АКВА МАСАЖА: Уникатна масажа со водни млазови, без капка вода на Вас

Револуционерната терапевстка моќ на водата во служба на здравјето

Аква масажата претставува брза, модерна, урбана масажа за активни луѓе кои во постојаната трка со времето, бројните секојдневни обврски и борбата со напнатоста и стресот би одвоиле само неколку минути за релаксација и задоволство.

Благодарение на Aqua Massage International, водечкиот светски иноватор во хидротерапијата, аква масажата е плод на спојот на напредните компјутерски и инженерски технологии преточени во Aqua Massage XL-250, во чиишто благодати секојдневно уживаат по 20 000 луѓе во 90 земји во светот, а од неодамна благодарение на веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ и во Република Македонија.

15 минути во Aqua Massage XL-250 заменуваат 45-минутна класична масажа, го сегментираат човечкото тело на 12 еднакви зони на кои наизменично дејствуваат 36 млаза на топла вода, нудејќи револуционерно терапевтско искуство од стапалата до вратот. Без масла, соблекување и директен контакт со непознати, но со делотворни и брзи ефекти по прифатлива цена, таа заштедува енергија и време. Аква масажата, без ограничувања, се препорачува за релаксација, намалување на стресот и нервната напнатост, ублажување на болката и воспаленијата, подобрување на циркулацијата, отстранување на отровите од телото, зголемување на имунитетот, подобрување на концентрацијата и спиењето и за враќање на еланот и на животната енергија.

Сонот за совршена масажа стана македонска реалност во Aqua Massagе, првиот специјализиран салон за аква масажа во земјава, кој на „Рекорд“ во центарот на Скопје ги очекува сите оние што трагаат по ефективно, но брзо релаксирачко задоволство за целото тело.

my first week at chegg biggest misconceptions chegg playour summer interns really do become https://pro-academic-writers.com/ a part of the chegg team