ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ ги отвори вратите за своите идни ученици, за сите деветтоодделенци кои сакаат своето средно образование да го продолжат во ова училиште. Деветтооделенците имаа можност непосредно и детално да се информираат за профилите и професиите за кои се заинтересирани, да прошетаат низ лабораториите, низ кабинетите, училниците, да се запознаат во целост со училиштето, како и со идните наставници.
Еурофарм го поддржа овој настан и продолжуваме да бидеме поддршка во образованието на младите, особено во делот на образованието на фармацевтските техничари и во делот на учење преку работа и феријална пракса.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: јуни 7, 2023
- Tags: општествена одговорност