Изминатиот викенд бевме сведоци на уште едно одлично издание на популарната
манифестација „Охрид трчаТ“. Речиси 2.000 натпреварувачи беа дел од седмото
издание на оваа популарна трка во која земаа учество тркачи од 20-тина земји
од регионот и пошироко.
Тркачите, во машка и женска конкуренција, се натпреваруваа на полумаратон од
21 километар, штафетна и пет километарска трка.
ЕУРОФАРМ веќе трета година е верен поддржувач на овој спортски настан каде
што повторно имавме прилика да ги запознаеме и тркачите и бројните
посетители на настанот со придобивките на производите на Fysioline Ice
Power.
Охрид, се гледаме следната година на уште помасовното осмо издание на Охрид
ТрчаТ.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: јуни 5, 2023
- Tags: општествена одговорност