Alpecin

Alpecin & Plantur

Енергија за Вашата коса! ALPECIN е најмоќниот бренд од палетата на DR. KURT WOLFF, којшто преку делотворни, висококвалитетни и проверени производи ја потврдува револуционерната моќ на кофеинот. Сплотувајќи ги традицијата во козметичките истражувања, секојдневната посветеност кон иновации и следењето на новитетите на глобалниот пазар, искусниот тим на стручњаци во лабораториите на DR. WOLFF предано и истрајно работи на подобрување и надградување на постојните производи, но и на развој на нови со уникатни активни својства, обезбедувајќи притоа висока позиција во козметичката дејност. Иновативните формули на производите ALPECIN, богати со кофеински комплекс, помагаат за регенерирање и ревитализирање на скалпот, враќајќи ги природната рамнотежа, живоста, енергијата и здравиот изглед на косата.

Избор на продукти

Alpecin A1 Active шампон

ALPECIN A1 ACTIVE SHAMPOO претставува ефикасен и проверен производ наменет за одржување на секојдневната хигиена на сувата и нормална коса. Со делотворна комбинација на активни компоненти шампонот ја штити и зајакнува косата, од коренот до врвовите, давајќи и здрав изглед и свилен сјај. ALPECIN A1 ACTIVE состојки:
-Ментол, задолжен за подобрување на периферната циркулација и чистење на скалпот, ослободувајќи притоа пријатно чувство на свежина.
-Пантенол, провитамин Б, ја враќа природната рамнотежа во влакното.
-Кофеин, регенератор на скалпот, ја прави косата отпорна на штетните надворешни влијанија.

Alpecin A2 Active шампон

ALPECIN A2 ACTIVE SHAMPOO е вистинско решение за проблемите со масната коса, правејќи ја истата чиста, здрава, мазна и свилена. Благодарение на богатиот состав, шампонот помага за стабилизирање на природната рамнотежа на скалпот, умерено излачување на лојните жлезди и одржување на неговата заштитна функција. ALPECIN A2 ACTIVE состојки: -Бисаболол, носејќи ги антисептичните и антибактериски својства на камилицата ја смирува кожата и го ублажува чешањето. -Алантоин, природно го заштитува чувствителниот скалп од бројни воспаленија. -Кофеин, овозможува активна регенерација на кожата и косата.

Alpecin C1 Caffeine шампон

Иновативната формула на ALPECIN C1 CAFFEINE SHAMPOO нуди нов пристап во активниот третман на проблемот со опаѓање на косата, притоа подобрувајќи ја нејзината структура и поттикнувајќи го растот на влакното дури од коренот. Уникатните активни својства на кофеинот за само 2 минути продираат длабоко во фоликулите на влакната, го неутрализираат негативното дејство на тестостеронот и го спречуваат наследното губење на коса. При секојдневна употреба на ALPECIN C1 кофеинскиот шампон се продолжува фазата на раст на влакното, а косата станува поцврста, поздрава и посјајна.

Alpecin Caffeine лосион

ALPECIN CAFFEINE LIQUID е делотворен лосион, којшто успешно ги продолжува и подобрува ефектите од употребата на ALPECIN C1 CAFFEINE SHAMPOO. Богатиот кофеински комплекс во лосионот, зголемувајќи ја активноста во фоликулите, го забрзува и продолжува растот на влакната и го спречува предвременото опаѓање на косата. Со продолжено дејство, во текот на 24 часа од нанесувањето, ALPECIN CAFFEINE LIQUID се препорачува за секојдневна употреба

Alpecin Double Effect шампон

Револуционерниот шампон ALPECIN DOUBLE EFFECT SHAMPOO со нова, сигурна и ефикасна формула помага за едновремено решавање на двата најчести проблеми на скалпот, првутот и опаѓањето на косата. Комбинирајќи ги делотворноста на салицилната киселина и пироктон оламинот, од една страна, и уникатниот кофеински комплекс, од друга страна, ALPECIN шампонот против првут и опаѓање на косата пројавува два неверојатни ефекти: 1 Ефект Преку нежен и противвоспалителен пилинг на скалпот, темелно се отстрануваат мртвите клетки, се ублажува чешањето, првутот исчезнува, а скалпот почнува да се регенерира. 2 Ефект Темелно отстранетиот првут отвора пат за слободен и брз продор на активните состојки од богатиот кофеински комплекс, коишто непречено стигнуваат до коренот на влакното и го снабдуваат со неопходната енергија за продолжен и забрзан раст, давајќи и на косата убав и здрав изглед. Делотворноста на кофеинот започнува во првите 2 минути од нанесувањето и трае во текот на 24 часа од употребата на ALPECIN DOUBLE EFFECT SHAMPOO.

Alpecin Tuning шампон

ALPECIN TUNING SHAMPOO претставува нов, делотворен производ од палетата на Alpecin наменет за обновување на природната боја на косата и покривање на седите влакна. Со текот на годините, губејќи ја моќта за синтеза на меланин пигментите во коренот на влакната, косата започнува да ги губи бојата и сјајот. Затоа ALPECIN TUNING SHAMPOO со интензивни пигменти продира длабоко во структурата на влакната, нагласувајќи го природниот тон на темната коса и успешно покривајќи ги седите влакна. Редовната употреба на ALPECIN TUNING SHAMPOO ја прави косата потемна, го намалува бројот на седи влакна, го спречува наследното губење на коса, правејќи ја истата поцврста, поздрава и посјајна.

Alpecin Hybrid Coffeinee шампон

Не е секој првут ист. Постојат сув и масен првут кој не се отстранува со било каков шампон. Вистинското решение за овој проблем е иновативната хибридна технологија од лабараториите на фармацевтската компанија Dr. Wolff. Специјално одбрана формулација, ефикасно го отстранува првутот, ја хидрира кожата и го намалува чешањето. Патентираниот моќен кофеин делува како гориво на коренот на влакната, давајќи енергија и стимулирајќи понатамошен раст и обнова на косата. Смислата на хибрдината функција е во истовремен дејство и против сувиот првут и против опаѓање на косата.
PLANTUR 39 претставува резултат на долгогодишната, посветена и исцрпна работа во лабораториите на DR. KURT WOLFF за создавање на делотворни, квалитетни и сигурни производи, за помош на милиони жени ширум светот при решавање на проблемите со предвременото и зголемено опаѓање на косата во периодот на менопауза. Со намалување на нивото на естроген косата започнува да ја губи својата виталност, станувајќи потенка и поретка, што доведува до забавен раст под влијание на тестостеронот. Производите со знакот на PLANTUR 39, благодарение на активните својства на фитокофеинскиот комплекс, ги ублажуваат проблемите со опаѓањето на косата, го поттикнуваат нејзиниот раст, правејќи ја истата поцврста, погуста, поздрава и посјајна.

Plantur 39 фито-кофеински шампон (за мека и светла коса)

Кофеинот во Плантур 39 Фито-Кофеинскиот шампон го спречува исцрпувањето предизвикано од хормоните кои го потикнуваат растот на коса. За време на миење на косата, активната состојка продира до фоликулот, каде што може да се примети доколку шампонот остане околу 120 секунди на вашата коса. Покрај тоа, фитофлавоните од белиот чај ја зајакнуваат отпорноста во скалпот и фоликулите на косата и ја подобруваат нивната способност да се регенерираат.

Plantur 21 нутри-кофеински шампон

Благодарение на уникатната галеника на овој шампон, нутри-кофеинскиот комплекс екстракт продира до фоликулите на косата додека ја миете. Кофеинот Plantur 21 се вкоренува во корените на косата по само 120 секунди. Клучните микронутриенти како што се биотинот, магнезиумот, калциумот и цинкот додаваат само дополнителен ефект. Тие се важни фактори за силен и здрав раст на косата.

Plantur 39 фито-кофеински шампон (+40 годишна возраст)

Кофеинот во Плантур 39 Фито-Кофеинскиот шампон го спречува исцрпувањето предизвикано од хормоните кои го потикнуваат растот на коса. За време на миење на косата, активната состојка продира до фоликулот, каде што може да се примети доколку шампонот остане околу 120 секунди на вашата коса. Покрај тоа, фитофлавоните од белиот чај ја зајакнуваат отпорноста во скалпот и фоликулите на косата и ја подобруваат нивната способност да се регенерираат.