Twistshake

Twistshake

Целта на Twistshake е да развива продукти кои се едноставни и безбедни за користење, а сепак имаат привлечен дизајн. Нашите дизајнери секогаш бараат начин да ја комбинираат практичноста со дизајн кој што е допадлив. Имаме освоено неколку награди за дизајн и функционалност, кои за нас претставуваат потврда дека развиваме безбедни, функционални и привлечни продукти.

Бебињата се единствени. Тие имаат свои индивидуални потреби кои се менуваат со истата брзина со која бебињата растат и се развиваат. Кога детето се соочува со нови предизвици, ние сакаме да сме таму да му помогнеме со нашата линија на иновативни и безбедни производи.

Да се произведуваат продукти за бебиња е задача со огромна одговорност. Ние гарантираме дека произведуваме продукти кои се со апсолутно највисок квалитет. Овој менталитет преовладува не само во производствениот процес: тоа е каменот-темелник на целокупниот бизнис на Twistshake.

Избор на продукти

Twistshake Шише против колики 180ml

Twistshake Шише против колики 260ml

Twistshake Шише против колики 330ml

Twistshake шишето за бебиња е совршено да се комбинира со редовно доење. Секое шише користи практичен сад за прашок, како и мрежичка за мешање. Единствениот систем наречен TwistFlow активно спречува колики и овозможува рамномерно течење. Шишето има широк врат, со што е лесно за чистење. Исто така, дизајнот овозможува лесно држење и задржување на топлина.

Детали
Без BPA, BPS и BPF, безбедни и за вас и за вашето бебе.
PP – пластика – произведено од премиум, висококвалитетен полипропилен 
Цуцла – произведена од силикон, големина S (за 0+ месеци (180 ml), за 2+ месеци (260 ml),за 4+ месеци (330 ml)
Мрежичка за мешање – активно ги раствора грутките
Валва против колики – Уникатен Twistshake систем што ги намалува коликите
Паметен сад – подгответе го вашиот оброк дома и зачувајте го во практичниот сад. Садовите можат да се редат еден врз друг.
екстра широк врат – широкиот врат ги олеснува и повторните полнења, но и чистењето
Ергономичен дизајн – лесен за држење, и за родителот и за детето 

Twistshake Стаклено шише против колики

Twistshake шишето е направено од стакло издржливо на високи температури, што значи дека може да се загрева во микробранова печка или загревач за шишиња, да се чисти во машина за миење на садови и да се стерилизира на висока температура. Бидете во тек со растот на Вашето дете со шест различни стапки на проток. Користете само Twistshake цуцли со Вашето Twistshake шише. Поради хигиенски причини препорачуваме да ја заменувате цуцлата секои два месеци.

Twistshake Цуцла против колики 0+m/2+m/4+m/6+m

За природен премин од доење кон хранење со шише.
Дизајнот на Twistshake цуцлата многу потсетува на реалноста. Сличноста со дојката на мајката, го прави преминот од доење кон хранење со шише да биде многу лесен и безбеден. Флексибилниот врв потсетува на брадавицата на мајката и на тој начин го задржува бебешкото природно однесување при хранење. Анти-количката валва ги спречува коликите кај бебето и овозможува рамномерно течење. Долниот дел од цуцлата е мек и во овална форма.

Детали

Без BPA, BPS и BPF, безбедни и за Вас и за Вашето бебе.
Анти-колична валва – обезбедува Вашето дете удобно да ужива во неговиот или нејзиниот оброк, спречувајќи го вишокот на воздух да влезе во чувствителниот бебешки стомак
2 х силиконска цуцла – произведена од мек силикон со висок премиум квалитет
Големини на отвор – изберете од нашите големини: XS (0+m), S (0+m), M (2+m), L (4+m) or Plus (6+m)

Twistshake Мини чашка 4+m 230ml

Twistshake мини чашката е совршен чекор за детето кое учи да пие. Мекото клунче кое не протекува го поддржува активниот животен стил на децата. Рачката што е лесна за држење им дозволува на вашите малечки да играат без да направат неред.
Лесно отстранете го силиконското капаче и чашката ќе има слободен проток.
Миксерот за овошје е револуционерна, иновација пред-патентирање што им овозможува подеднакво на децата и родителите да создаваат неверојатни пијалоци. Измешајте ги вашите омилени овошја со вода и протресете за да создадете вкусна, здрава, вода со природно овошје.
Детали
Без BPA, BPS и BPF, безбедни и за Вас и за Вашето бебе.
Миксер за овошје – измешајте го Вашето омилено овошје со вода, протресете и уживајте во фантастичните вкусови кои се впиени во вашиот пијалок.
Здраво и вкусно!
Некапечко клунче – за Вашето дете да може да остане активно без да прави неред
Ергономичен дизајн – лесно и удобно за држење дури и при енергични игри
Екстра широк врат – нашиот паметен дизајн ги олеснува и повторните полнења, но и чистењето
Соодветно за деца над 4 месеци
PP и TPE пластика – произведено од премум материјал

Twistshake Чашка за деца 12+m 360ml

Twistshake чашката е за користење во комбинација со бебешкото шише. Некапечкото клунче го поддржува активниот животен стил на децата.
Лесно отстранете го силиконското капаче и чашката ќе има слободен проток.
Миксерот за овошје е револуционерна, иновација пред-патентирање што им овозможува подеднакво  на децата и родителите да создаваат неверојатни пијалоци. Измешајте ги Вашите омилени овошја со вода и протресете за да создадете вкусна, здрава, вода со природно овошје.
Детали
Без BPA, BPS и BPF, безбедни и за Вас и за Вашето бебе.
Миксер за овошје – измешајте го Вашето омилено овошје со вода, протресете и уживајте во фантастичните вкусови кои се впиени во Вашиот пијалок.
Здраво и вкусно!
Некапечко клунче – совршено за поголеми деца
Екстра широк врат – нашиот паметен дизајн ги олеснува и повторните полнења, но и чистењето
Соодветно за деца над12 месеци
PP и TPE пластика – произведено од премум материјал

Twistshake Чашка со сламка 6+m 360ml

Twistshake чашката со цевка е совршено решение кога поголемите деца започнуваат со пиење. Таа е некапечка и лесна за користење и доаѓа заедно со уникатно капаче на влечење. Чашката е еднакво лесна и за користење и за расклопување кога е време за чистење.
Компатибилна е со Twistshake шишињата. Цевката е прилагодена да одговара и за детската чашка.

Детали
:
Силиконската цевка е мека и е заштитена со хигиенското капаче
Доаѓа заедно со некапечки отвор
Лесно се отвора и затвора со влечење
Одговара за деца за и над 12 месеци
Може да се чисти со машинско миење на садови – поставете ја во горниот дел
Собира до 360 ml
Без BPA – безбедни за Вашето дете и за Вас

Twistshake 2x Лажалка 0-6m/6+m

Twistshake цуцлата е развиена да го смири Вашето дете со својот совршено адаптиран штит. Четирите отвори за воздух ја чуваат бебешката кожа и превенираат појава на иритација. Twistshake супер-меката силиконска цуцла е омилена на секое бебе а нејзината ортодонтска форма овозможува правилен развој на забите. Twistshake цуцлите се без BPA, BPS и BPF.

Детали
:
6+ месеци
супер-мек силикон
Четирите отвори за воздух ја чуваат бебешката кожа
Изберете од 6-те достапни бои
Ортодонтска цуцла
Без BPA, BPS и BPF – безбедни за Вашето дете и за Вас
1.Twistshake цуцла
Цуцлата е дизајнирана специјално да одговара на потребите на Вашето дете
2. Адаптиран штит
Ја чува бебешката кожа благодарение на нејзините четири, големи отвори за воздух и совршено адаптирана форма
3. Супер-мек силкон
Внимателно избран силикон, нежен и удобен за Вашето бебе
4. Лесна за употреба
Совршено дизајнирано тело, лесно за држење и фаќање

Twistshake Клип-трака за цуцла лажалка

Не ја губете вашата цуцла со паметната клип-трака на Twistshake!

Twistshake Шише топло-студено 420ml

Twistshake Топло или студено изолираното шише со капацитет од 420 ml е изработено од квалитетен не’рѓосувачки челик. Тенкиот дизајн е совршен за Вашите Twistshake пијалоци и за Вашата бебешка торба. Сочувајте ги Вашите пијалоци топли или студени до 10 часа, благодарение на нашиот дизајн на двојниот ѕид од не’рѓосувачки челик. Шишето е заштитено од супер-мек гумен слој што совршено одговара на Вашите раце. Широкиот отвор овозможува лесно претурање. Исперете го Вашето Топло или студено шише пред првата употреба. Промешајте и избришете го капакот после миење, бидејќи може да се насобере вода во него. Не го ставајте во замрзнувач или микро-бранова печка.

Детали
:
Без BPA, BPS и BPF – безбедни за Вашето дете и за Вас
Големина – 420 ml капацитет. Внатрешната димензија на шишето изнесува околу 5см.
Користење и чување – Шишето и капачето треба да се мијат рачно со нежно средство за миење.
Топло или ладно
1. Широк отвор
Со помош на широкиот отвор на Twistshake Топло или студено шишето е многу лесно да се претура.
2. Топли пијалоци
Ги чува Вашите пијалоци топли и до 10 часа.
3. Студени пијалоци
Додадете мраз во Вашиот пијалак за да биде студен подолго!

Twistshake Плитка чинија 6+m

Новата серија на Twistshake чинии е развиена за да го направи времето за хранење поудобно и посреќно искуство. Паметното нелизгачко дно го оневозможува лизгањето на чинијата од масата. Паметниот капак, што е вклучен во сите чинии, лесно ја трансформира чинијата во кутија за ручек погодна за патување или за чување на храна. Две или повеќе чинии може да се редат една над друга благодарение на функцијата Twistclick, со што зафаќаат помалку простор. Формата на сите чинии е развиена за совршено да одговара на серијата на Twistshake приборот за јадење.

Детали
:
Без BPA, BPS и BPF – безбедни за Вашето дете и за Вас
Нелизгачка – ја спречува чинијата од лизгање по масата
Плитка чинија – за останатата прекрасна храна што постои
Чинија од PP i TPE – пластика – произведена од премиум материјали
Twistclick- Со паметниот капак, можете да ги редите Вашите чинии една врз друга при патување или за чување на храна
Се користи и во микробранова печка и се пере во машина за садови – поставете ја во горниот дел
Одговара за деца од и над 6 месеци
Подлогата на клик – лесно прикачете ја чинијата со само еден клик. Паметната подлога се лепи на масата, и со тоа е скоро невозможно чинијата да се одлепи
Нашите модели
Twistshake чиниите доаѓаат во три модели. Длабока чинија, совршена за каши и друга течна храна. Чинија со прегради кога вкусната храна не треба да се меша. Плитка чинија за останатиот вид на вкусна храна.

Twistshake Длабока чинија 6+m

Новата серија на Twistshake чинии е развиена за да го направи времето за хранење поудобно и посреќно искуство. Паметното нелизгачко дно го оневозможува лизгањето на чинијата од масата. Паметниот капак, што е вклучен во сите чинии, лесно ја трансформира чинијата во кутија за ручек погодна за патување или за чување на храна. Две или повеќе чинии може да се редат една над друга благодарение на функцијата Twistclick, со што зафаќаат помалку простор. Формата на сите чинии е развиена за совршено да одговара на серијата на Twistshake приборот за јадење. За целосно оптимално искуство со хранењето, потребна ви е подлогата на клик.

Детали
:
Без BPA, BPS и BPF – безбедни за Вашето дете и за Вас
Нелизгачка – ја спречува чинијата од лизгање по масата
Длабока чинија – совршена за каши и друг тип на течна храна
Чинија од PP i TPE – пластика – произведена од премиум материјали
Twistclick- Со паметниот капак, можете да ги редите Вашите чинии една врз друга при патување или за чување на храна
Се користи и во микробранова печка и се пере во машина за садови – поставете ја во горниот дел
Одговара за деца од и над 6 месеци
Подлогата на клик – лесно прикачете ја чинијата со само еден клик. Паметната подлога се лепи на масата, и со тоа е скоро невозможно чинијата да се одлепи

Twistshake Преградена чинија 6+m

Новата серија на Twistshake чинии е развиена за да го направи времето за хранење поудобно и посреќно искуство. Паметното нелизгачко дно го оневозможува лизгањето на чинијата од масата. Паметниот капак, што е вклучен во сите чинии, лесно ја трансформира чинијата во кутија за ручек погодна за патување или за чување на храна. Две или повеќе чинии може да се редат една над друга благодарение на функцијата Twistclick, со што зафаќаат помалку простор. Формата на сите чинии е развиена за совршено да одговара на серијата на Twistshake приборот за јадење. За целосно оптимално искуство со хранењето потребна ви е подлогата на клик.

Детали
:
Без BPA, BPS и BPF – безбедни за Вашето дете и за Вас
Нелизгачка – ја спречува чинијата од лизгање по масата
Преградна чинија – за храната што не треба да се меша
Чинија од PP и TPE – пластика – произведена од премиум материјали
Twistclick- Со паметниот капак, можете да ги редите Вашите чинии една врз друга при патување или за чување на храна
Се користи и во микробранова печка и се пере во машина за садови – поставете ја во горниот дел
Одговара за деца од и над 6 месеци
Подлогата на клик – лесно прикачете ја чинијата со само еден клик. Паметната подлога се лепи на масата, и со тоа е скоро невозможно чинијата да се одлепи

Twistshake 3x лажичка за хранење 4+m

Twistshake закривената лажица за хранење е развиена за совршено да одговара за јадење од теглички и длабоки чинии. Нашиот нежен на допир финиш е мек и ергономичен, така што Вашето бебе може добро и мирно и да ја држи лажичката. Долгата рачка обезбедува лесен и уреден пристап до бебешката тегличка. Лажичката за хранење може лесно да се чисти и е погодна за машинско миење. Совршено одговара со останатата Twistshake линија на прибор за јадење.
Детали:
Без BPA, BPS и BPF – безбедни за Вашето дете и за Вас
Нежна на допир – мека и ергономична површина за подобро држење
Закривена лажица – лесен пристап до бебешките теглички со храна или длабоките чинии
Одговара за деца од и над 4 месеци
Погодна за машинско миење – ставете ја во горниот дел
Премиум материјал – PP и TPE – пластика

Twistshake 2x сет од лажички за хранење 4+m

Twistshake закривената лажица за хранење е идеална за учење и совршено прилагодена на нашите чинии. Изработена е од мек материјал кој што е нежен со лицето и непцето на бебето. Нашиот нежен на допир финиш е мек и ергономичен, така што Вашето бебе може добро и мирно да ја држи лажичката. Лажичката за хранење може лесно да се чисти и е погодна за машинско миење. Совршено одговара со останатата Twistshake линија на прибор за јадење.

Детали:
Без BPA, BPS и BPF – безбедни за Вашето дете и за Вас
Нежна на допир – мека и ергономична површина за подобро држење
Два модели – За различните фази од животот на Вашето дете
Права лажичка – Лесно ја црпи храната
Одговара за бебиња од и над 4 месеци
Погодна за машинско миење – ставете ја во горниот дел
Премиум материјал – PP и TPE – пластика

Twistshake Прибор за јадење

Нож со безбедно сечило за сечење, лажица дизајнирана за големина на залак на мало дете и вилушка со нежни боцки. Мека површина на допир, нелизгачка рачка со ергономски обликуван дизајн која лежи стабилно во раката на бебето и го поттикнува учењето.

Twistshake Прибор за јадење од нерѓосувачки челик за 12м+

Прибор за учење на самостојно хранење нерѓосувачки челик 12+ Нож со безбедно сечило за сечење, лажица дизајнирана за големина на залак на мало дете и вилушка со нежни боцки направени од нерѓосувачки челик. Мека површина на допир, нелизгачка рачка со ергономски обликуван дизајн која лежи стабилно во раката на бебето и го поттикнува учењето. ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШЕТО ДЕТЕ! Секогаш користете го овој производ под надзор на возрасен. Проверете ги пред секоја употреба и фрлете ги на првите знаци на оштетување или слабост. Не дозволувајте детето да оди или да трча со лажица. Секогаш проверувајте ја температурата на храната пред хранење. Исчистете ги пред секоја употреба во топла вода и благ детергент. Безбедни се за миење во машина за садови во горната решетка. НЕ ги ставајте во микробранова печка. Не ги чувајте или оставајте на директна сончева светлина или во близина на извор на топлина. Не ги ставајте во загреана рерна. Боите на храната може да ги обојат компонентите. Во согласност со EN 14372.

Twistshake 2x Лигавче 4+m

Twistshake лигавчето е изработено од мека и удобна пластика и има длабок џеб кој ја собира храната што паѓа од устата на бебето. Лигавчето е изработено од издржлив материјал што е гаранција дека тоа ќе ја задржи својата форма и нема да дозволи храната да се истури. Лентата за врат е прилагодлива така што може да ги задоволи потребите на Вашето дете. Лигавчето има прилагодена големина, а тоа спречува да се заглави под масата.

Детали
Без BPA, BPS и BPF – безбедни за Вашето дете и за Вас
Тоа е екстра лесно и едноставно е да се одржува чисто
Длабок џеб кој ја собира храната
Прилагодлив прицврстувач кон големината на Вашето бебе
Одговара за деца од и над 4 месеци
Погодна за машинско миење – ставете ја во горниот дел
Премиум материјал – PP и TPE – пластика
Twistshake лигавчето во сите наши прекрасни пастелни бои.

Twistshake Глодалка 1м+

Им помага на бебињата при растење на забите. Дизајн лесен за употреба. Пред употреба, внимателно прочитајте го упатството. Чувајте го ова упатство бидејќи содржи важни информации. ПРЕДУПРЕДУВАЊА! Не закачувајте ленти или жици на глодалката, Вашето дете може да биде задавено од нив. Внимателно проверете ја пред секоја употреба. Фрлете ја при појава на првите знаци на оштетување. Не ставајте слатки супстанции или лекови на глодалката, може да предизвика расипување на забите. Во случај глодалката да се заглави во устата, НЕ ПАНИЧЕТЕ, не може да се проголта. Внимателно и нежно звадете ја од устата на бебето. Препорачуваме да се замени по 12 месеци употреба. Не ставајте ја во замрзнувач, само изладете ја во фрижидер. Не ставајте ја во машина за миење садови, може да се оштети. Не чистете ја со растворувачи или груби хемикалии. Прекумерната концентрација на детергенти може да предизвика пукање на пластичните компоненти. Доколку се случи ова, веднаш заменете ја. Не оставајте ја глодалката на директна сончева светлина или топлина. НИКОГАШ НЕ СТЕРИЛИЗИРАЈТЕ ЈА И НЕ ЈА ЗОВРИВАЈТЕ. Пред првата, и после секоја употреба исчистете ја, со употреба на топла вода со сапуница и исплакнете темелно. Во согласност со EN 71.

Twistshake Глодалка 2+m

Twistshake глодалката за ладење непца изработена од мек материјал и е со рапава површина, која што ги масира непцата. Специјалниот материјал за ладење го стимулира развојот на забите, а стигнува дури до катниците.
Да се чува во фрижидер пред употреба.

Детали
Без BPA, BPS и BPF – безбедни за Вашето дете и за Вас
Рапава површина, која што ги масира непцата
Ладење на непцата, помага во развојот на бебето
Екстра лесно и едноставно е да се одржува чисто
Одговара за деца од и над 2 месеци
Погодна за машинско миење – ставете ја во горниот дел
Премиум материјал – PP и TPE – пластика

Twistshake Подлога и чинија на клик

Twistshake Подлогата на клик е произведена за хранењето на Вашето дете да биде поудобно и посреќно искуство. Лесно закачете ја чинијата со само еден клик. Подлогата на клик се лепи на масата или на тацната, со што е речиси невозможно да се придвижи. Одговара на сите Twistshake чинии и шишенца.

Детали
Без BPA, BPS и BPF – Безбедни за Вашето дете и за Вас
Подлога на клик – Достапна во 2 големини. Прицврстете ја Вашата омилена чинија и подлогата се лепи на масата.
Премиум материјал – Изработка од силикон
Изберете ја Вашата чинија – Одговара на сите Twistshake модели, одберете го Вашиот фаворит
Одговара за деца од и над 6 месеци
Погодна за машинско миење – ставете ја во горниот дел
ВНИМАНИЕ! Подлогата да не се става во микробранова печка.

Twistshake Сад за складирање храна 1 700ml

Twistshake садот за складирање е совршен простор за чување на прашкастата храна на Вашето дете. Производот има хигиенски дизајн со херметички затворен капак што лесно се отвара со само еден клик. Внатре во кутијата е вклучена лажичка и „паметен раб“ што го олеснува добивањето на точната количина храна за Вашето бебе. Многу е важно да ги следите препорачаните упатства за хранење за секој бренд. Користењето повеќе или помалку прашок отколку што е наведено или ќе доведе до дехидрираност или ќе го лиши Вашето бебе од правилна исхрана. Вклучената лажица е со зафатнина од 9,4 ml / 0,32 oz (приближно 4,5 грама прашок).

Детали
Без BPA, BPS и BPF – Безбедни за Вашето дете и за Вас
Практична големина – Зафатнина од 1700ml/57oz
Лесен за отворање, со само еден клик
Паметна дршка – Вашата лажица е секогаш блиску до раката
Изработено од Премиум Food Grade AS и ABS пластика.
Хигиенско складирање – совршено за складирање на прашкаста храна.

Twistshake 3x / 5x Вреќичка за кашички 22oml

Twistshake вреќичката за кашички, наполнете ја со домашно подготвена каша или смути. Оставете да се развие Вашата фантазија подготвувајќи вкусна храна за Вашето дете. Twistshake Вреќичката за кашички е совршена за моментите додека сте во движење.

Детали
Без BPA – Безбедни за Вашето дете и за Вас
Пријателска кон околината – Twistshake Вреќичката за кашички е за повеќекратна употреба
Погодна за машинско миење и за чување во фрижидер
Модерен дизајн – Одберете од 8-те прекрасни дизајни
Практична големина – зафатнина од 220 ml

Twistshake Изолиран сад за чување храна 350ml

Twistshake изолиран сад за складирање храна, ја чува храната на Вашето бебе, топла или студена, до 10 часа. Садот за храна е идеален кога сте во движење и содржи лажица што може да се свитка. За максимална термичка функционалност, наполнете го садот до долниот дел на работ.

Детали
Без BPA – Безбедни за Вашето дете и за Вас
Вклучена лажица што се преклопува
Зафатнина од 350 ml / 11oz
Дното против лизгање спречува превртување на производот.
Погоден за деца од 6 месеци и повеќе.
Се препорачува рачно миење.
Лажица што може да се преклопи – Вклучена е лажица од не’рѓосувачки челик што може да се свитка за сите оброци на бебето.
Капак што спречува истурање
Рачка за полесно носење
Изолиран сад од не’рѓосувачки челик ја одржува храната на вашето бебе во топла или ладна состојба до 10 часа.

Twistshake Мини-ќебенце

Од програмата на Twistshake ви ги препорачуваме овие прекрасни плишани мини-ќебенца кои во исто време се и играчка за вашите најмили. Можете да одберете модели со различни видови животни и секако во различни бои.

Twistshake 10x Лигавчиња

Twistshake Лигавче со долги ракави

Кажете збогум на бескрајните пресоблекувања и кажете здраво на сувите бебешки алишта со нашето лигавче со долги ракави. Површината е без ПВЦ и безбедна за околината.

Twistshake комплет за јадење момче/девојче

Одличен избор за подарок! Комплет од неколку производи потребни и корисни за хранење на малите деца. Можете да одберете модел кој е наменет за девојчиња или пак за момчиња, според палетата на бои кои ги имаме на располагање.

Twistshake пакет со шишиња момче/девојче

Комплет од различни модели за шишиња и чаши за пиење. Уште еден одличен предлог за подарок! Го имаме во две варијанти, комплет од шишиња за девојчиња и комплет од шишиња наменет за момчиња.

Twistshake Нокшир

Благодарение на неговите неверојатни карактеристики, Twistshake нокширчето е Вашето оптимално решение за тренингот на нокшир. Не само што има тренди изглед, туку исто така овозможува одредени бенефити кои го прават преминот од пелена на нокширче да биде полесен и едноставен. Нокширчето е така дизајнирано што му овозможува целосен комфор на Вашето малечко. Изработено е од PP и TPE-пластика што е безбедна за децата. Лесно се чисти и е компактно со што може лесно да се пренесува и складира.

Детали

Нелизгачко дно
Лесно се празни и чисти
Ергономичен дизајн

Twistshake Столче

Помогнете им на Вашите малечки да ги дофатат високите места со Twistshake столчето. Ова столче е дизајнирано не само да изгледа убаво, туку и да овозможи безбедност. Столчето има цврста површина за стоење и нелизгачка површина на горниот и долниот дел за да го спречи лизгањето на Вашето дете.
Twistshake столчето е изработено од нетоксични материјали со врвен квалитет, што не содржат BPA ниту PVC. Материјалот користен при производство гарантира дека столот е издржлив, но лесен и едноставен за чистење.

Детали
:
Нелизгачка површина на горниот и долниот дел на столчето
Едноставно за чистење
Издржливо и лесно
Цврста површина за стоење

Twistshake Када

Трансформирајте го бањањето на Вашето бебе со 30 литарската Twistshake када. Една од најдобрите карактеристики е што може да се користи уште од самото раѓање. За да се обезбеди безбедноста на Вашето бебе,кадата е изработена од најквалитетните нетоксични материјали. Кадата има и нелизгачки гумени ногарки и нелизгачка подлога.
Овој производ има практичен дизајн што обезбедува комфор и Ви помага да заштедите простор, без разлика дали сте дома или на пат. Имајте предвид дека не е важно дали Вашето малечко е момче или девојче, кадата секако одговара.

Детали:

Преклоплива
Модерен дизајн
Нелизгачки ногарки
Нелизгачка подлога
30 л.
Унисекс

Twistshake Перниче за во када

Трансформирајте ја бањата на Вашето бебе со помош на комфорот што го нуди Twistshake перничето за бањање. Пловечкото перниче е произведено од мек и пропустлив материјал што гарантира неприкосновена удобност. Покрајкомфорот, Twistshake перничето за бањање овозможува неповторлива функционалост. Доаѓа со три прицврстувачи и со кука со прилагодлива должина. Перничето лесно се суши и така го имате совршениот додаток за бањање. Комбинирајте го перничето со Twistshake кадичката за да му овозможите на Вашето малечко пријатно и безбедно бањање.

Детали
:
меко и удобно перниче за бањање
меш пропустлив материјал
Одговара на Twistshake кадата
Се прицврстува на три места
кука прилагодлива во должина

Twistshake Чаша за полевање

Не дозволувајте недостатокот од вистински додатоци да го уништи бањањето на Вашето малечко.Twistshake чашката за полевање со помош на својот ергономичен дизајн ви помага да ја држите водата подалеку од очињата на Вашето бебе. Чашката лесно се држи, го олеснува полевањето и изгледа неверојатно. Во неа има канали кои го контролираат протокот на водата. Како сите Twistshake производи, така и чашката е создадена имајќи го предвид здравјето на Вашето дете. Таа е произведена од PP материјал што е без ВPA и BPS. Првокласниот материјал овозможувата машинско перење. Кога не се користи, чашката може да се складира висечки или на подлога.

Детали:
Дизајнирани канали кои го контролираат протокот на вода
Може да се пере машински
Лесно се чисти
Може да виси или да е поставена на подлога
Лесно се држи

Twistshake Полица за сушење

Лесна за складирање    Флексибилни држачи    Лесна за чистење

Twistshake Торба за ладење 15 l.

Торбата за ладење има простор за 15 литри храна/пијалоци и тоа во неколку различни прегради. Одлична препорака за вашите подолги патувања во природа или на плажа. Поделеноста во прегради ќе ви овозможи практично редење на состојките кои сакате да ги понесете со вас.

Twistshake Торба за пелени 15l.

Практична и стилизирана торба за пелени што совршено се прикачува за Вашата количка. Опремена со отворени, но и со оддели затворени со патент Ви овозможува лесен пристап и едноставно складирање на пелените, шишињата на бебето и ужинките. Вклучена е и подлога за пресоблекување! 

Twistshake Пренослива подлога за пресоблекување

Лесно сменете му ја пелената на Вашето бебе каде и да сте, со помош на преносливата подлога за пресоблекување на Twistshake. Различните оддели се наменети за складирање на пелените а мекото перниче му нуди удобност на Вашето дете за време на менувањето на пелени.

Twistshake Стерилизатор на пареа

Природна стерилизација со пареа:
Стерилизаторот користи природна пареа за стерилизација на бебешките шишиња и други производи, елиминирајќи 99,97% од штетните бактерии и филтрирајќи ги честичките од прашина без употреба на хемикалии. Совршено Ви дава мир дека сите ваши бебешки шишиња и други производи се стерилни.

Контролна табла на допир: 
Дигитален LED дисплеј што ги прикажува функциите и работното време. Инсталиран е интелигентен чип, лесно се допираат копчињата.

Држач за шишиња:
Кога ја користите функцијата за сушење, држачите за шишиња со кружен агол помагаат да се пренесе топол воздух на сите страни, што ќе направи се комплетно суво.

Одржување на топлината:
Ја одржува топлината до 12 часа. По стерилизирање и сушење, машината преминува во режим на внатрешна циркулација. Воздухот внатре се одржува чист и топол за да се избегне повторна контаминација.

HEPA-филтер:
Прочистува и штити од штетни бактерии, прашина и PM2,5 честички.

Дизајн против сушење:
 Опремен со напреден термостат, напојувањето ќе се исклучи автоматски за да започне процедурата за заштита откако температурата на грејниот елемент ќе ја надмине поставената вредност.

Twistshake Хепа филтер

Интелигентниот ХЕПА филтер елиминира 99,97% од штетните бактерии. Прочистува и штити од штетни бактерии, прашина и PM2,5 честички.

Twistshake Коцки за ладење х 5

долготрајни; тенок дизајн; за повеќекратна употреба Коцките за ладење имаат тенок дизајн кој совршено се вклопува во сите видови торби за оброци, торби за намирници и ладни торби. Користете неколку заедно за постигување на дополнителна моќност за ладење. Коцките за ладење ќе ви помогнат да ја одржите храната и пијалоците разладени кога немате пристап до фрижидер. Само ставете ги во замрзнувачот неколку часа по што тие цврсто ќе се замрзнат и се подготвени за повторна употреба.

Twistshake Процесор за храна

Опис на производот
Кујнскиот производ од брендот Twistshake не е само паметен повеќенаменски апарат, туку е и најдобриот кујнски пријател на секој родител.Нашиот кујнски робот е совршена алатка која брзо ќе ги замени сите други алатки во кујната.Со овој уред може да се постигне се што сакате кога се работи за подготвувањето на храна за Вашите деца и семејството. 

Кои други предности можете да ги посакате од повеќенаменскиот апарат?
Едноставен е за ракување
Едноставен за чистење
Можете да подготвите различни јадења во исто време!
Едноставно се нагодува одредена и постојана температура за секоја цел
Едноставно се меша, загрева, постави на пареа и стерилизира храна и прибор
Дозволете кујнскиот робот да ги заврши сите работи за Вас, а Вие и Вашите деца во меѓувреме правете нешто друго.
Внимателно прочитајте го упатството за употреба.

Готвење на пареа-гответе ја на пареа својата храна по избор, како што е овошјето, зеленчукот, месо и друго.
Подгревање-загревајте го шишето со мајчино млеко или млечната дохрана или некој друг остаток на потребната температура пред послужување. Може да се употребува дури и за одмрзнување.
Топлинска функција-шишињата и храна за бебиња се одржуваат топли при одредена температура на одредено време.
Мешање-измешајте ги своите омилени состојки и свежа кашичка или вкусно смути.
Стерилизирање-ги одржува шишињата, цуцлите или лажалките чисти или хигиенски.
Чисти-функција за самочистење на целиот уред.

Twistshake Tour

Опис на производот

Twistshake Tour е количка од шведско производство, лансирана во мај 2020 година. Овој модел на количка не само што е лесен и компактен, туку исто така ви го олеснува животот благодарение на компатибилноста и неколкуте дополнителни предмети како што е наменскиот држач за чаши/шишиња Twistshake или држач за телефон . Освен тоа, количката Twistshake Tour има пространо седиште кое лесно се прилагодува а може да биде и во сосема рамна положба што е погодна за бебиња кои сè уште не седат сами. Секое тркало има индивидуален федер/амортизер за подобро справување со сите нерамнини или препреки на урбаните тротоари како и прилагодлива рачка за управување и настрешница као голем штитник од сонце и други временски услови.