Coswell

ISOMAR – Најчистата морска вода од Медитеранот

Од 1986 година тим на искусни фармацевти, хемичари и козметолози создаваат висококвалитетни и иновативни производи, комбинирајќи го најчистото, најбогатото и најдоброто од природата во 16 различни палети на производи со логото на EURITALIA, којашто од 2008 година е дел од групацијата COSWELL.

Водена од грижата за здравјето, професионализмот и иновативноста, примарна цел на компанијата се задоволните клиенти и здравите пациенти насекаде низ светот.

Користејќи ги благодетите на бактериски најчистата и минералошки најбогатата морска вода од Медитеранот (регионот на Чинкве Тере) COSWELL ги пласира производите ISOMAR коишто со својот избалансиран состав нудат лесно и брзо одржување на секојдневната хигиена на носот, ушите, устата и очите.

Широкиот спектар на производи овозможува делотворна заштита од настинки, инфекции, воспаленија, респираторни алергии, синуситис, ринитис, иритации, печење и чешање на очите, кои се јавуваат како резултат на штетното влијание на бројни алергени, патогени, вируси, бактерии, прашина, чад, полен и сл.

Избор на продукти

Fave di Fuca HydraLax

Fave di Fuca HydraLax (кесички со прашок) го има истиот ефект како и таблетите, со таа разлика што инертниот полимер макрогол, во контакт со вода, набабрува, ја стимулира перисталтиката (движењата на цревата), што резултира со целосно празнење на содржината на столицата. Fave di Fuca HydraLax кесичките се особено наменети за случаите на хроничен запек, кој се јавува при неправилна работа на цревата, резултат на начинот на исхрана, примената на определени лекови, но и кај возрасни луѓе, над 65 години старост. Fave di Fuca HydraLax сирупот може да го употребуваат и деца, над 2 годишна возраст.

Fave di Fuca Classico

Fave di Fuca Classico, таблетите, се додаток во исхраната на природна основа, каде главните активни соединенија потекнуваат од добро познатите лаксативни растенија: сена, каскара и франгула, кои делуваат моќно лаксативно. Fave di Fuca Classico, таблетите се збогатени и со природни екстракти со емолиентно и смирувачко дејство (малва и алтеа), и е соодветна и за најделикатните состојби на цревата. Екстрактите содржани во Fave di Fuca Classico делуваат на ребаланс на физиолошкото празнење на цревата, во случај на повремен запек. Празнењето на цревата настапува за неколку часа, целосно се празнат црева, без појава на грчеви, болки, или други непријатности. Fave di Fuca Classico се употребува по потреба, најдобро навечер, за да празнењето настапи изутрината.

RAPIDENT® ПАСТА СО ПРИРОДНА АЛОЕ ВЕРА И КАМИЛИЦА

Темелно чистење на импланти со адхезивна паста. Ефективноста и времетраењето на адхезивната јачина може да варираат во зависност од личните физички карактеристики (саливацијата, оралната анатомија, општото здравје и возраста).

RAPIDENT® паста и таблети за орална хигиена.

RAPIDENT® ТАБЛЕТИТЕ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ИМПЛАНТИ И ПРОТЕЗИ. 

ISOMAR NOSE & EARS DAILY HYGIENE SPRAY

ISOMAR – Најчистата морска вода од Медитеранот

Од 1986 година тим на искусни фармацевти, хемичари и козметолози создаваат висококвалитетни и иновативни производи, комбинирајќи го најчистото, најбогатото и најдоброто од природата во 16 различни палети на производи со логото на EURITALIA, којашто од 2008 година е дел од групацијата COSWELL.

Водена од грижата за здравјето, професионализмот и иновативноста, примарна цел на компанијата се задоволните клиенти и здравите пациенти насекаде низ светот.

Користејќи ги благодетите на бактериски најчистата и минералошки најбогатата морска вода од Медитеранот (регионот на Чинкве Тере) COSWELL ги пласира производите ISOMAR коишто со својот избалансиран состав нудат лесно и брзо одржување на секојдневната хигиена на носот, ушите, устата и очите.

Широкиот спектар на производи овозможува делотворна заштита од настинки, инфекции, воспаленија, респираторни алергии, синуситис, ринитис, иритации, печење и чешање на очите, кои се јавуваат како резултат на штетното влијание на бројни алергени, патогени, вируси, бактерии, прашина, чад, полен и сл.

ISOMAR NOSE & EYES DAILY HYGIENE VIALS

ISOMAR NOSE & EYES DAILY HYGIENE VIALS изотоничните вијали се ефикасен производ наменет за секојдневна хигиена на носот и очите кај бебиња, деца и возрасни.

Благодарение на природниот состав и внимателно избраниот дизајн ISOMAR изотоничните вијали се лесни за употреба при дневно прочистување на носот или миење на очите.

Во секое пакување се наоѓаат по 24 вијали за повеќекратна употреба.

ISOMAR NOSE BABY SPRAY NO GAS

ISOMAR изотоничниот бебе спреј за нос е проверен и сигурен препарат којшто користејќи ја делотворноста на морската вода помага во одржувањето на хигиената на носот и намалувањето на штетното влијание на бројни алергени, патогени, вируси, бактерии, прашина, чад, полен и сл.

Секојдневната употреба на ISOMAR NOSE BABY SPRAY NO GAS ја навлажнува носната слузокожа, притоа не создавајќи зависност и контраиндикации, што овозможува истиот да се употребува неколку пати во текот на денот, како кај бебиња од 6 месеци, па нагоре, така и кај возрасни.

ISOMAR изотоничниот бебе спреј за нос може да се користи за повеќе од 400 вшприцувања.

ISOMAR NOSE DECONGESTANT SPRAY

ISOMAR NOSE DECONGESTANT SPRAY е хипертоничен раствор на чиста морска вода којшто помага за ефикасна природна деконгестија на носното ткиво и ослободување од прекумерниот секрет во носот по пат на осмоза.

ISOMAR деконгестивниот спреј темелно чистејќи ги носните празнини ја навлажнува носната слузокожа и ги намалува отоците во горните дишни патишта што придонесува за олеснето дишење при настинки, ринитис, синуситис и алергии.

Спрејот е наменет за возрасни и деца над 1 година при третман не подолг од 2 недели.

ISOMAR NOSE ALLERGY SPRAY

ISOMAR NOSE ALLERGY SPRAY е докажано и проверено решение во справувањето со респираторните алергии кај деца и возрасни.

Благодарение на богатиот природен состав спрејот ја смирува и навлажнува иритираната носна слузокожа, што помага во ублажувањето и отстранувањето на симптомите на алергиски ринитис.

Притоа делотворноста на ISOMAR спрејот за алергии е резултат на внимателно избраната комбинација на:

– Прочистена изотонична морска вода (0,9% натриум хлорид) којашто помага во чистењето на носната празнина;

– Бета-глукани, природни квасни супстанци со имуностимулативни својства, кои ги спречуваат сушењето и појавата на црвенило на носната слузокожа;

– Алое вера и црн слез задолжени за создавање на тенок заштитен слој, којшто го оневозможува контактот на алергените со надворешната средина;

– Етерично масло од евкалиптус кое делува антисептично и противвоспалително, давајќи чувство на свежина во горните дишни патишта.

ISOMAR OCCHI SINGLE DOSE EYE DROPS

Единечните дози на ISOMAR капките за очи се практичен производ дизајниран за лесна, едноставна и брза употреба. Наменети за навлажнување и смирување на бројни воспаленија, иритации, црвенила, печење и чешање на очите, ISOMAR OCCHI SINGLE DOSE EYE DROPS не содржат бензалкониум хлорид и се погодни за употреба кај деца и возрасни.

Секое пакување содржи 15 единечни дози на ISOMAR капките за очи за еднократна употреба.

ISOMAR NOSE DECONGESTANT VIALS

ISOMAR деконгестивните вијали за нос се делотворен производ којшто помага во третманот на носната конгестија при настинки и алергии.

Хипертоничната морска вода не ја оштетува носната слузокожа и не создава зависност што ги прави вијалите погодни за возрасни, деца и бебиња од 6 месеци, па нагоре.

Секое пакување на ISOMAR NOSE DECONGESTANT VIALS се состои од 18 стерилни вијали за третман не подолг од 2 недели.

ISOMAR NASAL ASPIRATOR

ISOMAR NASAL ASPIRATOR е практичен производ создаден за дренажа на слузокожните секрети, коишто го опструираат бебешкиот нос, со што се попречува правилното дишење.

ISOMAR аспираторот за нос безбедно и лесно ги отвора носните празнини, овозможувајќи поголема ефикасност на терапијата со аеросоли.

Пакувањето се состои од 4 антибактериски филтри, коишто поставени на крајот на цевчето за аспирација, ја намалуваат потребата од менување на истото после секоја употреба.

ISOMAR OCCHI MULTIDOSE EYE DROPS

ISOMAR OCCHI MULTIDOSE EYE DROPS капките за очи се делотворен производ којшто свежината на морската вода ја користи за смирување, навлажнување и освежување на очите.

Корисни при црвенила, иритации, печење, чешање и воспаленија на очите, предизвикани од надворешни влијанија како ветар, сончева светлина, прашина, чад, полен, соленост, суво опкружување (клима уреди), продолжен престој пред екран, како и употреба на контактни леќи, ISOMAR капките за очи благодарение на навлажнувачкото антибактериско дејство на хијалуронската киселина и хипромелозата даваат продолжено пријатно на свежина и олеснување.

ISOMAR OCCHI MULTIDOSE EYE DROPS капките за очи не содржат бензалкониум хлорид и се безбедни за користење при употреба на контактни леќи.

ISOMAR OCCHI PLUS EYE DROPS

Иновативната формула на ISOMAR PLUS капките за очи нуди нов пристап во третманот на суви очи, печење и иритација.

Сплотувајќи го најдоброто од природата ISOMAR OCCHI PLUS EYE DROPS помагаат во ублажувањето и ослободувањето од симптомите на суви очи на 5 различни начини:

– Осмопротективно– Благодарение на внимателно развиениот (Isoeye Plus) комплекс капките ја навлажнуваат и заштитуваат рожницата, помагајќи во враќањето на природната осмотска рамнотежа;

– Рехидрирачки- Активирајќи ја делотворноста на хипотоничната морска вода се поттикнува подобра осмотска апсорпција и прочистување на очите;

– Навлажнувачки- Комбинацијата на хијалуронска киселина и хипромелоза го намалува испарувањето на солзниот филм;

– Освежувачки- Богатиот природен состав овозможува чувство на продолжена свежина и олеснување;

– Смирувачки– Екстрактите од син цвет и невен ги ублажуваат црвенилото и иритацијата.

ISOMAR PLUS капките за очи не содржат бензалкониум хлорид.

ISOMAR ДЕКОНГЕСТИВЕН СПРЕЈ СО ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

Настинките, алергискиот ринитис се многу чести заболувања кои предизвикуваат умор при дишењето и затворен нос. ISOMAR Деконгестивен Спреј со хијалуронска киселина е хипертоничен раствор базиран на морска вода и хијалуронска киселина специјално дизајниран да постигне деконгестивно дејство на носните мукозни мембрани.