„Фармацевтот и вештачката интелигенција – конкуренција или партнерство?“

На 8-миот Конгрес на фармацијата во Северна Македонија со меѓународно учество, Еурофарм зборуваше за една од најактуелните теми: „Фармацевтот и вештачката интелигенција – конкуренција или партнерство?“ Ја отворивме токму оваа тема – како технологијата и човечката експертиза можат да се надополнуваат и заедно да креираат подобра иднина за фармацијата?. Нашето учество беше заокружено со одржан симпозиум на оваа тема. Каде завршува технологијата а каде започнува улогата на фармацевтот? Дали АI ќе ја промени професијата или ќе ни помогне да бидеме подобри во работата? На симпозиумот, стручни излагања на оваа тема во својата област имаа проф. д-р Маја Симоноска Црцаревска, проф. д-р Зорица Наумовска и доц. д-р Евгенија Михајловска од Факултетот за фармација при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј,, од Скопје. Симпозиумот предизвика огромен интерес кај присутните на Конгресот и отвори голем на прашања чии одговори придонесуваат кон унапредување на професијата фармацевт во соработка со верифицираните алатки на АI. Во текот на целиот работен ден, нашиот промотивен штанд повторно беше место на кое учесниците ги проверуваа своите знаења преку нашите игри во кои директно се натправаруваа со АI.

Leave a Reply