• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

Neostrata

NEOSTRATA
Научно потврдена посветеност за негата на кожа.

NEOSTRATA претставува синоним за успешни, долгогодишни, дерматолошки, клинички истражувања на влијателни специјалисти и пронаоѓачи на револуционерни научни откритија, применети во делотворни и висококвалитетни производи за нега на кожата.

Почнувајќи од 1988 година стремежот за иновации, напредок и развој, испреплетен со квалитет, искуство и посветеност е преточен во 6 палети на производи, достапни во 86 држави низ светот: SKIN ACTIVE- за враќање на младешкиот сјај на зрелата кожа; RESURFACE- за подобрување на виталноста, структурата и чистотата на кожата; RESTORE- за забавување на процесот на стареење на чувствителната кожа; REFINE- за ефикасно подмладување на масната кожа; TARGETED- за потхранување, ревитализирање и регенерирање на сувата, оштетена и чувствителна кожа; ENLIGHTEN- за грижлива нега на пигментираната кожа.

NEOSTRATA производите во согласност со законските, но и хуманите норми не се тестираат на животни и истите не содржат состојки, чиј ефект е докажан на тој начин.

SKIN ACTIVE MATRIX SUPPORT
SKIN ACTIVE дневен регенеративен крем

SKIN ACTIVE MATRIX SUPPORT претставува совршен спој на потребите и барањата на пациентите и револуционерните дерматолошки иновации за висококвалитетен, делотворен производ, којшто истовремено ја заштитува и обновува кожата.

Комбинирајќи ги активните својства на неоглукозамин, пептид и ретинол SKIN ACTIVE MATRIX SUPPORT го поттикнува процесот на создавање колаген, којшто помага во обновувањето на природната структура, зголемувањето на цврстината и еластичноста на кожата и подобрувањето на тонусот, давајќи и притоа на кожата здрав, негуван и младешки изглед. Тројниот антиоксидантски комплекс заедно со УВА и УВБ филтрите овозможуваат дополнителна ефикасна заштита од штетните надворешни влијанија.

Благодарение на богатиот состав и уникатните научни методи и технологии на производство, за благодатите на SKIN ACTIVE дневниот регенеративен крем сведочат многубројни задоволни корисници по само едномесечна употреба.

SynerG формула 8.0
(концентрација на NeoStrata активни состојки)

SKIN ACTIVE INTENSIVE EYE THERAPY
SKIN ACTIVE регенеративен крем за пределот околу очите

SKIN ACTIVE INTENSIVE EYE THERAPY претставува револуционерен, висококвалитетен, регенеративен производ којшто помага за навлажнување, потхранување, обновување и подмладување на чувствителната и нежна кожа во пределот околу очите.

Делотворноста на SKIN ACTIVE INTENSIVE EYE THERAPY кремот е резултат на внимателно избраната комбинација на:
Екстракт од јаболко којшто помага за одржување на долговечноста на структурата на кожата, забавувајќи го притоа нејзиното стареење;
Пептид и неоглукозамин задолжени за создавање на колаген, којшто делува за зачувување на заштитната функција и здравиот изглед на кожата;
Кофеин ја намалува отеченоста во пределот околу очите;
Хијалуронска киселина којашто стимулира поврзување на водата во кожата и длабинско и темелно навлажнување на истата;
Витамин Е, активен носител на сите антиоксидантски придобивки за кожата.

SynerG формула 6.0
(концентрација на NeoStrata активни состојки)

NEOSTRATA PEELING BRUSH
NEOSTRATA четка за нанесување пилинг

NEOSTRATA PEELING BRUSH претставува квалитетна, практична четка за едноставно, брзо и лесно нанесување на производи за пилинг на кожата.

SKIN ACTIVE CELLULAR RESTORATION
SKIN ACTIVE ноќен регенеративен крем

Здравата, негувана и убава кожа бара подеднаков третман и внимание како во текот на денот, така и во текот на ноќта.

Оттука SKIN ACTIVE CELLULAR RESTORATION е делотворен, ефикасен и потврден хранлив крем за нега на кожата во текот на ноќта, којшто делува како катализатор во процесот на регенерација, ревитализација и подмладување.

SKIN ACTIVE CELLULAR RESTORATION состојки:
Екстракт од јаболко, магичен еликсир кој го забавува процесот на стареење на кожата;
Пептид го поттикнува создавањето на колаген, којшто ги намалува и ублажува брчките и другите нерамнини;
Гликолна киселина која преку блага ексфолијација, нежно го чисти површинскиот слој на кожата, подобрувајќи ги нејзината еластичноста и затегнатоста;
Полихидроксилни киселини коишто делуваат за обновување на длабоките слоеви на кожата и одржување на постојниот колаген;
Екстракти од грозје, калинка, боровинка и акаи-бобинка претставуваат ефикасни антиоксиданти кои овозможуваат подобрување на виталноста и свежината на кожата, истовремено помагајќи во нејзината заштита од штетните надворешни влијанија.

SynerG формула 15.0
(концентрација на NeoStrata активни состојки)

SKIN ACTIVE EXFOLIATING WASH
SKIN ACTIVE пена за ексфолијација на кожата

Грижата за беспрекорно убава и негувана кожа започнува со SKIN ACTIVE EXFOLIATING WASH, пената за секојдневно длабинско и темелно чистење.

Соединувајќи ги активните својства на полихидроксилните киселини и делотворните состојки од алое вера, камилица, краставица и рузмарин SKIN ACTIVE пената за ексфолијација на кожата, од една страна, нежно отстранувајќи ги мртвите површински клетки, помага за темелно чистење на порите, а од друга страна, преку навлажнување, освежување и смирување на кожата ја поттикнува обновата на нејзината структура.

SKIN ACTIVE EXFOLIATING WASH е идеална подготовка на сите типови на кожа за третман со останатите производи од палетата на SKIN ACTIVE.

SynerG формула 8.5
(концентрација на NeoStrata активни состојки)

error: Content is protected !!