
FYSIOLINE е светски реномиран производител на фармацевтски производи, ортопедски помагала и опрема за фитнес и рехабилитација, којшто ја претставува револуционерната палета на производи ICE POWER.
Носејќи ја свежината од северот, ICE POWER е оригинална, проверена, сигурна и едноставна ладна терапија за болки и воспаленија во мускулите и зглобовите, достапна во над 50 држави низ светот.
Со богат природен состав, брз ефект и продолжена делотворност ICE POWER производите ги смируваат воспаленијата, ги намалуваат и спречуваат отоците, ја подобруваат циркулацијата на крвта, притоа ефикасно отстранувајќи ја болката кај возрасни, деца, бремени жени и доилки. Како прва помош при спортски повреди, ладната терапија ја зголемува подвижноста на зглобовите, ги опушта мускулите, забрзувајќи го процесот на нивно опоравување.
ICE POWER палетата на производи е клинички тестирана, а нејзината делотворност е потврдена во бројни научни студии.
ICE POWER COLD CREAM за масажа, со ефект на ладење и обезболување на местото на болката или повредата. Наменета е за терапија на болки при вкочанетост во вратот, рамениот предел, половината- односно, при сите состохби на вкочанетост, истегнување, спортски повреди (вклучително и вкочанетост од * промаја*).
Кремата се нанесува со блага масажа, дејството (ефектот на ладење, односно обезболување) настапува за помалку од 5 минути а трае неколку часа. После нанесување, ICE POWER COLD CREAM кремата, не остава маслен филм на кожата, односно за кратко време целосно се ресорбира.
ICE POWER COLD GEL е оригинален, проверен и сигурен ладен гел којшто помага за брзо и ефикасно отстранување на болката и воспаленијата.
Благодарение на ладниот ефект од природниот состав богат со ментол, етанол и етерични масла се намалува температурата на површината на кожата за 5 до 7 степени што овозможува смалување на отоците, ослободување на мускулната напнатост и забрзување на процесот на опоравување од повреди.
ICE POWER COLD GEL е безбеден и за долготрајна употреба кај деца, бремени жени, доилки и возрасни лица при истегнувања, изместувања, спортски повреди, модринки, болки во вратот, рамениот појас, грбот и крстот, ревматски болки, болки при растење, мускулни тегоби, артрози, рахитис и скршеници.
ICE POWER COLD SPRAY е ефективна прва помош при повредите на мекото ткиво, како изместување, истегнување и рептура на мускулите и лигаментите, како и при помали изгореници.
Дејството на ICE POWER COLD SPRAY започнува веднаш и трае околу 15 минути, за потоа третманот да продолжи со ICE POWER COLD GEL.
ICE POWER ARTHRO CREME е специјален ладен крем којшто проверено и ефикасно помага при проблеми со зглобовите, намалувајќи ги болката, воспаленијата и отоците на истите, но зголемувајќи ја нивната подвижност.
Делувајќи при различни болки во зглобовите, ефектот на ладење на ICE POWER ARTHRO CREME е проследен со делотворност на глукозамин, хондроитин и MSM, коишто се особено важни за одржување на функционалноста на зглобовите.
ICE POWER PLUS ладниот гел дополнет со MSM (Methylsulfonylmethane) преку намалување на температурата на меките ткива, чувствителноста на периферните нерви и мускулната напнатост, придонесува за брзо и делотворно смалување и ослободување на болката, воспаленијата и отоците на мускулите и зглобовите.
Наменет за употреба при продолжена болка, прекумерен физички напор, притисок и тегоби во мускулите, како и при третман на зглобовите од артритис, артроза и теносиновитис ICE POWER PLUS не се препорачува за деца и бремени жени.
ICE POWER HOT WARM GEL е делотворен топол гел којшто загревајќи и опуштајќи ги мускулите и подобрувајќи ја циркулацијата помага при нарушувања на периферната циркулација, разни видови на болки, напнатости и воспаленија. Топлиот гел е одличен производ за спортистите, превенирајќи истегнувања на мускулите и кинење на лигаментите.
ICE POWER HOT WARM GEL се нанесува со масажа и го загрева третираното место до еден час.
Коментирајте