• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

Vivo Oleo

VIVO OLEO
Неограничена моќ на природата

Моќта на природата сплотена во служба на здравата, убава и негувана кожа, преточена во VIVO OLEO, ексклузивната, австриска, 100% органска козметика, нуди нови решенија за старите дерматолошки проблеми.

Истакнувајќи ја совршената синергија на најчистото, најделотворно и најкорисно од природата, VIVO OLEO со својата висококвалитетна палета на производи овозможува ефикасен третман за регенерација, ревитализација, потхранување, навлажнување и подмладување на сувата, оштетена и чувствителна кожа, обновувајќи ги нејзината еластичност, виталност, мекост, свежина, здрав изглед и младешки сјај.

Богатиот состав, низ уникатниот процес на производство на само 28̊ С, ги задржува благопријатните својства на растителните екстракти и етерични масла, длабински продира и ефективно делува во сите слоеви на кожата, наспроти козметичките производи со животински масти, силиконски масла и вештачки мириси и бои, коишто се одликуваат со намалена впивливост и периферна делотворност.

VIVO OLEO во согласност со целокупната идеологија на производство и делување на органските производи не се тестира на животни.

VIVO OLEO NEW SKIN BOOSTER CREAM
stiker-vivooleo5VIVO OLEO крем за регенерација на кожата

Кожата е најголемиот орган на човековото тело кој штити од бројни инфекции и штетни надворешни влијанија, притоа постојаното чешање, лупење, зацрвенување и напукнување ја нарушува нејзината заштитна функција.

Оттука VIVO OLEO NEW SKIN BOOSTER CREAM со својот 100% природен состав помага за регенерација, ревитализација и подмладување на сувата и оштетена кожа, враќајќи ги нејзината виталност и здрав изглед.

Благодарение на витамините А, Б и Д, како и активните состојки од манго, шеа, црно семе, зрнастец, камилица, коњско опавче, евкалиптус и макадамија VIVO OLEO кремот за регенерација на кожата ја навлажнува, потхранува, обновува и смирува оштетената кожа, што го прави особено погоден при проблеми со алергии, дерматитис и лесни повреди.

 

VIVO OLEO HARD SKIN REMOVE & PREVENT CREAM
stiker-vivooleo5VIVO OLEO крем за нега на тврда и сува кожа

Тврдата и задебелена кожа е честа и сериозна непријатност, кога кожата не можејќи да ја задржи својата влажност лесно се суши, напукнува и оштетува, што неретко доведува и до болно крварење и габични инфекции.

VIVO OLEO HARD SKIN REMOVE & PREVENT CREAM е уникатен и ефикасен производ со внимателно избрани природни состојки коишто ја потхрануваат, навлажнуваат, омекнуваат и обновуваат тврдата и задебелена кожа, правејќи ја истата значително помека, помазна, поеластична и пријатна на допир.

Соединувајќи активните својства на портокал, бадем, пченица, глицерин, шеа, лаванда, лимета, алое вера, прополис и лимонова трева VIVO OLEO кремот за нега на тврда и сува кожа развива двојно дејство, од една страна, ја отстранува тврдата и задебелена кожа, а од друга страна, го спречува нејзиното повторно јавување, преку длабинско негување и хранење на клетките.

VIVO OLEO HAND ACTIVE MOISTURE CREAM
stiker-vivooleo5VIVO OLEO крем за нега на раце

VIVO OLEO кремот за нега на раце претставува проверено и докажано природно решение за проблемите со сувите, напукнати и груби раце.

Како природна синтеза на бадем, алое вера, портокал, евкалиптус, пченица, шеа и невен VIVO OLEO HAND ACTIVE MOISTURE CREAM ја храни и навлажнува оштетената кожа на рацете, враќајќи ги нејзината мекост, виталност, еластичност и младешки сјај.

 

VIVO OLEO BODY ACTIVE MOISTURE LOTION
stiker-vivooleo5VIVO OLEO лосион за нега на тело

VIVO OLEO BODY ACTIVE MOISTURE LOTION е висококвалитетен природен производ, којшто ја сплотува делотворноста на етеричните масла и екстракти од јојоба, шипинка, коприва, бадем, лимета, арган, камилица и евкалиптус, во служба на здравата и негувана кожа.

Подобрувајќи ги тонусот, виталноста, флексибилноста и структурата на кожата VIVO OLEO лосионот за нега на тело превенира сушење, чешање, лупење и оштетување на кожата, спречувајќи притоа развој на бројни кожни болести.

VIVO OLEO BODY ACTIVE MOISTURE LOTION го поттикнува и одржува развојот на нови клетки, што го прави погоден при проблеми со сува и оштетена кожа, дерматитис, дијабетични стапала и појава на стрии.

VIVO OLEO DEEP SKIN RELAX & REVITALISE CREAM

VIVO OLEO DEEP SKIN RELAX & REVITALISE CREAM претставува делотворен производ со богат природен состав којшто ја смирува мускулната напнатост, го намалува заморот и ја ублажува болката, давајќи чувство на свежина, релаксација и ревитализација.

Комбинирајќи ги благопријатните својства на лаванда, шипка, авокадо, камилица, див костен, евкалиптус, прополис, шеа и манго VIVO OLEO кремот со длабински ефект за релаксација и ревитализација ги смирува и ублажува воспаленијата, ја подобрува циркулацијата на крвта, ја поттикнува обновата на ткивата, делувајќи антисептично и противвоспалително.

VIVO OLEO DEEP SKIN RELAX & REVITALISE CREAM се препорачува при болки во рамената, вратот и грбот, после интензивни физички активности, како и кај синдромот на немирни нозе, којшто може да се јави поради возраста, прекумерно вежбање или за време на бременост.

VIVO OLEO FIRST AID CREAM
stiker-vivooleo5VIVO OLEO крем за прва помош

VIVO OLEO FIRST AID CREAM е делотворна прва помош при убоди од инсекти, гребнатини, исеченици, модринки, акни, благи изгореници, лесни повреди и згрчени мускули, којашто помага за ублажување на болката и смирување на кожата, забрзувајќи го процесот на лекување и ревитализација.

Богат со етерични масла и екстракти од манго, шеа, лимонова трева, прополис и шипка VIVO OLEO кремот за прва помош има антисептично, антибактериско и противвоспалително дејство коешто го поттикнува заздравувањето на раните и лузните, регенерирајќи ја притоа оштетената кожа.

VIVO OLEO FACE ACTIVE MOISTURE CREAM

По 30-тата година процесот на регенерација на кожата почнува да забавува, а кожата станува потенка, посува и склона кон оштетувања.

Со редовна употреба на VIVO OLEO FACE ACTIVE MOISTURE CREAM, богат со активни состојки од манго, макадамија, шеа, коњско опавче, камилица и шипинка, уморната, исцрпена, збрчкана и оштетена кожа се смирува, потхранува и навлажнува, обновувајќи ги нејзината еластичност, виталност, здрав и убав изглед.

Резултатите од користењето на VIVO OLEO кремот за нега на лице се видливи уште во првите две недели од употребата.

VIVO OLEO HEAD & BODY REPLENISH AND CARE SHAMPOO
stiker-vivooleo5VIVO OLEO шампон за глава и тело кој обновува и негува

Секојдневната хигиена на главата и телото со агресивни шампони лесно ги нарушува нејзината природна рамнотежа и заштитна функција што може да доведе до долготрајни оштетувања.

Природната синергија на алое вера, бадем, рузмарин, лаванда и палмино масло во VIVO OLEO HEAD & BODY REPLENISH AND CARE SHAMPOO овозможува навлажнување, потхранување, ревитализирање и регенерирање на сувата, иритирана и оштетена кожа на телото и скалпот.

Длабински чистејќи ја кожата VIVO OLEO шампонот за глава и тело ја враќа нејзината влажност и виталност, правејќи ја кожата мека, мазна и еластична, и нежно превенира од повторно оштетување.

Шампонот е погоден за сите типови на кожа, а особено се препорачува кај проблеми со сува и воспалена кожа, иритиран и оштетен скалп, егзема, дерматитис и сл.

error: Content is protected !!