• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

Brand Italia

BRAND ITALIA
Комбинирајќи искуство, традиција, ентузијазам, иновативност и квалитет, IDEE INNOVATIVE како творец на BRAND ITALIA години посветено ги остварува желбите и барањата на милиони клиенти ширум светот во борбата со здодевните комарци и инсекти.

Производите на BRAND ITALIА се резултат на иновативни, одржливи решенија коишто ги следат моменталните трендови како при изборот на материјали, така и во практичниот и прилагодлив дизајн, нудејќи удобност, заштита и сигурност.

Следејќи ги стандардите за квалитет на Американската агенција за заштита на животната средина (EPA) и Директивите на Европската унија за безбедност и здравствена заштита, компанијата создава дерматолошки и клинички проверени производи со пријатен мирис на етерични масла и практични и делотворни материјали.

BRACELET JUSTICE LEAGUE
vremenadeluvanje180casa1Алки против комарци со супер-херои

BRACELET JUSTICE LEAGUE алките против комарци се новитет на македонскиот пазар, којшто овозможува лесна и ефикасна заштита од комарци и инсекти во текот на 180 часа.

Со пријатен мирис на етерични масла и практичен и прилагодлив дизајн алките се делотворно решение, без оглед дали се носат на отворено, во затворени простории или пак во вода.

Модерните клипови со ознаките на бројни супер-херои ги прават алките привлечни како за децата, така и за возрасните.

BRACELET MOSQUITO AWAY KIDS
vremenadeluvanje240casa1

Алки против комарци за деца

Алките против комарци за деца BRACELET MOSQUITO AWAY KIDS се одлично решение за здодевните комарци и инсекти. Со потврдено дејство од 240 часа, во бројни истражувања на еминентни меѓународни универзитети, алките нудат ефективна заштита дури и од тигрести и тропски комарци и инсекти.

Лесно прилагодливи на детските раце BRACELET MOSQUITO AWAY KIDS алките  се делотворни и кога децата се наоѓаат во отворени и затворени простории, и при контакт со вода.

PATCHES MOSQUITO AWAY

PATCHES MOSQUITO AWAY лепенките против комарци и инсекти се практично решение за проблемите со несаканите убоди од инсекти и ефикасна заштита за бебиња и деца.

Новата подобрена формула ги прави лепенките водоотпорни, лесно прилагодливи и погодни за аплицирање на облека, детски креветчиња, колички и каква било цврста површина.

Пакувањето содржи 12 лепенки, а секоја од нив постепено ослободува природен и пријатен мирис на етерични масла во текот на 48 часа.

MOSQUITO TROPICAL СПРЕЈ

Практичен и ефикасен спреј против комарци и други инсекти во шише кое не е под притисок. Произведен по уникатната формула на Brand Italia, дерматолишки тестиран и содржи цитронела, билно масло од Азија кое има дополнителен заштитен фактор.

ЕЛАСТИЧНИ СТЕГАЧИ ПРОТИВ ВОШКИ

Еластични стегачи за коса против вошки, погодни за машки и женски деца. Спречува и заштитува од инфекции и не содржи пестициди во својот состав. Произведено со есенцијални и етерични природни масла, како лаванда, еукалиптус, каранфилчиња и рузмарин. Хипоалергенски и дерматолошки тестиран. Микроџебовите на стегачите по отварањето постепено ги испуштаат маслава во косата, умртвувајќи ги вошките во косата.

PIDOCCHIGO® СПРЕЈ ПРОТИВ ВОШКИ

PidocchiGO® е козметички заштитен спреј создаден од комбинација на природни растителни екстракти и есенцијални масла за заштита на косата и скалпот кај возрасни и деца. Тој е збогатен со прополис и хијалуронска киселина. Лесен е за нанесување, безмасен, брзо се суши оставајќи пријатен мирис и создава средина неповолна за опстанок на вошките. Линијата PidocciGO®, дизајнирана од Brand Italia® е идеална за целото семејство и природно штити. Распрскајте на сува коса секое утро, особено за време на периоди на голема наезда.

Нанесете рамномерно, не бара испирање или сушење. Обрнете особено внимание на тилот на вратот и зад ушите, откако ќе ја тргнете косата настрана. Не го употребувајте производот доколку сте алергични на било која од составните компоненти. Само за надворешна употреба. Да се чува надвор од дофат на деца.

BRACELET MAGIC KIDS

vremenadeluvanje180casa1

Алки против комарци за деца

BRACELET MAGIC KIDS алките против комарци за деца се нов, безбеден и проверен производ со природен мирис на етерични масла, пријатни за децата, а непријатни за комарците и инсектите.

Ослободувајќи миризба во период од 180 часа алките се безбедни за детската кожа и истите делуваат како ефективна заштита без разлика дали децата се наоѓаат на отворено, во затворени простории или пак во вода.

AFTER BITE ROLL ON
Ролон за после убод од комарци и инсекти

AFTER BITE ROLL ON ролонот за после убоди од комарци и инсекти претставува проверен, делотворен и 100% природен производ, богат со екстракти од невен, нане, здравец, лаванда, лимонова трева и вода.

Лесен за користење ролонот овозможува ефикасно и рамномерно нанесување на новата префинета формула, смирувајќи ги чешањето и иритацијата предизвикани од убод на комарци, инсекти, па дури и медузи. AFTER BITE ROLL ON е идеален за употреба на целото семејство.

SACKS MOSQUITO AWAY
vremenadeluvanje14dena1


Кеси против комарци

Кесите против комарци SACKS MOSQUITO AWAY се ефикасен производ составен од природни материјали чијшто пријатен мирис на етерични масла ги одбива дури и тигрестите комарци.

Со формула за постепено ослободување на миризбата кесите се лесни за користење, не барајќи електрична поддршка за нивна употреба, ниту пак вентилација по истата.

Во секое пакување се наоѓаат по 2 практично запечатени кесички, коишто може да се користат во отворени и затворени простории и до 14 дена по отворањето.

 

MOSQUITO TROPICAL СПРЕЈ ЗА ДЕЦА

Ефикасен, практичен и природен спреј против комарци и други инсекти наменет за деца. Смирувачка формулација особено погодна за деца. Ја прави мека чувствителната детска кожа. Содржи комбинација на етерични масла со мирис непријатен за инсектите. Содржи масло од Cymbopogon Nardus, масло од нане, масло од лист од рузмарин, гераниол, масло од лаванда, линалол, цитронелол, еугенол, Д-лимонен, цитрал, фарнесол, масло од лист од каранфилче, изоеугенол.

RASTY® КЛИП СО ЦИТРОНЕЛА

Практичен клип со миризба на есенцијални масла кои се непријатни за несаканите инсекти. Наменет е и за деца и за возрасни. Неговата употреба е лесна и едноставна. Клипот можете да го поставите на повеќе места по вач избор и онаму каде што ќе ви биде најкорисен. Така на пример можете да го поставите на бебешката количка, на облека, во бебешкото креветче, на кревет, на торба или пак на некој друг избран предмет. Наменет е само за надворешна употреба. Од активни состојки содржи масло од цитронела.