Microlife

Доживотен партнер на луѓето. 1981 година се роди MICROLIFE, доживотниот партнер на луѓето и глобален лидер на пазарот за производство и развој на медицинска дијагностичка опрема, како за домашна, така и за професионална употреба. Успешната приказна на водечкиот светски производител на термометри започнува со претставувањето на првата напредна генерација на дигитални термометри, којашто постави нови стандарди за следење и контрола на телесната температура. Иновативните, модерни и висококвалитетни производи на MICROLIFE овозможуваат брзи, сигурни и беспрекорно точни резултати од мерењето на крвен притисок, плус, аритмија, телесна температура и сл. Бројните меѓународни награди и признанија и задоволните клиенти ширум светот сведочат за реномето и квалитетот на MICROLIFE. Овластен сервис на MICROLIFE за Македонија – Еурофарм. Ул. Антон Попов, бр. 5, 1000 Скопје. Телефон: +389 70 307 960

Избор на продукти

Компресор небулизатор NEB 210

Компресор небулизатор NEB 210 e систем за аеросолна терапија погоден за домашна употреба. Апаратот е дизајниран за производство на компримиран воздух – медицински аеросол при третирање на респираторни нарушувања. Уредот е наменет за употреба со деца постари од 2 години, адолесценти и возрасни пациенти.

GlucoTeq мерач на гликемија BGM 200

Мерачот Microlife GlucoTeq ја користи најновата технологија за да ви овозможи лесно и удобно тестирање. За мерачот е потребно само 0,5 uL примерок од крв за да го заврши тестирањето за само 5 секунди.

GlucoTeq Microlife тест ленти IB BGM 200 GlucoTeq EN 2020

Тест лентите за гликемија Microlife GlucoTeq се користат со мерачот на гликемија Microlife GlucoTeq. Тие се наменети за само-тестирање од лица со дијабетес во домашни услови и од здравствени работници во клинички услови за следење на концентрациите на гликоза во крвта.

Microlife BP B3 AFIB апарат за мерење притисок

Овој осцилометриски монитор на крвен притисок е наменет за мерење на неинвазивен крвен притисок кај лица на возраст од 12 години или постари. Клинички е валидиран кај пациенти со хипертензија, хипотензија, дијабетес, бременост, прееклампсија, атеросклероза, крајна фаза на бубрежна болест, дебелина и постари лица.

Microlife Bluetooth Patch PT термометар

MICROLIFE BLUETOOTH PATCH THERMOMETER PT 200 е висококвалитетен производ кој ја инкорпорира најновата технологија и обезбедува брзо, стабилно и сигурно мерење Мерењето се врши на секои 5 секунди и се пренесува на апликација на вашиот мобилен телефон, користејќи ја Bluetooth® 4.0 функцијата. Поседува аларм за висока температура: Континуирани звучни сигнали (сè додека корисникот не го прифати предупредувањето) на Апликацијата «Microlife Thermo 24», предупредуваат дека температурата на телото е еднаква или повисока од 37,5 ° C. Стандардното сетирање на алармот е 37,5 ° C. Корисникот исто така може да постави и индивидуални алармни точки за високи и ниски температури. Уредот врши само-проверка секогаш кога ќе го вклучите и ја гарантира специфичната точност на секое мерење.

Microlife MT 1751 цуцла-термометар

Microlife преку MT 1751 DIGITAL PACIFIER THERMOMETER претстави еден од најдобрите дигитални педијатриски термометри, којшто на забавен, нежен и лесен начин овозможува точно и сигурно следење на промените на телесната температура кај бебиња и деца. Благодарение на практичниот, прилагодлив и водоотпорен дизајн MT 1751 дигиталниот термометар со облик на цуцла нуди веродостојни резултати во опсег од 32.0° до 43.9°С, со просечно време на одредување на телесната температура од 5 минути и вградена меморија. MICROLIFE MT 1751 DIGITAL PACIFIER THERMOMETER е остварување на потребите, барањата и очекувањата на милиони родители ширум светот.

Microlife NC 100 бесконтактен термометар

MICROLIFE NC 100 NON CONTACT THERMOMETER е револуционерен дигитален термометар од новата генерација на Microlife инфрацрвени термометри, којшто ја користи модерната инфрацрвена технологија за безконтактно, лесно и брзо мерење на температурата. Како резултат на софистицираниот дизајн, повеќенаменската употреба и широката примена MICROLIFE NC 100 за само 3 секунди, без допир, едноставно и прецизно ја определува како телесната температура во опсег од 34.0° до 42.2°С, така и амбиенталната температура во опсег од 0° до 100°С. Термометарот има вградена меморија за бележење на 30 последователни резултати.

Microlife BP W90 апарат за мерење на крвен притисок

Следејќи ги најстрогите светски стандарди за квалитет, Microlife разви нова генерација на зглобни апарати за мерење на крвен притисок, меѓу коишто и MICROLIFE BP W90. Брзите, сигурни и беспрекорно точни мерења на пулсот и крвниот притисок, дополнети со предупредувања за срцеви аритмии се резултат на софистицираниот дизајн, бројните напредни функции и лесното ракување со MICROLIFE BP W90 BLOOD PRESSURE MONITOR. MICROLIFE BP W90 поседува вградена меморија и можност за бележење на резултати од 100 последователни мерења на 2 одделни корисници.

Microlife FH 80 електрична перница

MICROLIFE FH 80 електричната перница претставува безбеден, проверен и корисен производ наменет за ефикасна и делотворна термотерапија. Истакнувајќи се со компактен и прилагодлив дизајн, едноставна употреба, висок степен на безбедност, лесно загревање, 4 нивоа на топлина, рамномерно распределување на истата и автоматско исклучување, MICROLIFE FH 80 HEATING PAD овозможува делотворни резултати при највисок комфор.

Microlife BP AG1-30 комплет за мерење на крвен притисок

Економичниот комплет за мерење на крвен притисок од манометарската програма на Microlife, MICROLIFE BP AG1-30, се истакнува со својот практичен дизајн, едноставна употреба и голема прецизност, со што ја заслужи ѝ препораката од лекарите. Комплетот содржи: висококвалитетен сфигмоманометар, стетоскоп, стандардни манжетни, пумпа, регулационен вентил и мека практична торбичка.

Microlife BP A1 80 апарат за мерење на крвен притисок

MICROLIFE BP A1 е најмалиот, наједноставниот и најефикасниот автоматски апарат за мерење на крвен притисок од програмата на Microlife, којшто овозможува лесно, точно, сигурно и навремено следење на сите промени на крвниот притисок. Со модерен и прилагодлив дизајн, дополнет со PAD технологија, којашто ги открива и сигнализира сите неправилности при срцевите отчукувања, MICROLIFE BP A1 овозможува истовремени прецизни мерања на пулсот и крвниот притисок.

Microlife ST 77 Sprague-rapparort стетоскоп

MICROLIFE ST 77 SPRAGUE-RAPPARORT STETHOSCOPE претставува професионален, висококвалитетен, мултифункционален стетоскоп со повеќенаменска употреба. Сплотувајќи 5 различни намени, висока акустика за јасно разликување на ниски и високи фреквенции, 3 прилагодливи глави за бебиња, деца и возрасни, 3 различни ушни додатоци, MICROLIFE ST 77 стетоскопот овозможува сигурни и точни резултати.

Microlife BP AG1-20 комплет за мерење на крвен притисок

MICROLIFE BP AG1-20 ANEROID BLOOD PRESSURE KIT претставува практичен основен комплет наменет за прецизно и лесно мерење на крвниот притисок. Комплетот содржи: висококвалитетен сфигмоманометар, стетоскоп, стандардни манжетни, пумпа, регулационен вентил и мека практична торбичка.

Microlife NEB 500 vital

Microlife NEB 500 Vital е професионален небулизатор за инхалациска терапија на астма, хроничен бронхитис и други респираторни болести. Работењето и користењето на уредот е многу едноставно. Сите заеднички течни лекови може да се користат за инхалациска терапија.

Microlife BP AG1-40 комплет за мерење на крвен притисок

Комбинирајќи ги добрите перформанси на останатите манометарски комплети за мерење на крвен притисок, MICROLIFE BP AG1-40 е надграден и усовршен на повисоко ниво. Со ергономски дизајн, широк опсег на манжетните, оптимално пумпање и испумпување и голема прецизност во мерењето MICROLIFE BP AG1-40 ANEROID BLOOD PRESSURE KIT се препорачува за професионална употреба. Комплетот содржи: висококвалитетен сфигмоманометар, стетоскоп, професионални манжетни, пумпа, регулационен вентил и мека практична торбичка.

Microlife IR-150

Microlife IR-150 претставува иновативна инфраред технологија која овозможува мерење на температурата во увото за 1 секунда. Има опсег на мерење од 0 до 100 степени Целзиусови, што значи дека инструментот може да се употребува за мерење на телесната температура, но и површинската температура на одредени предмети.

Microlife WS-80

Microlife WS-80 претставува нова електрична вага Ви овозможува да ја процените вашата телесна тежина. Има капацитет од 150 килограми искажана прецизно во грама

Microlife MT 800

Microlife МТ 800 е дигитален термометар кој овозможува брзо, лесно и удобдно мерење
• Мерењето трае 10 секунди
• Флексибилна точка на мерење
• Аларм за висока температура
• 100% водоотпорен

Microlife BP W1 Basic

Microlife W1 Basic е автоматско мерило за крвен притисок на дланката. Содржи ЛЕД индикатори за позиционирање, кои му помагаат на лицето да ја најде правилната положба на дланката за прецизно мерење на крвниот притисок.

Microlife MT 550

Microlife MT 550 e дигитален термометар за мерење на телесна температура. Содржи повеќе опции за мерење, односно орално, пазувно и ректално.

Microlife BP N2 Easy

Вашиот нов Microlife апарат за мерење на крвен притисок е доверлив инструмент за мерења на надлактицата. Едноставен за употреба, точен и силно се препорачува за следење на вашиот крвен притисок во вашиот дом

Microlife BP W2 Slim

Вашиот нов Microlife апарат за мерење на крвен притисок е сигурен медицински инструмент за мерење на крвниот притисок кај зглобот. Едноставен за употреба, точен и посебно се препорачува за следење на крвниот притисок во Вашиот дом.

Microlife MT 3001

Microlife MT 3001 e дигитален термометар за мерење на телесната температура. Мери во целзиусови и фаренхајтови степени и има повеќе опции за мерење, односно орално, пазувно или ректално.

Microlife IB BP A2

Microlife IB-BP A2 Basic овозможува удобно и прецизно мерење на крвниот притисок на надлактицата во Вашиот дом. Мониторот на овој инструмент разликува 30 различни вредности на мерење и е опремен со PAD технологија, која овозможува рано пронаоѓање на срцеви аритмии.

Microlife Oxymeter Oxy 200

Овој пулсен оксиметар на Microlife е преносен неинвазивен уред наменет за проверка на кислород , заситеноста на артерискиот хемоглобин (Sp02) и стапката на пулсот кај возрасни и педијатриски лица.

Microlife MT 410

Овој дигитален антимикробен медицински термометар обезбедува прецизно читање на опсегот на температурата на човечкото тело. Во исто време, ја намалува микробната флора и ја минимизира дисперзијата на заразни микроорганизми, обезбедувајќи голема безбедност за корисникот. Методи на мерење/ Нормална телесна температура: Во устата (орално)/ 35.5 – 37.5 °C Поставете го термометарот во еден од двата џеба под јазикот, на левата или десната страна од коренот на јазикот. Сензорот за мерење „ мора да има добар контакт со ткивото. Затворете ја устата и рамномерно дишете низ носот за да се спречи вдишениот / издишениот воздух да влијае на мерењето. Приближно време на мерење: 10 секунди! Во анусот (ректално) / 36.6 – 38.0 °C Ова е најверодостојниот метод за мерење, и е посебно погоден за новороденчиња и мали деца. Внимателно ставете го сензорот за мерење „ од топломерот 2 до 3 см во аналниот отвор. Приближно време на мерење: 10 секунди!
Во пазувата (пазувно) / 34.7 – 37.3 °C За добивање на поверодостојни резултати препорачуваме да ја мерите температурата орално или ректално.

Microlife BP B1 Classic апарат за мерење притисок

BP B1 Classic е прецизен апарат за мерење на крвен притисок со Gentle+ технологија која е одличен избор за мерења на крвниот притисок во домашни услови. Освен тоа, дополнително содржи и опција за откривање на неправилно чукање на срцето (IHB) за рани предупредувања за можни срцеви неправилности како и меморија со податоци и просечен приказ на последните 30 вредности на крвниот притисок и прикажување на средната вредност на сите складирани отчитувања. Оваа напредна технологија ја зголемува удобноста при мерење на крвниот притисок дома, со вообичаената прецизност на Microlife – на тој начин пациентите со хипертензија постојано се чувствуваат добро згрижени.