Во организација на агенцијата Марили, на јубилејната манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2026“ беа наградени вкупно 30 успешни жени од земјава. Сопственичката и генерален менаџер на Еурофарм ДООЕЛ м-р спец. фарм. Татјана Стерјева беше прогласена за една од најуспешните Жени менаџери на годината и ја прими статуетката „Жена водилка“, признание што се доделува за исклучителни резултати, лидерство и придонес во развојот на бизнисот и општеството. Наградата е олицетворение на долгогодишно, континуирано, успешно менаџирање и траен придонес кон македонската економија.
Ваквите признанија од деловната заедница се потврда за нејзината професионална посветеност, лидерство и континуиран придонес во развојот на фармацевтскиот сектор. Воедно, признанието ја истакнува и нејзината активна поддршка на женското претприемништво и економското јакнење на заедницата.
,, Ова признание го доживувам како доказ за видливоста на успешните жени, а видливоста е клучна за рушење на стереотипите и за инспирирање нови генерации. Преку промоција на позитивни примери, манифестацијата ја зајакнува самодовербата кај жените, покажувајќи дека успехот е достижен и дека жената е рамноправен носител на економскиот и општествениот развој,, – истакна Стејева.
Настанот обедини влијателни жени од различни области, кои со својата работа оставаат значаен белег и претставуваат пример за професионалност, визија и посветеност.
Пишете ни