Damor

Фармацевтската компанија ДАМОР (Farmaceutici DAMOR) е основана во 1943 година, како галенска лаборатија во Неапол, јужна Италија

Денес, фармацевтската компанија ДАМОР е една од најцелосно сертифицираните фабрики за лекови во Италија

• Во 2017 година е развиен и патентиран иновативниот процес на екстракција од семињата на пченицата (Triticum Vulgare). Овој процес претставува основа на технолошкиот развој на компанијата, како и нејзина специјализација во областа на природни био-фармацевтски препарати.

• Фармацевтската компанија ДАМОР целосно го контролира производствениот процес на водениот екстракт од пченицата (Triticum Vulgare Water Extract), од појдовната суровина до финалните производи, со целосно валидирана и сертифицирана LQC опрема.

• Активните состојки од конкретниот воден екстракт од пченица, се добиваат преку глобално стандардизиран и патентиран процес.

Избор на продукти

Fitostimoline® Плус Крем

• Со Ригеназа® (екстракт од пченица) и Полихексанид.

Fitostimoline® плус кремот е медицинско средство кое се состои од хидро-дисперзибилен крем за дерматолошка употреба

• Fitostimoline® плус кремот формира заштитна бариера од надворешната средина со создавање поволни услови за брзо и правилно реепителизирање на кожата и придонесува да се одржи микросредината под контрола. Производот е индициран за третман на чиреви, воспаленија, рани, изгореници од прв и втор степен, изгореници, гребнатини.

• Наменет за топикална употреба

• Ригеназа® е специфичен екстракт од ‘ртена пченица.

• Присуството на полихексанид го намалува ризикот од бактериска контаминација.

Fitostimoline® Плус ГАЗИ

Fitostimoline® plus газите се медицинско средство за дерматолошка употреба што содржи гази импрегнирани со хидродисперзи-билен крем.

Fitostimoline® plus газите, после нанесување, формираат заштитна бариера од надворешната средина создавајќи поволни услови за брза и правилна ре-епителизација на местото на повредата на кожата и придонесуваат за одржување на микросредината под контрола.

Производот е индициран за третман на чиреви, декубитуси, воспаленија, рани, изгореници од прв и втор степен, изгореници, гребнатини…односно, сите состојби каде е потребно брзо и правилно обновување на кожата

Fitostimoline® ХИДРОГЕЛ

• Fitostimoline®хидрогелот, благодарение на неговата посебна формулација (која содржи Ригеназа®) формира заштитна бариера од надворешната средина со создавање поволни услови за брзо и правилно реепителизирање на кожата и придонесува да се одржи микросредината под контрола. Производот е индициран за третман на чиреви, воспаленија, рани, изгореници од прв и втор степен, изгореници, гребнатини.

• Специфичната формулација на хидрогелот, благодарение на содржината од 87% вода, го олеснува отстранувањето на изумреното ткиво преку автолиза и/или отпаѓање.

Присуството на полихексанид и киселата pH средина го намалуваат ризикот од контаминација со габи и бактерии

Jalma® гингивал гел

Jalma® гингивал гелот, благодарение на неговата посебна формулација (која содржи Ригеназа®), формира заштитен филм на лезијата, придонесувајќи за брза и правилна реепителизација на непцата и оралната мукоза и одржување на микросредината под контрола.

Производот е индициран за превенција и ублажување на проблеми со непцата и оралната мукоза:

• заболени непца

• после мали стоматолошки операции (скалирање и други специфични интервенции за орална хигиена)

• пред и по употребата на протетски и ортодонтски помагала

• во случај на мали изгореници и афти

Jalma® спреј, раствор за орална мукоза

Производот е индициран за превенција и ублажување на проблеми со непцата и оралната мукоза:

• заболени непца

• после мали стоматолошки операции (скалирање и други специфични интервенции за орална хигиена)

• пред и по употребата на протетски и ортодонтски помагала

• во случај на мали изгореници и афти