COLLAGEN SM, синергија во служба на здравјето и убавината

Моќта на природата сплотена и ставена во служба на здравјето и убавината е преточена во висококвалитетен и делотворен производ со уникатна формула, којшто благодарение на веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ од неодамна е достапен и на македонскиот пазар.

Тајната за еликсирот на животот, водена од желбата за вечна младост, здравје и убавина лежи во колагенот, главниот природен фактор за млада, убава и еластична кожа, здрави коски и зглобови, здрави заби, цврсти нокти, беспрекорна коса и витално тело. Со приближно 40% во вкупното ниво на протеини, колагенот се јавува во 28 различни типови и претставува најзастапен протеин во човечкото тело, главна структурна компонента на кожата, коските и сврзувачкото ткиво, со многубројни улоги во севкупното функционирање на организмот.

Брзото и динамично темпо на живеење, стресот и нервната напнатост, лошите животни навики, неправилната и небалансираната исхрана, и загадената животна средина ја намалуваат здравствената благосостојба, го поттикнуваат и забрзуваат стареењето и го забавуваат процесот на создавање и обновување на колаген во организмот.

Природниот процес на стареење започнува на почетокот на 30-тите години и достигнува полн замав во 40-тите и 50-тите години од животот на секој човек. Борбата со годините е однапред изгубена ако во неа активно се вклучени штетните надворешни влијанија и лошите животни навики коишто со своето негативно дејствување го носат епитетот „убијци“ на колагенот.

Редовното консумирање храна богата со шеќери и заситени масти, диетите и драстичните промени на телесната тежина, пушењето, стресот, долгото и незаштитено изложување на сонце… го пасивизираат обновувањето на колагенот и ја поттикнуваат појавата на брчки, стрии и вишок на оштетена кожа, сува и безживотна коса, кршливи нокти, зглобови склони кон повреди, притоа оштетувајќи внатрешни органи, како што се срцето, белите дробови, крвните садови, црниот дроб итн.

Здравиот начин на живеење, урамнотежената исхрана, и редовната физичка активност се особено важни за одржување на способноста на организмот за синтеза на колагенот, како неопходен предуслов за долготрајна и ефективна ревитализација и регенерација на оштетените, повредените и истрошените ткива, предуслов за здраво и негувано тело. Раната превенција од предвремено стареење подразбира темелна грижа и нега на телото по 25-тата година, пред појавата на првите знаци на недостиг на колаген во организмот.

Во таа насока борбата за балансирање и уништување на вишокот слободни радикали во организмот им припаѓа на моќните антиоксиданси од кои витаминот Ц се издвојува како неопходна компонента во процесот на создавање колаген.

Комбинирајќи го најчистото, најделотворното и најкорисното од природата, извлечено од кожата на два вида риби (tilapia и pangasius), со врвна технологија и беспрекорен квалитет на производство COLLAGEN SM е производ што ги задоволува најстрогите стандарди во фармацевтската индустрија.

Активните состојки од рибино потекло и богатиот состав на COLLAGEN SM помагаат за нормална функција на кожата, забите, непцата, коските и крвните садови, придонесувајќи во намалувањето на чувството на замор и исцрпеност, нормализирањето на функционирањето на нервниот систем, регулирањето на хормонската активност и слично, враќајќи ги еланот и животната енергија.

COLLAGEN SM, најдобриот додаток во исхрана за здраво, убаво и негувано тело за какво што сонувате.

Of course, brecht could not help but write poems that demanded to be spoken and heard, so the question hovering https://justbuyessay.com/ off-stage was whether the poems chosen for the poetry by heart anthology would be so happily declared