• македонски јазик
  • English

ЛОКАЦИЈА

Антон Попов бр.5, 1000 Скопје, Р.Македонија

+389 2 321 27 00

Контактирајте нѐ

Coswell

COSWELL
ISOMAR – Најчистата морска вода од Медитеранот

Од 1986 година тим на искусни фармацевти, хемичари и козметолози создаваат висококвалитетни и иновативни производи, комбинирајќи го најчистото, најбогатото и најдоброто од природата во 16 различни палети на производи со логото на EURITALIA, којашто од 2008 година е дел од групацијата COSWELL.

Водена од грижата за здравјето, професионализмот и иновативноста, примарна цел на компанијата се задоволните клиенти и здравите пациенти насекаде низ светот.

Користејќи ги благодетите на бактериски најчистата и минералошки најбогатата морска вода од Медитеранот (регионот на Чинкве Тере) COSWELL ги пласира производите ISOMAR коишто со својот избалансиран состав нудат лесно и брзо одржување на секојдневната хигиена на носот, ушите, устата и очите.

Широкиот спектар на производи овозможува делотворна заштита од настинки, инфекции, воспаленија, респираторни алергии, синуситис, ринитис, иритации, печење и чешање на очите, кои се јавуваат како резултат на штетното влијание на бројни алергени, патогени, вируси, бактерии, прашина, чад, полен и сл.

ISOMAR NOSE & EARS DAILY HYGIENE SPRAY

ISOMAR изотоничен спреј за нос и уши

ISOMAR NOSE & EARS DAILY HYGIENE SPRAY претставува делотворен изотоничен физиолошки раствор на бактериски најчистата и минералошки најбогатата морска вода од Медитеранот.

Создаден за секојдневна хигиена на носот и ушите спрејот е корисен како при настинки, ринитис, синуситис, респираторни алергии, така и за превенирање на ушни заболувања. ISOMAR изотоничниот спреј за нос и уши е безбеден за употреба кај возрасни, бремени жени, доилки и деца над 1 година.

ISOMAR NOSE BABY SPRAY NO GAS
ISOMAR изотоничен бебе спреј за нос

ISOMAR изотоничниот бебе спреј за нос е проверен и сигурен препарат којшто користејќи ја делотворноста на морската вода помага во одржувањето на хигиената на носот и намалувањето на штетното влијание на бројни алергени, патогени, вируси, бактерии, прашина, чад, полен и сл.

Секојдневната употреба на ISOMAR NOSE BABY SPRAY NO GAS ја навлажнува носната слузокожа, притоа не создавајќи зависност и контраиндикации, што овозможува истиот да се употребува неколку пати во текот на денот, како кај бебиња од 6 месеци, па нагоре, така и кај возрасни.

ISOMAR изотоничниот бебе спреј за нос може да се користи за повеќе од 400 вшприцувања.

ISOMAR NOSE ALLERGY SPRAY
ISOMAR спреј за алергии

ISOMAR NOSE ALLERGY SPRAY е докажано и проверено решение во справувањето со респираторните алергии кај деца и возрасни.

Благодарение на богатиот природен состав спрејот ја смирува и навлажнува иритираната носна слузокожа, што помага во ублажувањето и отстранувањето на симптомите на алергиски ринитис.

Притоа делотворноста на ISOMAR спрејот за алергии е резултат на внимателно избраната комбинација на:

Прочистена изотонична морска вода (0,9% натриум хлорид) којашто помага во чистењето на носната празнина;

Бета-глукани, природни квасни супстанци со имуностимулативни својства, кои ги спречуваат сушењето и појавата на црвенило на носната слузокожа;

Алое вера и црн слез задолжени за создавање на тенок заштитен слој, којшто го оневозможува контактот на алергените со надворешната средина;

Етерично масло од евкалиптус кое делува антисептично и противвоспалително, давајќи чувство на свежина во горните дишни патишта.

ISOMAR NOSE DECONGESTANT VIALS
ISOMAR деконгестивни вијали за нос

ISOMAR деконгестивните вијали за нос се делотворен производ којшто помага во третманот на носната конгестија при настинки и алергии.

Хипертоничната морска вода не ја оштетува носната слузокожа и не создава зависност што ги прави вијалите погодни за возрасни, деца и бебиња од 6 месеци, па нагоре.

Секое пакување на ISOMAR NOSE DECONGESTANT VIALS се состои од 18 стерилни вијали за третман не подолг од 2 недели.

ISOMAR NASAL ASPIRATOR
ISOMAR аспиратор за нос

ISOMAR NASAL ASPIRATOR е практичен производ создаден за дренажа на слузокожните секрети, коишто го опструираат бебешкиот нос, со што се попречува правилното дишење.

ISOMAR аспираторот за нос безбедно и лесно ги отвора носните празнини, овозможувајќи поголема ефикасност на терапијата со аеросоли.

Пакувањето се состои од 4 антибактериски филтри, коишто поставени на крајот на цевчето за аспирација, ја намалуваат потребата од менување на истото после секоја употреба.

ISOMAR THROAT SPRAY
ISOMAR спреј за грло

ISOMAR спрејот за грло е висококвалитетен производ на база на хипотонична морска вода корисен за рехидратација на усната празнина и делотворен за намалување на болката во грлото и превенција од појава на црвенило, како резултат на надворешни влијанија и климатски промени.

ISOMAR THROAT SPRAY е природна синтеза на:

Хипотонична морска вода од Медитеранот којашто стимулира поголема осмотска апсорпција, подобрувајќи ги притоа хидратациските нивоа на усната слузокожа;

Бетаин, ефикасниот борец против недоволното лачење на плунка и непријатниот здив;

Ехинацеа задолжена за подобрување на благосостојбата на горните дишни патишта;

Прополис којшто помага во заштитата на усната празнина.

Спрејот е наменет за возрасни и деца над 2 години.

ISOMAR OCCHI MULTIDOSE EYE DROPS
ISOMAR капки за очи

ISOMAR OCCHI MULTIDOSE EYE DROPS капките за очи се делотворен производ којшто свежината на морската вода ја користи за смирување, навлажнување и освежување на очите.

Корисни при црвенила, иритации, печење, чешање и воспаленија на очите, предизвикани од надворешни влијанија како ветар, сончева светлина, прашина, чад, полен, соленост, суво опкружување (клима уреди), продолжен престој пред екран, како и употреба на контактни леќи, ISOMAR капките за очи благодарение на навлажнувачкото антибактериско дејство на хијалуронската киселина и хипромелозата даваат продолжено пријатно на свежина и олеснување.

ISOMAR OCCHI MULTIDOSE EYE DROPS капките за очи не содржат бензалкониум хлорид и се безбедни за користење при употреба на контактни леќи.

ISOMAR OCCHI PLUS EYE DROPS
ISOMAR PLUS капки за очи

Иновативната формула на ISOMAR PLUS капките за очи нуди нов пристап во третманот на суви очи, печење и иритација.

Сплотувајќи го најдоброто од природата ISOMAR OCCHI PLUS EYE DROPS помагаат во ублажувањето и ослободувањето од симптомите на суви очи на 5 различни начини:

Осмопротективно– Благодарение на внимателно развиениот (Isoeye Plus) комплекс капките ја навлажнуваат и заштитуваат рожницата, помагајќи во враќањето на природната осмотска рамнотежа;

Рехидрирачки- Активирајќи ја делотворноста на хипотоничната морска вода се поттикнува подобра осмотска апсорпција и прочистување на очите;

Навлажнувачки- Комбинацијата на хијалуронска киселина и хипромелоза го намалува испарувањето на солзниот филм;

Освежувачки- Богатиот природен состав овозможува чувство на продолжена свежина и олеснување;

Смирувачки– Екстрактите од син цвет и невен ги ублажуваат црвенилото и иритацијата.

ISOMAR PLUS капките за очи не содржат бензалкониум хлорид.

ISOMAR NOSE & EYES DAILY HYGIENE VIALS
ISOMAR изотонични вијали за нос и очи

ISOMAR NOSE & EYES DAILY HYGIENE VIALS изотоничните вијали се ефикасен производ наменет за секојдневна хигиена на носот и очите кај бебиња, деца и возрасни.

Благодарение на природниот состав и внимателно избраниот дизајн ISOMAR изотоничните вијали се лесни за употреба при дневно прочистување на носот или миење на очите.

Во секое пакување се наоѓаат по 24 вијали за повеќекратна употреба.

ISOMAR NOSE BABY SPRAY CHAMOMILE
ISOMAR изотоничен бебе спреј за нос со камилица

Комбинирајќи ги чистата изотоничка морска вода и смирувачкиот екстракт од камилица ISOMAR NOSE BABY SPRAY CHAMOMILE се промовира како делотворен производ за дневна хигиена на носот и превенција од настинки.

Природната синергија на ISOMAR изотоничниот бебе спреј за нос со камилица овозможува, од една страна, прочистување на носот со морска вода и спречување на развојот на настинки, бронхитис, синуситис, ринитис и алергии, и од друга страна смирување и проширување на носните канали сè со цел полесно дишење.

Спрејот е безбеден и не создава зависност при секојдневна употреба кај возрасни и деца над 1 година.

ISOMAR NOSE DECONGESTANT SPRAY
ISOMAR деконгестивен спреј за нос

ISOMAR NOSE DECONGESTANT SPRAY е хипертоничен раствор на чиста морска вода којшто помага за ефикасна природна деконгестија на носното ткиво и ослободување од прекумерниот секрет во носот по пат на осмоза.

ISOMAR деконгестивниот спреј темелно чистејќи ги носните празнини ја навлажнува носната слузокожа и ги намалува отоците во горните дишни патишта што придонесува за олеснето дишење при настинки, ринитис, синуситис и алергии.

Спрејот е наменет за возрасни и деца над 1 година при третман не подолг од 2 недели.

 

ISOMAR NOSE DECONGESTANT SPRAY NO GAS
ISOMAR деконгестивен спреј за нос без гас

ISOMAR NOSE DECONGESTANT SPRAY NO GAS сплотувајќи ги делотворноста на хипертоничната морска вода и свежината на ментата и еукалиптусот се истакнува како ефикасно решение при респираторна конгестија.

Деконгестивниот спреј без пропелент-инертен гас е корисен како за деца, така и за возрасни, создавајќи моментално чувство на свежина и леснина при дишењето.

ISOMAR EARS SPRAY
ISOMAR изотоничен спреј за уши

ISOMAR спрејот за уши претставува проверен и ефикасен изотоничен раствор на морска вода наменет за одржување на секојдневната хигиена на ушите кај возрасни, деца и бебиња над 6 месеци.

ISOMAR EARS SPRAY без пропелент гас е погоден за нежно чистење и миење на ушните канали, отстранувајќи го притоа восочниот слој и насобраните нечистотии, што помага во превенирањето од можни болести на ушите.

ISOMAR BLU BIOTOOTHPASTE
ISOMAR паста за заби

ISOMAR BLU BIOTOOTHPASTE претставува единствена паста за заби којашто ги користи благодетите на морската вода во функција на оралното здравје.

Богата со природни минерали пастата има антибактериско и антисептично дејство кое помага во негата и заштитата на непцата и забите, притоа зајакнувајќи ја глеѓта.

ISOMAR забната паста е безбедна за употреба кај возрасни и деца, а се препорачува при проблеми со отечени, црвени и крвави непца.

ISOMAR OCCHI SINGLE DOSE EYE DROPS
ISOMAR капки за очи (единечни дози)

Единечните дози на ISOMAR капките за очи се практичен производ дизајниран за лесна, едноставна и брза употреба. Наменети за навлажнување и смирување на бројни воспаленија, иритации, црвенила, печење и чешање на очите, ISOMAR OCCHI SINGLE DOSE EYE DROPS не содржат бензалкониум хлорид и се погодни за употреба кај деца и возрасни.

Секое пакување содржи 15 единечни дози на ISOMAR капките за очи за еднократна употреба.

ISOMAR OCCHI EYE BATH
16-isomar-occhi-eye-bath

error: Content is protected !!