Претставниците на координативното тело за ,, Општествена одговорност на претпријатија,, и ја врачија наградата на м-р спец. Татјана Стерјева, генерален директор на Еурофарм.
Нашата компанија е позитивен пример за општествена одговорност која ги промовира вистинските вредности и наша цел е истите принципи да ги пренесеме на целата заедница. Ја препознаваме важноста и потребата на сопственото влијание кон подобрување на општите социјални услови и со тоа постојано се стремиме да ја прилагодиме нашата стреатешка определба кон корпоративна општествена одговорност во сите свои сегменти, од одговорност кон вработените, деловните партнери, животната средина, одговорноста пред јавниот сектор и заедницата пошироко
,,Водени од идејата и потребата да се биде поблиску до потрошувачите/пациентите, лекарите и фармацевтите, создадовме бесплатен примерок на списание со кое ќе информираме, ќе предлагаме и ќе понудиме совети за здравствени проблеми. Основниот мотив за реализација на овој проект беше создавањето на уште поголема доверба и грижа за здравјето на целото семејство кај нашите сограѓани. Наша подадена рака за ново пријателство и вложување во заедницата преку едукативни соджини напишани од релевантни имиња од светот на медицината понудени во бесплатен примерок на списание достапно за секого.,, – истакна м-р спец. Татјана Стерјева, генерален директор на Еурофарм.
Содржините кои ги нуди „Семејно здравје„ имаат цел да го збогатат секојдневието на консументите, да помогнат секому да го сочува и подобри своето здравје а со самото тоа да го подобри и квалитетот на својот живот и здравите животни навики.
Креирањето и одржувањето на списание кое не се наплатува и е достапно за секого, во денешно време е потег кој подразбира големи вложување и истрајност. Нашата идеја и потреба да бидеме поблиску до секој еден припрадник на заедницата, да се понуди совет за здравје, информација, да се промовираат новитети од светот на медицината, останува да биде нашата основна определба
Проектот „Семејно здравје„ трае веке 13 години во континуитет.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: јули 25, 2024
- Tags: општествена одговорност