Во периодот од 23 до 30 септември се одржа Европската недела на спортот 2026, иницијатива на Европската комисија, организирана од Министерството за спорт, насочена кон подигнување на свеста за важноста на физичката активност и нејзиното позитивно влијание врз здравјето и квалитетот на животот.
Еурофарм ДООЕЛ и Еурофарм аптеки дадоа поддршка на оваа иницијатива, придонесувајќи кон ширењето на пораката за значењето на редовното движење, спортот и грижата за сопственото здравје.
Во рамки на Европската недела на спортот, во повеќе општини низ државата се реализираа најразлични спортски, рекреативни и физички активности, наменети за граѓани од сите возрасни категории. Преку овие активности се поттикнуваше поголема вклученост во физичката активност и создавање здрави навики кои имаат позитивен ефект врз физичката и менталната благосостојба.
Европската недела на спортот е дел од кампањата #БидиАктивен, која и оваа година ја истакнува важноста на спортот и движењето како достапни можности за секого, независно од возраста, способностите и физичката подготвеност.
За Еурофарм, поддршката на ваквите иницијативи претставува продолжување на посветеноста кон промовирање здрав начин на живот, подигнување на јавната свест и поттикнување на превенцијата како важен дел од грижата за здравјето.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: октомври 22, 2026
- Tags: општествена одговорност
Пишете ни





