
Оттука, мотивираниот и висококвалификуван кадар, заедно со тимот на експерти од областа на биологијата, медицината и козметологијата ја користи модерната и софистицирана технологија за дизајн, развој и производство на иновативни, функционални, квалитетни и сигурни производи, коишто нудат пријатно чувство на нежност, мекост и комфор.
Секојдневно следејќи ги потребите и барањата на светскиот пазар COTTON SOUND работи на надградување и усовршување на постојните, но и новите палети на производи за одржување на лична хигиена, отстранување на шминка, марамчиња, медицински производи од памук и др.
Комбинирајќи 100% чист памук и делотворен бамбус BAMBOO COTTON DISKS се издвојуваат како висококвалитетен производ за секојдневно темелно чистење на кожата.
Благодарение на бамбусот, источниот симбол на младоста, здравјето и убавината, блазниците се одликуваат со изразита мекост, издржливост и голема впивливост.
BAMBOO COTTON DISKS заедно со производите за чистење на кожа претставуваат идеално решение за отстранување на шминка и длабинско и темелно чистење на кожата.
Пакувањето содржи 70 биоразградливи блазници за секојдневна нега.
56 BABY COTTON BUDS се сигурен, безбеден и проверен производ направен од 100% чист, природен и квалитетен памук.
Со практичен и прилагодлив дизајн чепкалките со граничник се погодни за секојдневно одржување на личната хигиена кај деца и возрасни.
Пакувањето содржи 56 единечни чепкалки за еднократна употреба.
COTTON DISKS се квалитетни блазници од 100% чист и природен памук наменети за секојдневна нега на кожата.
Со својата компактност, издржливост и мекост блазниците нудат благопријатна нежност при отстранување на шминката и чистење на кожата.
Пакувањето содржи 80 биоразградливи блазници за секојдневна нега.
Бактериолошки чисти, со целосно отсуство на хемиски адитиви во фазата на производство, овие марамици за бришење најкорисни се за оние на кои им се појавува црвенило на кожата. Хипералергични, биоразградливи, со многу висока апсорпција и отпорни на вода. Марамчиња од чиста памучна волна и сребрени микрочестички може да се сметаат како целосно еколошки продукти, бидејќи се правени од природни влакна и во незагаден производен циклус.
Коментирајте