од оваа година општината остварува соработка со општествено одговорни компании и здруженија, кои на овие семејства, покрај општинската помош, им донираат и пакет производи и услуги.
Ова е трет пат годинава на доделување на парична помош за новороденчиња, а дел од акцијата е и нашата компанија „Еурофарм“ која додели вредносни ваучери за новите 100 новороденчиња од оваа општина.

Еурофарм со донација за погодените од земјотресот во Албанија

Како општествено одговорна комапнија, Еурофарм и овојпат ја изрази својата поддршка и солидарност со настраданите и погодените од катастрофалниот земјотрес во Албанија. Нашата донација веќе денес беше адресирана до оние на кои им е најпотребна во овие тешки мигови на болка и тага.

Секоја хуманитарна иницијатива е потребна, секоја помош е повеќе од
добредојдена.

Еурофарм на маратон во Велес
Еурофарм беше дел од прославата на градот Велес, каде што се одржа трка на 5км и на 21км. Нашата екипа учествуваше на трката, а за присутните велешани на настанот имавме промотивен штанд со нашите производи, кои можеа да се пробаат и за кои можеа да ги добијат сите потребни информации. 
Еурофарм продолжува да биде дел од настаните кои не дефинираат како општествено одговорна компанија и која се грижи за здравиот дух и здравјето на секој од Вас.

Еурофарм со поддршка за училиштето ,,Гитари Дирки и Свирки,,

На 1 Номеври официјално е отворено првото бесплатно училиште за деца со помалку можности, за музика уметности и вештини ,, Гитари Дирки и Свирки,, кое е дело на ,,Проект Среќа,,.

Во ова училиште, децата, кои се регистрирани во било која од категориите ,,социјален ризик,, ќе можат да се пријават за часови по гитара, клавир, ликовни уметности, запознавање со останатите уметности, како фотографија, филм, театар… Приоритет во групите, имаат децата кои се наоѓаат во најтешка форма на ,,социјен ризик,, и се од семејства си најмали примања.

Просториите се наоѓаат во Центар, зад Универзалната сала, дизајнирани да бидат интерактивни и интересни за децата.

Еурофарм се приклучи кон креирањето на оваа хумана и креативна приказна, и дониравме финансиски средства за набавка на инстументи кои ќе бидат добредојдени за учениците во ,,Гитари Дирки и Свирки,,…

Им посакуваме многу успех и многу нови проекти на кои со задоволство ќе бидеме нивна верна публика.

ЕУРОФАРМ на „Трчај бе“ во Битола!

Битола конечно ја доби првата градска трка „Трчај бе“ која се претвори во најмасовен спортски настан кој некогаш го имал градот. Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита и актуелната балканска шампионка, викендов ја истрчаа Битола. ЕУРО-ФАРМ беше горд поддржувач на настанот и ја препозна идејата за унапредување на спортскиот дух во градот. Нашите пакет производи беа подарок за учесниците во трката кои буквално го преплавија градот. Се надеваме дека настанот ќе прерасне во традиција, и Битола ќе ја има „Трчај бе“ како свој заштитен белег.
ЕУРО-ФАРМ – Ние постоиме за да се грижиме за вашето здравје!

EУРОФАРМ, покровител на денот на независноста во Крушево

По повод празникот 8ми септември – денот на независноста и денот на ослободувањето на Крушево, ЕУРО-ФАРМ беше покровител на дел од настанот во организација на општината. Во вечерниот дел од прославата, во градскиот парк во Крушево, настапи Кристина Арнаудова, а во текот на денот беше организиран планинарски марш од манастирот Свето Преображение-Крушево па се до врвот Мусица. Маршот претставува традиција во Општина Крушево и оваа година го поддржаа голем број на граѓани. ЕУРО-ФАРМ продолжува со своите активности на општествено одговорна компанија и верен пријател на културата и спортот.

ЕУРО-ФАРМ, партнер на Виз Ер Скопски маратон 2017

Тринаесеттото издание на Виз Ер Скопски маратон, најмасовниот спортски настан во земјава со 8 500 натпреварувачи од 51 држава од целиот свет, се одржа на 7 мај на улиците на Скопје, со поддршка и партнерство на веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ.

Долгогодишната континуирана соработка за промоција и развој на спортот со Скопскиот маратон ЕУРО-ФАРМ овој пат ја заокружи со информативно-изложбен штанд, на којшто беше претставена иновативната палета на производи за ладна терапија при спортски повреди и воспаленија на мускулите и зглобовите, ICE POWER.

Веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ 15 години посветено и истрајно работи под мотото „Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје“, на што се надоврзува постојаната грижа и традиција на помош, поддршка и вложување во заедницата за градење на здрави животни навики.

ЕУРО-ФАРМ го одбележа 8 Март

Меѓународниот ден на жената, 8 Март, веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ заедно со Здружението за борба против рак „Борка“ го одбележа со посета на пациентките на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Со подароци, добра мисла и искрена желба за поскоро оздравување беше поддржана нивната лична борба, бидејќи борбата против ракот е заедничка.

ЕУРО-ФАРМ донации за поплавите во Скопје

Во миговите на соочување со ненадоместливите загуби на човечки животи и незапамтените штети од големите поплави што на 6 август го зафатија градот Скопје, веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ изразува сочувство до семејствата на настраданите и погодените од оваа природна катастрофа.

Водени од идејата, оваа трагедија да трае што е можно пократко, компанијата со свои донации во лекови, пелени, детска храна, средства за дезинфекција и хигиенски средства, преку Црвениот крст на Република Македонија и Граѓанската иницијатива за помош на поплавените му излезе пресрет на населението од погодените подрачја, продолжувајќи ја традицијата и посветеноста на веледрогеријата за континуирано помагање на заедницата во мигови на неопходност.