• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

Maxima Healthcare

MAXIMA HEALTHCARE
Градиме водечки брендови на нови пазари!

MAXIMA HEALTHCARE е млада, иновативна, брзорастечка, извозно ориентирана фармацевтска компанија, којашто успешно ги идентификува, развива и остварува потребите и барањата на глобалниот пазар на лекови, помагала, додатоци и средства за здравствена заштита.

Сплотувајќи посветеност, визија и добра развојна стратегија компанијата е насочена кон нови пазари, каде со својот квалитет помага во промовирањето на новите достигнувања во фармацевтската индустрија.

Водена од принципите за иновативни производи, меѓународна промоција и глобален отворен пазар MAXIMA HEALTHCARE се фокусира на ОТЦ лековите и производите за здравствена превенција.

CO-LACTASE
CO-LACTASE капки

CO-LACTASE капките се делотворен производ којшто помага при решавање на проблемите со привремената бебешка чувствителност на лактоза, што доведува до дигестивна непријатност кај бебињата. Со намалување на содржината на лактоза во млекото капките го олеснуваат процесот на варење, без притоа да го попречат или одложат храњето на бебето.

Користењето на CO-LACTASE капките е едноставно, брзо и лесно. Тие не содржат шеќер, конзерванси и ароми, и може да се употребуваат веднаш по раѓањето, додавајќи ги како во мајчино, така и во адаптирано млеко.

error: Content is protected !!