1981 година се роди MICROLIFE, глобалниот лидер на пазарот за производство и развој на медицинска дијагностичка опрема, како за домашна, така и за професионална употреба.
Успешната приказна на водечкиот светски производител на термометри започнува со претставувањето на првата напредна генерација на дигитални термометри, којашто постави нови стандарди за следење и контрола на телесната температура.
Иновативните, модерни и висококвалитетни производи на MICROLIFE овозможуваат брзи, сигурни и беспрекорно точни резултати од мерењето на крвен притисок, плус, аритмија, телесна температура и сл.
Бројните меѓународни награди и признанија и задоволните клиенти ширум светот сведочат за реномето и квалитетот на MICROLIFE.
MICROLIFE NC 100 NON CONTACT THERMOMETER е револуционерен дигитален термометар од новата генерација на Microlife инфрацрвени термометри, којшто ја користи модерната инфрацрвена технологија за безконтактно, лесно и брзо мерење на температурата.
Како резултат на софистицираниот дизајн, повеќенаменската употреба и широката примена MICROLIFE NC 100 за само 3 секунди, без допир, едноставно и прецизно ја определува како телесната температура во опсег од 34.0° до 42.2°С, така и амбиенталната температура во опсег од 0° до 100°С.
Термометарот има вградена меморија за бележење на 30 последователни резултати.

MICROLIFE FH 80 електричната перница претставува безбеден, проверен и корисен производ наменет за ефикасна и делотворна термотерапија.
Истакнувајќи се со компактен и прилагодлив дизајн, едноставна употреба, висок степен на безбедност, лесно загревање, 4 нивоа на топлина, рамномерно распределување на истата и автоматско исклучување, MICROLIFE FH 80 HEATING PAD овозможува делотворни резултати при највисок комфор.

MICROLIFE BP A1 е најмалиот, наједноставниот и најефикасниот автоматски апарат за мерење на крвен притисок од програмата на Microlife, којшто овозможува лесно, точно, сигурно и навремено следење на сите промени на крвниот притисок.
Со модерен и прилагодлив дизајн, дополнет со PAD технологија, којашто ги открива и сигнализира сите неправилности при срцевите отчукувања, MICROLIFE BP A1 овозможува истовремени прецизни мерања на пулсот и крвниот притисок.

Комбинирајќи ги добрите перформанси на останатите манометарски комплети за мерење на крвен притисок, MICROLIFE BP AG1-40 е надграден и усовршен на повисоко ниво.
Со ергономски дизајн, широк опсег на манжетните, оптимално пумпање и испумпување и голема прецизност во мерењето MICROLIFE BP AG1-40 ANEROID BLOOD PRESSURE KIT се препорачува за професионална употреба.
Комплетот содржи: висококвалитетен сфигмоманометар, стетоскоп, професионални манжетни, пумпа, регулационен вентил и мека практична торбичка.

Microlife преку MT 1751 DIGITAL PACIFIER THERMOMETER претстави еден од најдобрите дигитални педијатриски термометри, којшто на забавен, нежен и лесен начин овозможува точно и сигурно следење на промените на телесната температура кај бебиња и деца.
Благодарение на практичниот, прилагодлив и водоотпорен дизајн MT 1751 дигиталниот термометар со облик на цуцла нуди веродостојни резултати во опсег од 32.0° до 43.9°С, со просечно време на одредување на телесната температура од 5 минути и вградена меморија.
MICROLIFE MT 1751 DIGITAL PACIFIER THERMOMETER е остварување на потребите, барањата и очекувањата на милиони родители ширум светот.

MICROLIFE NEB 50 претставува квалитетен, сигурен и брз систем за инхалаторна терапија при проблеми со астма, хроничен бронхитис и други респираторни заболувања кај деца и возрасни.
Иновативниот небулајзер со дизајн, техника и брзина прилагодливи на индивидуалните потреби нуди сигурен и удобен третман.
Дополнет со резервни филтри, соодветни маски за деца и возрасни, и вградена рачка MICROLIFE NEB 50 небулајзерот е едноставен за употреба и транспорт.

Следејќи ги најстрогите светски стандарди за квалитет, Microlife разви нова генерација на зглобни апарати за мерење на крвен притисок, меѓу коишто и MICROLIFE BP W90.
Брзите, сигурни и беспрекорно точни мерења на пулсот и крвниот притисок, дополнети со предупредувања за срцеви аритмии се резултат на софистицираниот дизајн, бројните напредни функции и лесното ракување со MICROLIFE BP W90 BLOOD PRESSURE MONITOR.
MICROLIFE BP W90 поседува вградена меморија и можност за бележење на резултати од 100 последователни мерења на 2 одделни корисници.

Полуавтоматскиот апарат за мерење на крвен притисок, MICROLIFE BP A50, нуди брзи резултати со голема прецизност.
Благодарение на практичниот дизајн, големиот екран и вградената меморија MICROLIFE BP A50 дава јасна прегледност на последните 14 мерења на пулсот и крвниот притисок.
Моделот ја вклучува напредната PAD технологија за предупредување на откриените срцеви аритмии.

Економичниот комплет за мерење на крвен притисок од манометарската програма на Microlife, MICROLIFE BP AG1-30, се истакнува со својот практичен дизајн, едноставна употреба и голема прецизност, со што ја заслужи ѝ препораката од лекарите.
Комплетот содржи: висококвалитетен сфигмоманометар, стетоскоп, стандардни манжетни, пумпа, регулационен вентил и мека практична торбичка.

MICROLIFE ST 77 SPRAGUE-RAPPARORT STETHOSCOPE претставува професионален, висококвалитетен, мултифункционален стетоскоп со повеќенаменска употреба.
Сплотувајќи 5 различни намени, висока акустика за јасно разликување на ниски и високи фреквенции, 3 прилагодливи глави за бебиња, деца и возрасни, 3 различни ушни додатоци, MICROLIFE ST 77 стетоскопот овозможува сигурни и точни резултати.
Коментирајте