Dr. Wolff

Dr. Wolff

116 години посветеност, искуство, квалитет, континуитет и традиција впишани зад името на групацијата DR. WOLFF се потврда за успешното делување и опстојување на глобалниот фармацевтски пазар. Насочена кон истражување, развој, производство и промоција на иновативни, научно-докажани, висококвалитетни и делотворни производи, групацијата ги пласира своите брендови преку две компании, DR. AUGUST WOLFF и DR. KURT WOLFF, ширум светот. Преку ангажирање на најдобрите фармацевти и дерматолози, следење на моменталните текови и трендови, и почитување на строгите стандарди за квалитет компанијата DR. AUGUST WOLFF, исполнувајќи ги потребите на клиентите и барањата на соработниците, ги пласира своите брендови: LINOLA- за помош при сува и иритирана кожа, VAGISAN- за подобрување и враќање на интимното здравје, ACNE ATTACK- делотворно решение за проблемите со акни и др.

Избор на продукти

Vagisan Lactic Acid вагитории

Vagisan вагиториите претставуваат висококвалитетен, потврден производ наменет за воспоставување, обновување и одржување на природното вагинално pH ниво, спречувајќи го на тој начин развојот на воспаленија, бактериски, вирусни и габични инфекции, коишто би ја нарушиле вагиналната флора, но и како дополнување на користењето на антибиотици и орални контрацептиви. VAGISAN LACTIC ACID во својот состав содржат млечна киселина и натриум лактат што ги прави безбедни за користење за време на бременост и доење.

Vagisan Intimate Wash лосион

Соединувајќи ги активните, благопријатни својства на млечната киселина и камилицата VAGISAN INTIMATE WASH LOTION се изделува како делотворен и нежен лосион којшто помага за нормализирање на нарушената вагиналната флора, враќање и одржување на природната вагинална pH рамнотежа, но и за секојдневна хигиена на интимните делови, спречувајќи притоа бројни воспаленија и инфекции. VAGISAN лосионот за интимна нега се препорачува да се користи заедно со лекови коишто можат да предизвикаат нарушување на вагиналната флора. Производот е безбеден за употреба кај бремени жени и доилки.

Linola Fett крем

LINOLA FETT претставува делотворна, проверена и потврдена синтеза на долгогодишно искуство, традиција и квалитет во грижата и нега на сувата, иритирана и оштетена кожа. Богат со незаситени масни киселини навлажнувачкиот крем се издвојува како ефикасна помош за многубројните проблеми со постојаното чешање, лупење, зацрвенување и напукнување на сувата кожа. LINOLA FETT кремот го поттикнува и забрзува процесот на регенерација и ревитализација на кожата, враќајќи ги нејзината еластичност, виталност и здрав изглед.

Acknefug Oxid Wash суспензија

AKNEFUG OXID WASH претставува ефикасен производ наменет за помош при благи и умерени облици на акни. AKNEFUG OXID WASH суспензијата содржи бензоил пероксид којшто темелно и антибактериски ја чисти проблематичната кожа. Производот се препорачува за употреба кај возрасни и деца над 12 години.