Од 28.09. до 02.10 во Охрид се одржа 7-от Конгрес на Дерматовенеролози на
Македонија со учество на голем број научни и стручни лица од нашата земја но
и со гости од повеќе земји. Конгресот беше одлична прилика да се разговара и
да се презентираат новите тераписки и дијагностички бисери, што е ново во
дерматологијата, дерматолошката онкологија, понатаму КОВИД и
дерматовенерологијата, сексуално преносливите болести како и одржување на
Форум на млади дерматовенеролози.
Стручниот тим на Еурофарм беше дел од овој когрес, а на нашиот промотивен
штанд имавме прилика да ги промовираме нашите производи од реномираните
компании како Cantabria Labs, Damor, Jamieson, SM Pharamceutical.