• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

Alpecin

Енергија за Вашата коса!

ALPECIN е најмоќниот бренд од палетата на DR. KURT WOLFF, којшто преку делотворни, висококвалитетни и проверени производи ја потврдува револуционерната моќ на кофеинот.

Сплотувајќи ги традицијата во козметичките истражувања, секојдневната посветеност кон иновации и следењето на новитетите на глобалниот пазар, искусниот тим на стручњаци во лабораториите на DR. WOLFF предано и истрајно работи на подобрување и надградување на постојните производи, но и на развој на нови со уникатни активни својства, обезбедувајќи притоа висока позиција во козметичката дејност.

Иновативните формули на производите ALPECIN, богати со кофеински комплекс, помагаат за регенерирање и ревитализирање на скалпот, враќајќи ги природната рамнотежа, живоста, енергијата и здравиот изглед на косата.

ALPECIN A1 ACTIVE SHAMPOO

ALPECIN A1 ACTIVE SHAMPOO претставува ефикасен и проверен производ наменет за одржување на секојдневната хигиена на сувата и нормална коса.

Со делотворна комбинација на активни компоненти шампонот ја штити и зајакнува косата, од коренот до врвовите, давајќи и здрав изглед и свилен сјај.

ALPECIN A1 ACTIVE состојки:

Ментол, задолжен за подобрување на периферната циркулација и чистење на скалпот, ослободувајќи притоа пријатно чувство на свежина.

Пантенол, провитамин Б, ја враќа природната рамнотежа во влакното.

Кофеин, регенератор на скалпот, ја прави косата отпорна на штетните надворешни влијанија.

ALPECIN C1 CAFFEINE SHAMPOO
ALPECIN C1 кофеински шампон

Иновативната формула на ALPECIN C1 CAFFEINE SHAMPOO нуди нов пристап во активниот третман на проблемот со опаѓање на косата, притоа подобрувајќи ја нејзината структура и поттикнувајќи го растот на влакното дури од коренот.

Уникатните активни својства на кофеинот за само 2 минути продираат длабоко во фоликулите на влакната, го неутрализираат негативното дејство на тестостеронот и го спречуваат наследното губење на коса.

При секојдневна употреба на ALPECIN C1 кофеинскиот шампон се продолжува фазата на раст на влакното, а косата станува поцврста, поздрава и посјајна.

ALPECIN DOUBLE EFFECT SHAMPOO
ALPECIN шампон против првут и опаѓање на косата

Револуционерниот шампон ALPECIN DOUBLE EFFECT SHAMPOO со нова, сигурна и ефикасна формула помага за едновремено решавање на двата најчести проблеми на скалпот, првутот и опаѓањето на косата.

Комбинирајќи ги делотворноста на салицилната киселина и пироктон оламинот, од една страна, и уникатниот кофеински комплекс, од друга страна, ALPECIN шампонот против првут и опаѓање на косата пројавува два неверојатни ефекти:

1 Ефект

Преку нежен и противвоспалителен пилинг на скалпот, темелно се отстрануваат мртвите клетки, се ублажува чешањето, првутот исчезнува, а скалпот почнува да се регенерира.

2 Ефект

Темелно отстранетиот првут отвора пат за слободен и брз продор на активните состојки од богатиот кофеински комплекс, коишто непречено стигнуваат до коренот на влакното и го снабдуваат со неопходната енергија за продолжен и забрзан раст, давајќи и на косата убав и здрав изглед.

Делотворноста на кофеинот започнува во првите 2 минути од нанесувањето и трае во текот на 24 часа од употребата на ALPECIN DOUBLE EFFECT SHAMPOO.

ALPECIN A2 ACTIVE SHAMPOO
ALPECIN A2 шампон за масна коса

ALPECIN A2 ACTIVE SHAMPOO е вистинско решение за проблемите со масната коса, правејќи ја истата чиста, здрава, мазна и свилена.

Благодарение на богатиот состав, шампонот помага за стабилизирање на природната рамнотежа на скалпот, умерено излачување на лојните жлезди и одржување на неговата заштитна функција.

ALPECIN A2 ACTIVE состојки:

Бисаболол, носејќи ги антисептичните и антибактериски својства на камилицата ја смирува кожата и го ублажува чешањето.

Алантоин, природно го заштитува чувствителниот скалп од бројни воспаленија.

Кофеин, овозможува активна регенерација на кожата и косата.

ALPECIN CAFFEINE LIQUID
ALPECIN кофеински лосион

ALPECIN CAFFEINE LIQUID е делотворен лосион, којшто успешно ги продолжува и подобрува ефектите од употребата на ALPECIN C1 CAFFEINE SHAMPOO.

Богатиот кофеински комплекс во лосионот, зголемувајќи ја активноста во фоликулите, го забрзува и продолжува растот на влакната и го спречува предвременото опаѓање на косата.

Со продолжено дејство, во текот на 24 часа од нанесувањето, ALPECIN CAFFEINE LIQUID се препорачува за секојдневна употреба.

 

ALPECIN TUNING SHAMPOO
ALPECIN шампон за обновување на природната боја на косата

ALPECIN TUNING SHAMPOO претставува нов, делотворен производ од палетата на Alpecin наменет за обновување на природната боја на косата и покривање на седите влакна.

Со текот на годините, губејќи ја моќта за синтеза на меланин пигментите во коренот на влакната, косата започнува да ги губи бојата и сјајот. Затоа ALPECIN TUNING SHAMPOO со интензивни пигменти продира длабоко во структурата на влакната, нагласувајќи го природниот тон на темната коса и успешно покривајќи ги седите влакна.

Редовната употреба на ALPECIN TUNING SHAMPOO ја прави косата потемна, го намалува бројот на седи влакна, го спречува наследното губење на коса, правејќи ја истата поцврста, поздрава и посјајна.

PLANTUR 39 претставува резултат на долгогодишната, посветена и исцрпна работа во лабораториите на DR. KURT WOLFF за создавање на делотворни, квалитетни и сигурни производи, за помош на милиони жени ширум светот при решавање на проблемите со предвременото и зголемено опаѓање на косата во периодот на менопауза.

Со намалување на нивото на естроген косата започнува да ја губи својата виталност, станувајќи потенка и поретка, што доведува до забавен раст под влијание на тестостеронот.

Производите со знакот на PLANTUR 39, благодарение на активните својства на фитокофеинскиот комплекс, ги ублажуваат проблемите со опаѓањето на косата, го поттикнуваат нејзиниот раст, правејќи ја истата поцврста, погуста, поздрава и посјајна.

PLANTUR 39 PHYTO-CAFFEINE SHAMPOO
7-plantur-39-phyto-caffeine-shampoo-plantur
PLANTUR 39 PHYTO-CAFFEINE TONIC
8-plantur-39-phyto-caffeine-tonic-plantur

error: Content is protected !!