Продолжува соработка помеѓу ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола и Приватна здравствена установа – аптека ЕУРОФАРМ Битола, заради приближување на праксата и теоријата за учениците во средно стручно образование, здравствена струка, профил фармацетвски техничар. Со ваквата соработка продолжуваме да работиме на унапредување на знаењето на учениците од средно стручно образование. Преку конкретни предлози допринесуваме за унапредување на системот на едукација за учениците кои по завршувањето на средното стручно образование ќе поседуваат вештини и компетенции доволни за работа и вработување.
Со заеднички развој и предлози ќе работиме и на унапредување на практичната настава на предметите од областа на стручно образование – здравствена струка.
Овој вид на соработка ни овозможува унапредување на постоечките методи на образование со воведување на учење преку работа, презентирање на практични проблеми, решенија, предизвици и можности со практична настава во реални услови како и организирање, предавања и работа за учениците од училиштето.
Приватна здравствена установа – аптека ЕУРОФАРМ Битола, ќе обезбеди стручни лица кои со своето искуство ќе придонесат за зголемување на практичното знаење и вештини, како и други теми од интерес за учениците. Практичната примена на знаењата од страна на истакнати стручњаци ќе се врши во просториите на Приватна здравствена установа – аптека ЕУРОФАРМ Битола. На сите идни фармацевти им посакуваме успешно школување и стекнување на нови знаења низ едукативниот процес.

- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: март 17, 2022
- Tags: општествена одговорност