
Насочена кон истражување, развој, производство и промоција на иновативни, научно-докажани, висококвалитетни и делотворни производи, групацијата ги пласира своите брендови преку две компании, DR. AUGUST WOLFF и DR. KURT WOLFF, ширум светот.
Преку ангажирање на најдобрите фармацевти и дерматолози, следење на моменталните текови и трендови, и почитување на строгите стандарди за квалитет компанијата DR. AUGUST WOLFF, исполнувајќи ги потребите на клиентите и барањата на соработниците, ги пласира своите брендови: LINOLA- за помош при сува и иритирана кожа, VAGISAN- за подобрување и враќање на интимното здравје, ACNE ATTACK- делотворно решение за проблемите со акни и др.

Спојот на потребите и барањата на жените за нега на нивното интимно здравје и модерните фармацевтски трендови е преточен во VAGISAN LACTIC ACID.
VAGISAN вагитории претставуваат висококвалитетен, потврден производ наменет за воспоставување, обновување и одржување на природното вагинално pH ниво, спречувајќи го на тој начин развојот на воспаленија, бактериски, вирусни и габични инфекции, коишто би ја нарушиле вагиналната флора, но и како дополнување на користењето на антибиотици и орални контрацептиви.
VAGISAN LACTIC ACID во својот состав содржат млечна киселина и натриум лактат што ги прави безбедни за користење за време на бременост и доење.

LINOLA FETT претставува делотворна, проверена и потврдена синтеза на долгогодишно искуство, традиција и квалитет во грижата и нега на сувата, иритирана и оштетена кожа.
Богат со незаситени масни киселини навлажнувачкиот крем се издвојува како ефикасна помош за многубројните проблеми со постојаното чешање, лупење, зацрвенување и напукнување на сувата кожа.
LINOLA FETT кремот го поттикнува и забрзува процесот на регенерација и ревитализација на кожата, враќајќи ги нејзината еластичност, виталност и здрав изглед.
Редовната и правилна хигиена на интимните делови е значаен сегмент од зачувувањето и негувањето на интимното здравје.
Соединувајќи ги активните, благопријатни својства на млечната киселина и камилицата VAGISAN INTIMATE WASH LOTION се изделува како делотворен и нежен лосион којшто помага за нормализирање на нарушената вагиналната флора, враќање и одржување на природната вагинална pH рамнотежа, но и за секојдневна хигиена на интимните делови, спречувајќи притоа бројни воспаленија и инфекции.
VAGISAN лосионот за интимна нега се препорачува да се користи заедно со лекови коишто можат да предизвикаат нарушување на вагиналната флора.
Производот е безбеден за употреба кај бремени жени и доилки.
Коментирајте