ЕУРО-ФАРМ дел од HFW Expo 2017

Веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ беше дел од третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo 2017, најголем интерактивен настан во земјава за промоција на здрав и квалитетен животен стил, што на 23 и 24 септември се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Следејќи ја својата посветеност за промовирање и за поттикнување на здрави животни навики, ЕУРО-ФАРМ преку интересни и интерактивни презентации, едукативни активности, третмани, масажи и изненадувања ги анимираше многубројните посетители на сцените Health и Fitness.

Со интерактивната презентација „Уникатна масажа со водни млазови, без капка вода на Вас“ на сцената Health беа претставени благодатите, предностите и одликите на уникатната и делотворна аква масажа, која терапевтската моќ на водата ја насочува во служба на здравјето, убавината и релаксацијата.

Тимот на Aqua Massage со совети, интересни награди и изненадувања, но и со големи попусти на аква масажите, сонот за совршена масажа го претвори во реалност за посетителите на HFW Expo 2017.

Додека „Опуштање со Ice Power“ на присутните им понуди неверојатна можност да уживаат во благодатите на масажите и третманите со ICE POWER, оригиналната, проверена и потврдена ладна терапија за болки и воспаленија во мускулите и зглобовите.

Дополнително, за време на целиот настан, веледрогеријата ЕУРО-ФАРМ како верен пријател на професионалните спортисти, рекреативци и вљубеници во здравиот живот, на својот едукативно-изложбен штанд ги презентираше богатите застапувани палети на производи на ICE POWER– финското број еден решение против болки и COLLAGEN SM– најдобриот додаток во исхраната за здраво, убаво и негувано тело.