Политиката на „ЕУРО-ФАРМ“ за управување со квалитет и заштита на животната средина се темели на посветеноста на персоналот за задоволување на потребите и очекувањата на купувачите преку следниве постулати:
-
Исполнување на барањата и задоволствата на нашите клиенти, преку трговија со најсовремени фармацевтски производи во согласност со соодветните закони, прописи и други барања поврзани со заштита на животната средина и дејноста на „ЕУРО-ФАРМ“;
-
Добавувачите како партнери, ги избираме преку оценување на нивната способност во исполнувањето на нашите барања, за производство на квалитетни фармацевтски производи и заштита на животната средина;
-
Персоналот на „ЕУРО-ФАРМ” е јадрото на организацијата, оттука Менаџментот својата визија и целите на истата, ги исполнува преку неговата компетентност, знаење и искуство;
-
Постојаното подобрување на интегрираниот Систем за управување со квалитет и заштита на животната средина, го постигнуваме со анализа на производствените/ услужните процеси и аспектите врз животната средина, како и исполнувањето и надминувањето на очекувањата;
-
Едукација и подигање на свеста на вработените за превентивно делување и постојано подобрување на квалитетот и заштитата на животната средина;
-
Разгледување на мислењата и сугестиите на сите заинтересирани страни и преземање на адекватни мерки за унапредување на интегрираниот Систем за управување со квалитетот и заштита на животната средина;
-
Превенција од несакани ефекти, во сите етапи на процесот, преку почитување на добрите производни и хигиенски практики.
МОТО:
НИЕ ПОСТОИМЕ ЗА ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!
Коментирајте