Детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр“ во организација на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола, годинава одбележа 42 години постоење и уметничко творештво. Еурофарм е горд спонзор и поддржувач на оваа манифестација која што придонесува за развивање на детското ликовно творештво и за афирмација на земјава на меѓународната уметничка сцена. Со доделување на награди за најдобрите учесници заврши 42. издание на светски познатата детска ликовна на која годинава твореа над 80 учесници, млади уметници од 15 држави од целиот свет.
Еурофарм го почитува и го поздравува повеќе деценискиот ентузијазам на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола, кое стои зад организацијата на „Мал битолски Монмартр“, и им го честита 55-от јубилеен роденден со желби за уште многу успеси и убави предизвици.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: јуни 8, 2023
- Tags: општествена одговорност