Општина Центар продолжува со исплата на еднократна парична помош за новороденчиња. Еднократната парична помош за новите родители кои редовно ги доделува општина Центар се во рамки на проектот на општината за доделување првична помош и поддршка на родителите, жители на Општина Центар. Во Паркот на Франкофонијата градоначалникот Герасимовски на родителите и на најмладите сограѓани во општината им посака добро здравје и среќно и безгрижно детство.
Еурофарм, како општествено одговорна компанија, и овојпат несебично ја поддржа оваа акција и иницијатива на општина Центар, подарувајќи вредносни ваучери за најмалите. На родителите на нашите најмлади сограѓани им посакуваме добро здравје и среќно и безгрижно детство.
- Written by: Eurofarm Communications
- Posted on: септември 16, 2022
- Tags: општествена одговорност