
Во овие тешки времиња за сите нас, обезбедувањето на секаков вид на помош за здравствениот систем, здравствените работници и пациентите се приоритет на целото општество. Водени од тоа, во изминатиов период се вклучивме и во помагање на здравствениот систем кој се справува со големи предизвици. Со наши донации вклучени сме во секојдневното снабдување со потребните лекови (дневна терапија) за сите наши сограѓани и лица кои се наоѓаат во објектите кои се именувани како Државни карантини. Исто така, во досегашниот период обезбедивме и неколку помали донации од медицински и хигиенски средства за други јавни, здравствени и социјални институции во нашата земја.
Денес, нашата компанија потпиша и договор за набавка на 50 медицински кревети кои ќе бидат донирани за потребите на Универзитетската Инфективна клиника во рамките на Клиничкиот Центар ,,Мајка Тереза. ЕУРО-ФАРМ изразува благодарност и поддршка на здравствените работници во земјава кои се изложени на секојдневни ризици во својата професионална работа, како и желба и повик за истрајност до сите македонски граѓани заедно да го надминеме и победиме Ковид 19.
Ние и во натамошниот период ќе останеме максимално посветени во справување со оваа тешка здравствена грижа и ќе се трудиме целосно да ги одржиме во функција сите наши капацитети.
Ние постоиме за да грижиме за вашето здравје!