• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

СЕРТИФИКАТИ

Веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ водена од предизвикот да се развива, расте и опстојува во квалитетно, разновидно и одржливо опкружување на домашниот и меѓународниот пазар го сертифицира квалитетот и конзистентноста на своите производи, услуги, професионален кадар и работни процеси.

Благодарение на спроведената ISO сертификација веледрогеријата својата конкурентска предност на македонскиот фармацевтски пазар ја остварува преку системското управување со процесите, рационалната употреба на ресурсите, професионалниот пристап кон вработените, партнерскиот однос со клиентите и соработниците, почитувајќи ги притоа актуелните законските прописи во насока на остварување на потребите и очекувањата на клиентите.

ISO 9001:2008

Систем за управување со квалитет

Делокруг: Застапништва и трговија со лекови, помошни лековити средства, медицински помагала, медицински потрошен материјал и козметички производи.

Со воспоставувањето на системот за управување со квалитет ЕУРО-ФАРМ се обврза на професионално и квалитетно опслужување на барањата и потребите на своите клиенти и соработници.

ISO 14001:2004

Систем за управување со животната средина

Делокруг: Застапништва и трговија со лекови, помошни лековити средства, медицински помагала, медицински потрошен материјал и козметички производи.

Грижата и заштитата на животната средина се постојан и долгорочен приоритет на веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ, којшто се официјализира со имплементирањето на системот за управување со животната средина. Систем кој преку дефинирање на политики, програми и мерки во рамките на компанијата ги усогласува и унапредува следењето, контролата и надградбата на работните процеси, зголемувањето на енергетската ефикасност и заштеда, и користењето на обновливи извори сè со цел намалување на штетните влијанија врз природата.

error: Content is protected !!