По повод празникот 8ми септември – денот на независноста и денот на ослободувањето на Крушево, ЕУРО-ФАРМ беше покровител на дел од настанот во организација на општината. Во вечерниот дел од прославата, во градскиот парк во Крушево, настапи Кристина Арнаудова, а во текот на денот беше организиран планинарски марш од манастирот Свето Преображение-Крушево па се до врвот Мусица.
Маршот претставува традиција во Општина Крушево и оваа година го поддржаа голем број на граѓани. ЕУРО-ФАРМ продолжува со своите активности на општествено одговорна компанија и верен пријател на културата и спортот.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: септември 8, 2019
- Tags: општествена одговорност