Донација за новороденчињата од општина Центар

Во пресрет на новогодишните празници Општина Центар ја резлизираше последната овогодишна донација за новороденчињата, жители на општината. Еурофарм и овојпат беше дел од компаниите кои дадода свој придонес во донирањето на средства за најмалите и најмилите на кои им посакуваме среќно и безгрижно детство. Градоначалникот на Центар на компаниите им упати огромна благодарност поради тоа што во услови на економска криза останале посветени на грижата и наклонетоста за најмладите. Тој порача дека преку подарувањето на услугите општествено одговорните компании покажуваат висока свест за потребите на своите потрошувачи.

Leave a Reply