Brand Italia
Комбинирајќи искуство, традиција, ентузијазам, иновативност и квалитет, IDEE INNOVATIVE како творец на BRAND ITALIA 25 години посветено ги остварува желбите и барањата на милиони клиенти ширум светот во борбата со здодевните комарци и инсекти.
Производите на BRAND ITALIА се резултат на иновативни, одржливи решенија коишто ги следат моменталните трендови како при изборот на материјали, така и во практичниот и прилагодлив дизајн, нудејќи удобност, заштита и сигурност.
Следејќи ги стандардите за квалитет на Американската агенција за заштита на животната средина (EPA) и Директивите на Европската унија за безбедност и здравствена заштита, компанијата создава дерматолошки и клинички проверени производи со пријатен мирис на етерични масла и практични и делотворни
Избор на продукти
Арника лепенки против болка во мускулите и зглобовите
Индивидуални и практични фластери кои содржат природни активни состојки за терапија на болка. Ги ублажуваат болките во мускулите и зглобовите, контрактурите, спортските и други повреди. Тие ја ублажуваат напнатоста, уморните мускули и грчевите од различно ревматско и спортско потекло. Специјалната технологија на лепенките обезбедува 24-часовна акција. БЕЗ БОИ И КОНЗЕРВАТИВИ, НЕ ОСТАВА МАСНИ ТРАГИ
PidocciGO шампон против вошки
Ефикасен шампон за третман на паразити на скалпот
Против ларви и возрасна форма на вошки
– PidocciGO е ефикасен производ за лекување на паразитоза на скалпот. Има одлична активност против јајца и нимфи/ возрасни вошки и може да го убие ембрионот содржан во заштитната обвивка на јајцата (гнидите). Благодарение на сурфактантите присутни во формулата, овој шампон е многу нежен и не толку агресивен на скалпот.
PiddochiGo ЕЛЕКТРИЧЕН ЧЕШЕЛ ЗА ВОШКИ
Електричен чешел кој преку неговото механичко дејство ги отстранува вошките со нивно електрифицирање. Не содржи пестициди или хемикалии.
Употреба:
– Уредот се употребува исклучиво на сува коса
– Пред употреба, расчешлајте ја косата
– Лизнете го ON/OFF копчето напред и ќе слушнете високи звуци што е индикација дека уредот работи
– Поставете го чешелот на 45 до 90 степени агол од скалпот и движете нежно низ косата
BRACELET JUSTICE LEAGUE
BRACELET MAGIC KIDS
BRACELET MAGIC KIDS алките против комарци за деца се нов, безбеден и проверен производ со природен мирис на етерични масла, пријатни за децата, а непријатни за комарците и инсектите.
Ослободувајќи миризба во период од 180 часа алките се безбедни за детската кожа и истите делуваат како ефективна заштита без разлика дали децата се наоѓаат на отворено, во затворени простории или пак во вода.
Ролон за после убод од инсекти
BRACELET JUSTICE LEAGUE
BRACELET JUSTICE LEAGUE алките против комарци се новитет на македонскиот пазар, којшто овозможува лесна и ефикасна заштита од комарци и инсекти во текот на 180 часа.
Со пријатен мирис на етерични масла и практичен и прилагодлив дизајн алките се делотворно решение, без оглед дали се носат на отворено, во затворени простории или пак во вода.
Модерните клипови со ознаките на бројни супер-херои ги прават алките привлечни како за децата, така и за возрасните.
SACKS MOSQUITO AWAY
Кесите против комарци SACKS MOSQUITO AWAY се ефикасен производ составен од природни материјали чијшто пријатен мирис на етерични масла ги одбива дури и тигрестите комарци.
Со формула за постепено ослободување на миризбата кесите се лесни за користење, не барајќи електрична поддршка за нивна употреба, ниту пак вентилација по истата.
Во секое пакување се наоѓаат по 2 практично запечатени кесички, коишто може да се користат во отворени и затворени простории и до 14 дена по отворањето.
BRACELET MOSQUITO AWAY KIDS
Алките против комарци за деца BRACELET MOSQUITO AWAY KIDS се одлично решение за здодевните комарци и инсекти. Со потврдено дејство од 240 часа, во бројни истражувања на еминентни меѓународни универзитети, алките нудат ефективна заштита дури и од тигрести и тропски комарци и инсекти.
Лесно прилагодливи на детските раце BRACELET MOSQUITO AWAY KIDS алките се делотворни и кога децата се наоѓаат во отворени и затворени простории, и при контакт со вода.
MOSQUITO TROPICAL СПРЕЈ ЗА ДЕЦА
Ефикасен, практичен и природен спреј против комарци и други инсекти наменет за деца. Смирувачка формулација особено погодна за деца. Ја прави мека чувствителната детска кожа. Содржи комбинација на етерични масла со мирис непријатен за инсектите. Содржи масло од Cymbopogon Nardus, масло од нане, масло од лист од рузмарин, гераниол, масло од лаванда, линалол, цитронелол, еугенол, Д-лимонен, цитрал, фарнесол, масло од лист од каранфилче, изоеугенол.
PATCHES MOSQUITO AWAY
PATCHES MOSQUITO AWAY лепенките против комарци и инсекти се практично решение за проблемите со несаканите убоди од инсекти и ефикасна заштита за бебиња и деца.
Новата подобрена формула ги прави лепенките водоотпорни, лесно прилагодливи и погодни за аплицирање на облека, детски креветчиња, колички и каква било цврста површина.
Пакувањето содржи 12 лепенки, а секоја од нив постепено ослободува природен и пријатен мирис на етерични масла во текот на 48 часа.
RASTY® КЛИП СО ЦИТРОНЕЛА
Практичен клип со миризба на есенцијални масла кои се непријатни за несаканите инсекти. Наменет е и за деца и за возрасни. Неговата употреба е лесна и едноставна. Клипот можете да го поставите на повеќе места по вач избор и онаму каде што ќе ви биде најкорисен. Така на пример можете да го поставите на бебешката количка, на облека, во бебешкото креветче, на кревет, на торба или пак на некој друг избран предмет. Наменет е само за надворешна употреба. Од активни состојки содржи масло од цитронела.
MOSQUITO TROPICAL СПРЕЈ
Практичен и ефикасен спреј против комарци и други инсекти во шише кое не е под притисок. Произведен по уникатната формула на Brand Italia, дерматолишки тестиран и содржи цитронела, билно масло од Азија кое има дополнителен заштитен фактор.
ЕЛАСТИЧНИ СТЕГАЧИ ПРОТИВ ВОШКИ
Еластични стегачи за коса против вошки, погодни за машки и женски деца. Спречува и заштитува од инфекции и не содржи пестициди во својот состав. Произведено со есенцијални и етерични природни масла, како лаванда, еукалиптус, каранфилчиња и рузмарин. Хипоалергенски и дерматолошки тестиран. Микроџебовите на стегачите по отварањето постепено ги испуштаат маслава во косата, умртвувајќи ги вошките во косата.
PIDOCCHIGO® СПРЕЈ ПРОТИВ ВОШКИ
PidocchiGO® е козметички заштитен спреј создаден од комбинација на природни растителни екстракти и есенцијални масла за заштита на косата и скалпот кај возрасни и деца. Тој е збогатен со прополис и хијалуронска киселина. Лесен е за нанесување, безмасен, брзо се суши оставајќи пријатен мирис и создава средина неповолна за опстанок на вошките. Линијата PidocciGO®, дизајнирана од Brand Italia® е идеална за целото семејство и природно штити. Распрскајте на сува коса секое утро, особено за време на периоди на голема наезда.
Нанесете рамномерно, не бара испирање или сушење. Обрнете особено внимание на тилот на вратот и зад ушите, откако ќе ја тргнете косата настрана. Не го употребувајте производот доколку сте алергични на било која од составните компоненти. Само за надворешна употреба. Да се чува надвор од дофат на деца.
Стегачи за акупунктура за возрасни / за деца
Како да ја идентификувате точката: свртете ја дланката нагоре и забележете ја позицијата на горната бразда на зглобот. Потоа, ставете ги трите средни прсти од другата рака врз зглобот. Неи-Куан точката ќе биде под показалецот, помеѓу двете централни тетиви. Поставете го копчето над Неи-Куан точката. Повторете го процесот за другиот зглоб. Се препорачува носење по еден стегач на секој зглоб за поголема ефикасност. Во случај на патување, стегачите за акупунктура може да се носат пред или откако ќе започнете да патувате. Ако се стават кога ќе започне патувањето, ќе треба да почекате помеѓу две и пет минути за да бидат ефикасни.
Уште поефикасно е ако со прст го притиснете пластичното копче. Стегачите за акупунктура се трикотажни, еластични и аналергични зглобни ленти, кои работат со примена на притисок врз точката на акупунктура Неи-Куан на секој зглоб со помош на пластично копче.
Бидејќи производот е медицинско помагало, а не лек, нема контраиндикации и не предизвикува никакви несакани ефекти поврзани со вообичаените лекови и затоа може да го носат и возрасни и деца.
Упатство за употреба: Стегачите за акупунктура се погодни за ублажување на симптомите на гадење и повраќање. Гадењето може да биде предизвикано при: патување, бременост или пост-оперативно (при анестезија)
Типологија и содржина на производот: секоја кутија содржи 2 стегачи за акупунктура направени со аналергична ткаенина. Состав: 85% полиестер, 15% еластин (еластично синтетичко влакно). Упатства: Стегачите за акупунктура мора да се употребуваат само како што е наведено погоре. Во случај на гадење или повраќање поради сериозни медицински состојби, контактирајте го Вашиот лекар. Стегачите за акупунктура ги намалуваат симптомите, не делуваат терапевтски. Нивната ефективност може да варира во зависност од индивидуалните карактеристики и условите на животната средина. Да се чува подалеку од дофат на деца: постои ризик да отпадне пластичното копче и да го проголтаат. Во случај на несакани ефекти, како што се иритација на кожата, болка или воспаление од стегачот, извадете го и консултирајте се со лекар.
Алка против комарци и инсекти Hello Kitty and friends
Лепенки за после убод од инсект
– Инстантно олеснување
– Го ублажуваат чешањето
– Без амонијак и алкохол
– Со природни состојки
Лепенките за после убод од инсект од Brand Italia® со природен екстракт од невен и зантален, го ублажуваат чувството на чешање предизвикано од надворешни агенси, создаваат заштитна бариера, спречуваат триење на кожата и ја штитат погодената област од понатамошна иритација.
Лифтинг лепенки за контури околу очи
Спреј – лосион против комарци и инсекти БИОЛОШКА ФОРМУЛА
Природна заштита
Содржи микс од есенцијални масла и состојки од биолошко потекло. Сертифициран квалитет. Навлажнувачки лосион за кожа со фини есенцијални масла и растителни екстракти. Неговиот мирис е непријатен за инсектите.
Хидрогел маска со филер и лифтинг ефект VIPER VENOM
Хидрогел маска за контурите околу очите GLACIAL ALPS WATER
Иновативен производ за деконгестивен третман и третман против стареењето на кожата предизвикано од загадувањето на воздухот наменет за пределот на контурата околу очите. Специјален хидрогел кој содржи концентрат од активни состојки кои нудат повеќекратни придобивки: Водата од Италијанските Алпи обезбедува влажност и свежина, ја оживува кожата и ја подобрува нејзината еластичност; Хијалуронската киселина, со три различни молекуларни тежини, создава навлажнувачки филм кој ја зачувува еластичноста на кожата; Pronalen Bio Protect, комплекс од природни активни состојки кои се спротивставуваат на ефектите од стареењето на кожата предизвикани од загадувањето на воздухот; Витаминот Е е антиоксиданс и го спречува стареењето на кожата.
Маската е микро-перфорирана, со што не се спречува потењето и размената на температурата на кожата, што го засилува ефектот на крио гелот. Нема потреба од плакнење. Маската е практична и лесна за употреба бидејќи нејзината анатомска форма се вклопува на секаков тип на лице.