Еурофарм на Третата балканска педијатриска школа

Третата балканска педијатриска школа со меѓународно учесто се одржа од 26-28 октомври 2022 година, во хотелот „Double Tree by Hilton“ Скопје. Научната програма, чиј содржински фокус беше поставен на темата „Ковид-19 и пост Ковид-19 кај деца“, понуди одлична можност за споделување сознанија од професионалната пракса во изминатите две пандемиски години и за размена на искуства помеѓу истражувачите и практичарите. Интегрален дел од претстојната Трета балканска педијатриска школа со меѓународно учество, беше и можноста за презентација на компании кои работат во сферата на фармација, педијатрија и др. сродни области. Еурофарм и стручниот тим на Еурофарм беа дел од ова случување на кое имаше излагања на теми како што се Неонатологија со артефицијална интелигенција, Ретки болести, Пулмологија со алергологија, Неврологија, Имунизација – Успех или разочарување во период на Ковид-19 пандемија.

Leave a Reply