Искуство, традиција, истрајност и посветеност, од 1967 година се впишани зад името KARABINIS MEDICAL, водечкиот грчки, но и истакнат европски производител и дистрибутер на медицински потрошен материјал, дијагностичка опрема, додатоци во исхраната и производи за заштита и нега на кожа.
Големата продажна мрежа, ексклузивните застапништва на реномирани светски фармацевтски брендови, професионализмот и иновативноста го издвојуваат KARABINIS MEDICAL како потврден и сигурен партнер.
Производната линија на медицински потрошен материјал ALFA-GAUZE со високиот квалитет, големиот избор, практичниот дизајн и прифатливите цени е најдобар доказ за реномето на KARABINIS MEDICAL.