• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

Bioextra

BIOEXTRA
години производство и дистрибуција на квалитетни лекови, додатоци во исхраната, билни препарати, козметика и чаеви ја етаблираат BIOEXTRA како компанија со силна посветеност и истрајност за успешно делување на европскиот, но и светскиот фармацевтски пазар.

Континуирано усовршувајќи го своето производство во согласност со GMP, ISO, NAT, HACCP стандардите, компанијата нуди безбедни, проверени и квалитетни производи за превенција и здравствена заштита како дополнителна терапија на бројни пациенти ширум светот.

Производите на BIOEXTRA се синоним за квалитет со прифатливи цени.

VITAMIN C

Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, вклучен во многубројни биохемиски процеси во човековото тело, којшто како кофактор на 8 различни ензими е одговорен за правилен раст и развој на целиот организам. Оттука, зголемени потреби од витамин Ц се јавуваат за време на растењето, во состојби на намален имунитет (особено при вирусни и бактериски инфекции), малнутриција, како и при зголемен психо-физички напор и стрес.

Водениот раствор на Vitamin C (капки), соодветно стабилизиран, овозможува најбрзо и целосно искористување на активната супстанца, како при перорална така и при површинска употреба. При перорална употреба бројот на капки се прилагодува според возраста сè со цел брзо активирање на ефектот на витаминот Ц, додека при надворешна употреба водениот раствор за брзо време се апсорбира преку кожата пројавувајќи го своето дејство. Витамин Ц капките може да се додадат на каква било течност без да ги променат мирисот, бојата и вкусот.

error: Content is protected !!