Градиме водечки брендови на нови пазари!
MAXIMA HEALTHCARE е млада, иновативна, брзорастечка, извозно ориентирана фармацевтска компанија, којашто успешно ги идентификува, развива и остварува потребите и барањата на глобалниот пазар на лекови, помагала, додатоци и средства за здравствена заштита.
Сплотувајќи посветеност, визија и добра развојна стратегија компанијата е насочена кон нови пазари, каде со својот квалитет помага во промовирањето на новите достигнувања во фармацевтската индустрија.
Водена од принципите за иновативни производи, меѓународна промоција и глобален отворен пазар MAXIMA HEALTHCARE се фокусира на ОТЦ лековите и производите за здравствена превенција.