• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

Alfa

ALFA
Вредноста на животот

Искуство, традиција, истрајност и посветеност, од 1967 година се впишани зад името KARABINIS MEDICAL, водечкиот грчки, но и истакнат европски производител и дистрибутер на медицински потрошен материјал, дијагностичка опрема, додатоци во исхраната и производи за заштита и нега на кожа.

Големата продажна мрежа, ексклузивните застапништва на реномирани светски фармацевтски брендови, професионализмот и иновативноста го издвојуваат KARABINIS MEDICAL како потврден и сигурен партнер.

Производната линија на медицински потрошен материјал ALFA-GAUZE со високиот квалитет, големиот избор, практичниот дизајн и прифатливите цени е најдобар доказ за реномето на KARABINIS MEDICAL.

ALFAPLAST KIDS
ALFAPLAST фластери за деца

ALFAPLAST KIDS фластерите за деца се практично, безбедно и креативно решение за покривање и заштита на сите видови на мали рани на кожата кај децата.

Со својот прилагодлив и удобен дизајн хипоалергенските фластери ја заштитуваат чувствителната детска кожа во процесот на заздравување и обновување.

Во секое пакување ALFAPLAST KIDS се наоѓаат по 24 фластери во 3 различни бои привлечни како за децата, така и за возрасните.

ALFA GAUZE STERILE PADS CLASSIS
ALFA GAUZE стерилни самолепливи гази

Стерилните самолепливи гази ALFA GAUZE претставуваат висококвалитетен производ за еднократна употреба погоден за покривање и заштита на различни видови на рани.

ALFA GAUZE STERILE PADS CLASSIC се одликуваат со стерилни памучни гази со голема впивливост коишто ја штитат кожата од дополнителни воспаленија и алергиски реакции, како и со хипоалергенско лепило коешто успешно ја зацврстува газата на раните, нудејќи идеална заштита.

ALFA GAUZE стерилните самолепливи гази се достапни во различни големини и пакувања.

ALFA URIN CUP
ALFA стерилна чаша за урина

ALFA URINE CUP претставува стерилна, некршлива чаша со капаче наменета за лесно и брзо собирање на урина за лабораториска контрола.

ALFAPLAST WATER RESISTANCE
ALFAPLAST водоотпорни фластери

ALFAPLAST водоотпорните фластери се ефикасен и корисен производ за заштита и покривање на сите видови на мали рани на кожата која често е изложена на вода.

ALFAPLAST WATER RESISTANT благодарение на квалитетниот водоотпорен материјал ги штити раничките при бањање и пливање, одржувајќи ја кожата сува, но истовремено слободна да дише.

Пакувањето содржи 20 водоотпорни фластери во 2 различни големини.

ALFA LATEX GLOVES
ALFA латекс ракавици

ALFA LATEX GLOVES се практични ракавици за еднократно користење изработени од 100% природен латекс наменети за медицинска, лабораториска и друга употреба.

ALFA латекс ракавиците со прилагодлив дизајн за обете раце се достапни во 4 големини (S, M, L и XL), со и без талк, во пакување со 100 единечни ракавици.

error: Content is protected !!