Дипломиран фармацевт и магистер по човечки ресурси кој своето знаење, професионално искуство, посветеност и визионерство, 15 години ги насочува кон предизвикот за достигнување на глобалните фармацевтски текови.
Генерален менаџер кој во своето работење особено внимание посветува на градењето на добра работна средина, иновативното, прагматично и етичко менаџирање, постојаната едукација и професионално усовршување на своите вработени, следењето и имплементирањето на највисоките стандарди за квалитет, со особен акцент на активностите за помош и поддршка на заедницата.
Член на Фармацевтската комора на Република Македонија, Македонското фармацевтско друштво и бројни професионални и невладини организации и здруженија од областа на фармацијата, менаџерското управување и општественото делување.