• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

Cotton Sound

COTTON SOUND
години комбинирајќи искуство, професионалност, квалитет и посветеност, COTTON SOUND успешно го претвора 100% чистиот, природен и квалитетен памук во проверени, ефикасни и повеќенаменски производи за козметичка и медицинска употреба.

Оттука, мотивираниот и висококвалификуван кадар, заедно со тимот на експерти од областа на биологијата, медицината и козметологијата ја користи модерната и софистицирана технологија за дизајн, развој и производство на иновативни, функционални, квалитетни и сигурни производи, коишто нудат пријатно чувство на нежност, мекост и комфор.

Секојдневно следејќи ги потребите и барањата на светскиот пазар COTTON SOUND работи на надградување и усовршување на постојните, но и новите палети на производи за одржување на лична хигиена, отстранување на шминка, марамчиња, медицински производи од памук и др.

70 BAMBOO COTTON DISKS
70 Бамбус блазници за секојдневна нега

Комбинирајќи 100% чист памук и делотворен бамбус BAMBOO COTTON DISKS се издвојуваат како висококвалитетен производ за секојдневно темелно чистење на кожата.

Благодарение на бамбусот, источниот симбол на младоста, здравјето и убавината, блазниците се одликуваат со изразита мекост, издржливост и голема впивливост.

BAMBOO COTTON DISKS заедно со производите за чистење на кожа претставуваат идеално решение за отстранување на шминка и длабинско и темелно чистење на кожата.

Пакувањето содржи 70 биоразградливи блазници за секојдневна нега.

56 BABY COTTON BUDS
56 Чепкалки со граничник

56 BABY COTTON BUDS се сигурен, безбеден и проверен производ направен од 100% чист, природен и квалитетен памук.

Со практичен и прилагодлив дизајн чепкалките со граничник се погодни за секојдневно одржување на личната хигиена кај деца и возрасни.

Пакувањето содржи 56 единечни чепкалки за еднократна употреба.

200 COTTON BUDS
200 Чепкалки со 100% памучна вата

200 COTTON BUDS се 200 квалитетни, единечни чепкалки за еднократна употреба и секојдневно одржување на личната хигиена направени од 100% чиста памучна вата.

80 COTTON DISKS
80 Блазници за секојдневна нега

COTTON DISKS се квалитетни блазници од 100% чист и природен памук наменети за секојдневна нега на кожата.

Со својата компактност, издржливост и мекост блазниците нудат благопријатна нежност при отстранување на шминката и чистење на кожата.

Пакувањето содржи 80 биоразградливи блазници за секојдневна нега.

100 COTTON BUDS
100 Чепкалки со 100% памучна вата

100 COTTON BUDS претставуваат чепкалки со 100% чиста и природна памучна вата наменети за секојдневно одржување на личната хигиена.

Секое пакување се состои од 100 микробиолошки контролирани чепкалки за еднократно користење.

COTTON ARGENTO марамици за суво бришење

Бактериолошки чисти, со целосно отсуство на хемиски адитиви во фазата на производство, овие марамици за бришење најкорисни се за оние на кои им се појавува црвенило на кожата. Хипералергични, биоразградливи, со многу висока апсорпција и отпорни на вода. Марамчиња од чиста памучна волна и сребрени микрочестички може да се сметаат како целосно еколошки продукти, бидејќи се правени од природни влакна и во незагаден производен циклус.