Sopharma Pharmaceutical

SOPHARMA, една од најголемите, најуспешните и најреномираните фармацевтски компании во Бугарија, со богата и широка производна програма од над 170 производи, претставува значаен чинител во фармацевтската индустрија.

Насочена кон усовршување на добрите производни практики, SOPHARMA создава ефикасни, квалитетни, проверени, сигурни и достапни палети на ОТЦ лекови, додатоци во исхраната, медицинска козметика и други фармацевтски производи.

88 години искуство и традиција, 300 know-how технологии и патенти, мноштво меѓународни награди и признанија, бројни задоволни клиенти и пациенти се доказ за успехот на SOPHARMA.

Избор на продукти

TRIBESTAN

Трибестанот е ефикасен природен и растителен препарат за случаи со проблеми поврзани со функционалноста на гениталниот систем, намалено либидо, еректилна дисфункција, нарушена хормонална рамнотежа, зголемен холестерол итн. за зголемен сексуален нагон и повисоки нивоа на тестостерон што го подобрува либидото кај мажите и жените. Многу истражувања го издвојуваат Трибестан како еден од најдобрите производи на пазарот благодарение на неговите природни состојки, напредната формула и традицијата во производството.

CARSIL

Карсил филм-обложените таблети се сигурен, ефикасен и потврден медицински препарат на база на силимарин, кој има активна улога во регулирањето на работата на црниот дроб.

Создаден како делотворно решение за заштита од негативното влијание на алкохолот, лековите, вирусните инфекции и индустриските загадувачи, Карсил помага за побрзо обновување и закрепнување на оштетените клетки на црниот дроб.