И оваа година, на наше огромно задоволство, 10 средношколци од Битола еден училишен ден заменија со работа во аптеките на Еурофарм. Како поддржувачи и на годинашното издание на проектот „Social Day“, им овозможивме на младите да научат како функционираат нашите аптеки и како се работи со задоволни клиенти.
Како и досега, ја препознаваме потребата од дополнително образование на младите и можност да се соочат со работењето во пракса. Со реализација на проектот „Social Day“ препознаваме можност да го дадеме својот придонес за создавање образовани, одговорни и амбициозни млади луѓе кои ќе можат полесно и поуспешно да го трасираат својот иден кариерен развој, како и развој и надградување на нивните вештини.
„Social Day“ е проект на Здружението на граѓани „Младите можат“, ден кога средношколците заменуваат еден ден на училиште со работа во компанија која тие ја бираат и за што заработуваат дневница, која потоа ја донираат за формирање младински фонд за поддршка на младински проекти.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: јуни 6, 2024
- Tags: општествена одговорност