ЕУРО-ФАРМ на 4. Македонски конгрес по ОРЛ

Веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ успешно се претстави на 4. Македонски конгрес по оториноларингологија којшто од 1 до 4 јуни се одржа во Охрид, со учество на 50 еминентни професори, научници и клиничари и 250 здравствени работници од земјава, Европа и САД.

Презентирајќи ги новитетите во модерната оториноларингологија, симпозиумот „Моќта на природата во функција на здравјето“ овозможи претставување на современите трендови, и размена на искуства и идеи во однос на перспективите за подобрување на дијагностиката и третманот на пациентите со оториноларинголошки проблеми. Свое излагање на симпозиумот имаше д-р Јане Нетковски, од Клиниката за уво, нос и грло, кој ги изнесе своите видувања за придобивките на имунолошкиот систем од производите на DR. WOLZ (Kinder Immun, Zell Oxygen Immunkomplex, Colostrum Immun), како и професионалното искуство во лекувањето на респираторни алергии со помош на бактериски најчистата и минералошки најбогатата вода од Медитеранот, преточена во изотоничните и хипертоничните производи на ISOMAR.

Своето учество на конгресот веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ го заокружи со едукативно-изложбен штанд на којшто беа презентирани застапуваните производи од богатите палети на ISOMAR и DR.WOLZ.