НАШАТА ПРИКАЗНА

Ние сме модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот. Нашите почетоци не беа ниту лесни, ниту едноставни, но горди сме на секој чекор и на секој успех и предизвик. 

9 декември 2000
Основање на ЕУРО-ФАРМ
Tatjana Sterjeva
Водена од стремежот да остави белег на македонскиот фармацевтски пазар веледрогеријата посветено работи на спроведување на иновативни, рентабилни и одржливи практики, јакнејќи ја притоа својата позиција и бизнис перформанси.
2006
Застапништво за Microlife и Dr Wolz
Microlife - глобалниот лидер на пазарот за производство и развој на медицинска дијагностичка опрема и Dr Wolz врвен германски специјалист во производството на препарати за имунолошкиот систем станаа дел од семејството на Еурофарм.
2008
Првата ISO-сертификација

Со воспоставувањето на системот за управување со квалитет ЕУРО-ФАРМ се обврза на професионално и квалитетно опслужување на барањата и потребите на своите клиенти и соработници.

2011
Застапништво за Fysioline Ice Power
Fysioline е светски реномиран производител на фармацевтски производи, ортопедски помагала и опрема за фитнес и рехабилитација, којшто ја претставува револуционерната палета на производи ICE POWER.
2013
Застапништво за Isomar
Coswell преку својата палета на производи Isomar овозможува делотворна заштита од настинки, инфекции, воспаленија, респираторни алергии, синуситис, ринитис, иритации, печење и чешање на очите, кои се јавуваат како резултат на штетното влијание на бројни алергени, патогени, вируси, бактерии, прашина, чад, полен и сл.
2017
Раѓањето на Aqua Massage

Aqua Massage, првиот специјализиран ексклузивен салон за аква масажа во земјава, во којшто се остварува сонот за совршена масажа, значи реализирање на посветеноста и истрајноста светскиот квалитет да се донесе на македонскиот пазар.

2018
Застапништво за Jamieson
Jamieson е прогласен за бренд за витамини и минерали со најголема доверба во Канада, оттука неговото присуство во Македонија за нас беше задолжително.
2019
Отворање на Еурофарм претставништво во Албанија

Започнува со работа првотот претставништво во соседна Албанија, кадешто застапува реномирани фармацевтски брендови.

2020
Генерален спонзор на РК Еурофарм Пелистер

Како верен пријател на ракометот и спортот, компанијата станува генерален спонзор на РК Еурофарм Пелистер од Битола.

2021
Реализирани три нови застапништва во работењето на веледрогеријата.
Реализирано застапништво за шведскиот бренд за бебешка опрема Twistshake, потоа со италијанската фармацевтска компанија Damor како една од најцелосно сертифицираните фабрики за лекови во Италија, и HerbElixa од Република Србија, приватна компанија која произведува диететски суплементи на бази на лековити растенија.
2022
Застапништво за ADL Pharmaceutical
ADL Pharmaceutical е основана во 2012 година, во Милано, Република Италија. Основна производна линија на компанијата се додатоците во исхраната (витамини, минерали, суплементи), медицински средства и козметички препарати.

Станете дел од нашиот тим!

Бараме енергични, проактивни и високо мотивирани личности, кои покрај личните, поседуваат и професионални цели кои би сакале да ги остварат во нашата компанија.
Изгради ја својата кариера во Еурофарм!