ADL Pharmaceutical

ADL Farmaceutici е основана во 2012 година, во Милано, Република Италија. Основна производна линија на компанијата се додатоците во исхраната (витамини, минерали, суплементи), медицински средства и козметички препарати. Денес, фармацевтската компанија ADL Farmaceutici, е препознаена по исклучително високиот квалитет на своите производи, базиран на најновите истражувања, согласно најсовремените технолошки иновативни решенија. Фармацевтските производи на ADL Farmaceutici се карактеризираат со обезбедена максимална ефикасност, толерабилност и безбедност за пациентите. Мисијата на ADL Farmaceutici е во насока на допринесување на благосостојбата на пациентите преку развој и маркетинг на додатоци на исхраната, медицинска козметика и медицински средства. Производното портфолио на ADL Farmaceutici содржи производи од областите на гинекологијата, андрологијата, урологијата, респираторните заболувања, педијатријата, гастроентерологијата, дерматологијата….

Избор на продукти

Stopreflu®

Stopreflu® е медицинско средство (раствор за перорална употреба), кој ги комбинира заштитното дејство на гастро-езофагеалната мукоза со смирувачкото дејство, а кое нуди и олеснување во случај на симптоми поврзани со гастро-езофагеален рефлукс (ГЕРБ). Stopreflu® е корисен и за контрола на микросредината на слузницата. Обединувајќи три исклучително ефикасни компоненти во себе, Stopreflu® е индициран за адјувантен третман на симптоми поврзани со гастроезофагеален рефлукс како што се: пироза, епигастрична болка, киселинска регургитација, иритативна кашлица, дисфонија. Пакувањето на Stopreflu® содржи 20 кесички за еднократна употреба, од по 10 ml

Olinorm вагиналети

Olinorm вагиналетите се медицинско средство кое помага во одржување на вагиналното здравје и го олеснува обновувањето на вагиналната флора; Специфичната формула базирана на хијалуронска и млечна киселина помага да се елиминираат симптомите што резултираат со нерамнотежа на хидратација и/или вагинална pH вредност. Olinorm вагиналетите се употребуваат во превенција и третман на неспецифична сувост на вагината, како и во случај на атрофичен вагинитис. Адјуванс во случај на иритација, печење и чешање на вагината, како и при воспалителни и заразни вагинални заболувања. Olinorm вагиналетите се индицирани кај жени во репродуктивна возраст, во менопауза, како и во перименопауза.

Calcevolit-додаток во исхрана со Калиум, Магнезиум и Phyllanthus niruri

Calcevolit е додаток во исхрана базиран на калиум, магнезиум и Phyllanthus niruri корисен во случаи на зголемена потреба и/или намален внес на овие хранливи материи во исхраната. Phyllanthus ја поддржува функционалноста на уринарниот систем. Calcevolit ги разложува (растворува) постоечките калкулуси (песок и камен во сите органи на уринарниот систем), оневозможува создавање на нови калкулуси, го подобрува елиминирањето на течности преку урината, со што полесно ќе го отстранат песокот, односно распаднатите камчиња, ги олеснува грчевите и болките на мочните патишта. Calcevolit е наменет за лицата со уролитијаза, за елиминирање на калкулусите од уринарниот тракт, при прекумерно создавање на кристали во уринарниот систем, како и за превенција на повторното создавање на камен, после негово отстранување од уринарниот тракт. Дополнително, Calcevolit го намалува и воспалителниот процес во уринарниот тракт. Се препорачува да се земаат 2 кесички дневно, 1 наутро и 1 навечер, растворени во чаша вода. Состав: малтодекстрин; калиум цитрат; магнезиум цитрат; E.S.Phyllanthus tit.15% во танини (Phyllanthus niruri L. – herba); арома; Регулатор на киселост: лимонска киселина; Средство против стврднување: силициум диоксид; Засладувач: сукралоза. НЕ СОДРЖИ глутен и лактоза.